1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кредитни и дебитни картички

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од VACA, 7 октомври 2011.

  1. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Општи прашања

    Да,да само тоа .... Си ги даваш само твоите основни податоци кај занимање пишуваш студент,штиклираш кај основна картичка и своерачен потпис.Толку
    За одприлика 10 дена ќе ти е готова.Јас имам дебитна од Комерцијална ама за ништо не ја користам - онака мн.ретко (неможе ни од интернет да купуваш со неа :!: :( ).Мораш баш од таа банка?Земи си од Тутунска и онлине е возможно и плус ако си во странство парите ти се менуваат во валутата на земјата каде што си ... :) .Се надевам ме разбра :D :D :D
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Општи прашања

    Да знам ама мислам дека Комерцијална се најдобри и затоа од кај нив... а освен барањето и лична карта друго не треба? Потврда за редовен студент дали треба оригинал или копија?
     
  3. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Општи прашања

    Не,не трена никаква потврда за редовен студент ... Па баш и дека се најдобри :x гледај и кои поволности ти се нудат со картичката не е само да ја имаш во новчаник.Само со барањето и со лична се вади картичката (барем јас така ги извадив моите 3 картички).
    Али сигурно знаеш дека треба да имаш и отоворено сметка трансакциона во банка и после да го поднесеш барањето за картичка :!: :* :)
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    111
    Феминки знае ли некоја од вас за вадење на девизна од комерцијална дали се наплаќа? и дали треба лична карта ? :)
     
  5. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    девојки дали некој има visa electronic картица каде може да ја користиш во сите земји?а и на неа што ти поминува платата?ме интересира како се работат има поле кредитна состојба тековна состојба и уште нешто ама заборавив што беше че може некој подетално да ми објасне што се разбира?ве молам
     
  6. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Општи прашања

    девојки дали некој има visa electronic картица каде може да ја користиш во сите земји?а и на неа што ти поминува платата?ме интересира како се работат има поле кредитна состојба тековна состојба и уште нешто ама заборавив што беше че може некој подетално да ми објасне што се разбира? ve molam
     
  7. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    За Виза Електрон не сум сигурна може има, ама јас конкретно имам Мастер Кард од Стопанска банка и со неа може исклучиво да се плаќа во странство, значи во било која држава. Пари си уплаќам нормално на трансакциската сметка, а ако сакам во странство да плаќам со картичката парите од трансакциската сметка ми се во валутата во која што плаќам, значи се тоа оди автоматски и јас нема потреба да менувам валути, девизи и што ти јас знам :D Сепак, најдобро ќе биде да си прашаш по банкиве затоа што нудат различни услови, различни типови картички и да си избереш она што тебе најмногу ти одговара ;)
     
  8. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Сите банки имаат свои Виза или Мастер дебитни картички кои се и денарски и девизни истовремено.Односно, средствата кои ти легнуваат на сметката можеш да ги користиш и во земјава и секаде во странство.Распрашај се, можеш веднаш да извадиш ваква картичка, без некои посебни процедури.
    Значи, зборувам за ДЕБИТНА картичка.А кредитните секако можеш да ги користиш и во странство.
     
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.389
    Допаѓања:
    34.213
    Пол:
    Женски
    Јас имам Виза електрон од Тутунска и со сигурност знам дека можеш да ја користиш во странство. Е сега, за кредит не сум сигурна, мислам дека нема, освен дозволен минус ако ти оди платата преку нив.
     
  10. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Да таква е картичката со дозволен минус се распрашав и можав и во странство да вадам во валутата каде што се наоѓам во било која земја а тука платат во наша валута све на све добра е пред тоа обична беше картичката за плата смо вадење оваа сега е нова...
     
  11. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Претпоставувам ова е попогодно место од Општи прашања.
    Дома дискутиравме и на крај не се знаеше кој јаде, кој пие. Еден збори едно, друг трето разбира па затоа тука да си прашам.

