Резервирани се сеедствата. За едно 2 недели ќе ти се вратат на сметка. Друга опција е да го пратиш овој маил на банка и да бараш побрзо да ја откажат резервацијата.
Дечки ставав пари на картичка од банкомат.Ми кажа дека трансакцијата е неуспешна,а само картичката ми ја врати парите не.Секако одма им се јавив ми рекоа утре ќе сределе требале да се избројат парите во банкоматот.Ви се има нешто вакво случено? Инаку ова на НЛБ Тутунска.
Женски, што со провалена картичка и преку нет си правеле трансакции во две странски држави .. Во Стопанска А. Д Битола. Пополнета е рекламација и наплатена сума за услугата.. Дали некој има вакво искуство? Станува збор за голема сума на пари но сеуште се резервирани.
Дали можам на дебитна картичка да влезам во минус? Ми треба пари, а моментално немам. Имам некои редовни примања на картичката, ама не ми е јасно ова како би било. Не сум вработена. Знам дека вработените можат да одст во минус со 2-3 плати. Како е процедурата? Клиент на НЛБ сум.
Здраво да не знае некој овде дали стопанска имаат кеш-ин можност ( Да си ставам сам пари на банкомат, без да чекам на шалтери) ? Ги барав на информации за да ги прашам, но дали поради вирусов или нешто друго, не успеав да ги добијам А не сум запознаен баш со Стопанска какви услуги имаат, бидејќи користам на НЛБ и они ја имаат оваа cash in услуга. Дали имаат нешто вакво Стопанска или ќе мора на шалтер да се чека за да се внесат пари на картица?
Zdravo, denes sakav da proveram sostojbata na kartickata i mi veli nekorekten pin a pinot e taj ne e greska,dali znaete da ne e blokirana kartickata ili nzz ?Utre ke odam sekako do banka no me fati panika.
Ако земаш плата на таа сметка, можеш да побараш да ти дадат минус, ама тоа мора во банка, не го добиваш автоматски. Две просечни плати од последните 6 месеца даваат. Јас сум на Стопанска, не сум видела нешто вакво.
Зависи каков кредит,која сума и каква историја имаш во банка. Доколку аплицираш онлајн пример за потошувачки можеш да добиеш одговор за 1 час. Сега моментално знам дека поради ситуацијата не одобруваат кредити.
Во редовна процедура, потрошувачки кредит ми одобрија за неколку дена, а минус на сметка одма ми пуштија додека бев во филијалата. Сега не знам дали воопшто ги прават овие работи.
Немаш ваква опција на банкоматите на Стопанска. Евентуално ако имаш пари на друга картица (само дебитна) па да си префрлиш од една на друга.
На маж ми за еден саат му одобрија потрошувачки кредит. Ама мораше после тоа да оди во банка и да плати за апликацијата. Барање поднесе преку телефон.
Да, нема врска едното со другото. За минус плата само мора да земаш плата на таа сметка, ништо друго.