    Значи сакам да извадам картичка, меѓутоа не од оние да одам во минус или да имам лимит кој смеам да го потрошам, туку да си ставам да речеме 50 долари и да платам тоа што ми треба. Кога ќе ги потрошам тие, да ставам нови пари и така натаму.
    Кои се овие картички? Да знам како да прашам во банка и што процедура е? :)

    Дома решија кредитна картичка ќе ми ваделе, а како што знам не барам тоа. :^)
     
  12. b.o.n.i

    b.o.n.i Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    1.139
    Ако сакаш да си ставиш пари на катричка и после тие да си ги трошиш тогаш се работи за дебитна картичка, обична трансакциска ќе си побараш во банка. И тоа само ако си полнолетна ќе биде на твое име. А ако не си вработена, и да сакаш кредитна нема да ти дадат :)
     
    На Sephora му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    ^ Да се разбереме,има и дебитни каде што можеш да влагаш у минус, доволен минус на мајка ми е 3 плати.
    Јас немам дозоволен минус ако имам редовен прилив на картичка.
    А да ти кажам кога поднесов барење нит кажав нит ми тека на тоа.
    Ама ете за среќа немам дозвола за минус.
    У билокоја банка си идеш со лична карта и си потишуваш договр за недела,до две ти ја даваат.
    Гледај да е некоја со бесплатна чланарина, со сигурност на виза електрон не се плаќа за другите незнам.
    Само земаат по 10 во некои банки и по 15 денари месечно за уравување во трансакциска сметка.
    Али не е страшно тоа 120 денари годишно му доаѓа.
     
    На Sephora му/ѝ се допаѓа ова.
  14. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.208
    Допаѓања:
    23.989
    За да добиеш дозволен минус, треба да поднесеш барање, па да ти го одобрат, па тогаш би имала можност за одење во минус.
    Со вадење на обична дебитна картичка, без да поднесеш барање за минус, нема да можеш да имаш негативно салдо. (ова важи само во Македонија, затоа внимателно кога вадите картички во странство, таму и со дебитна може и те како да се заглави)
     
  15. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    А принтаат кај нас кастм дизајни на картициве? Треба деновиве да си ја обновам Maestro-то, ама нејќам досадна и сина да биде, туку сакам со некој интересен дизајн. Некој, искуство?

    [​IMG]
     
  16. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    И со дебитна можеш да отидеш во минус, не кој знае колкав минус, ама можеш ;) конкретно, Стопанска банка земаат 20 денари месечно за водење на трансакциска сметка, ама само доколку во месецот работиш со неа, односно ако имаш трансакции. Значи, не земаат за картичката, туку за трансакциската сметка. Е поради ова можеш да отидеш во минус, ама тоа е минимален минус, ајде да речам можеби до најмногу смешни 100 денари :D Зборот ми беше дека и со дебитна можеш да отидеш во минус и во Македонија.
     
  17. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    Знае ли некој дали можам на пример со дебитна картичка од Уни-банка, кај што ми стасува платата, да влезам во минус или да извадам картичка за да можам да влезам две плати внатре? :)
     
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Можеш ако имаш дозволен минус нормално а можеш и да си извадеш кредитна картица со 2 или 3 плати незнам точно колку даваат зависи но ова ти е како кредит исто и каматите се височко но се наоѓаат и може да ги искористиш парите ако ти требаат нормално...
     
  19. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    Значи, ме интересира дали јас, како корисник на услугите на Унибанка, со дебитна картичка, на која примам плата, можам да аплицирам и да добијам потврда за влегување во минус две плати. Не знам дали е кредитна картичка, ама баш до сега не сум слушнала за такво нешто од Унибанка. За од Тутунска да, ама за од другиве не.
     
  20. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Убаво се изјаснив дека може е сега ависи до услугите на банката ако до сега не си искористила ни минус ниту ништо верувам дека ќе можеш распрашајсе во банката најдобро ќе ти кажат...