Е тоа не знам, јас со картичка од стопанска сум префрлала на други сметки кои што не мора да се на стопанска.
Мене ми ги вратија. Пополнив пријава, направив се што требаше, за 3-4 месеци си ги добив парите назад.
Денес ми праќаат од СБ известување за картицата со минимален износ за враќање 0 ден. ? Има некој друг што добил вакво известување - или ме зае**аат или по грешка вака ми пратиле ?
Интернет лимитот на картица (НЛБ) ми е 1000 ден. Побарав во нлб да ми го сменат на 10000, ми велат сама сум можела преку мКлик. Пробувам на мклик ми вели немам привилегии за таква измена. Некој со слично искуство? Не можам дневно да платам онлајн ништо поскапо од 1000 ден, а баш во ситуацијава се плаќам онлајн.
Сакам да "влезам" две плати минус. Клиент сум на стопанска. Ме интересира што од документи треба ( секако ќе одам таму и ќе прашам, ама ако некоја знае би ми било добредојдена информацијата). Проблемот кај мене е што оваа плата деновиве што ќе ја земам ми е трета од оваа фирма кај што сум моментално, инаку веќе две години земам редовно плата во стопанска, без прекин. Дали тоа што последните 6 плати не ми се од иста фирма ќе е проблем?
Јас вчера поднесов барање во стопанска за минус плата После првата префрлена плата во СБ имаш право да си аплицираш дирекно во банка ,ти треба само лична карта
Имам пари на странска картичка и би сакала да ги извадам, меѓутоа не знам колку провизија би ми земале ако ги извадам на нашиве банкомати. Има ли некој информација? Или која банка би земала најмалку?
Ако случајно картичката ти е од било која банка од Ерсте групата на Шпаркасе банкомати имаш нула провизија.
Ве молам за помош редовно вадам пари од банкомат и денес пробав, но ми вика погрешен пин.... сакам да прашам колку пати можам да го згрешам во едно деноноќие без последици? И што ако сум го тотално утнала пинот, дали ќе ми реиздадат нов и дали и колку се плаќа. (НЛБ) Друго што приметив денес ми вика максимум сума за вадење може 20.000, а сум вадела наеднаш и 60.000. Вртам во контакт центарот никој не ми крева...
Пин можеш 2 пати едно по друго да згрешиш, после 3 грешен пин лапнува картичка и не ти ја враќа назад, ради безбедност. Ако картичката е уште во тебе, пробај пак. За лимитот за подигање на 15600 јави се, мене одма ми одговорија пред некој ден баш се јавив. Лимитот за онлајн плаќање ми беше подесен на помала сума, одма ми средија. Инаку тоа за подигање од банкомат е дневен лимит, можеш во ден максимум 20000 да извадиш, другиот ден ќе можеш пак 20000. Ама ако не ти е изводливо така, може без проблем да ти го сменат.
ама чудно ми е што минатиот месец без проблем ми даде 60.000 од еднаш а денес не сакаше и ми вика погрешен пин. Ако пробам уште еднаш но после 24 часа и пак е погрешен пинот ќе ми ја земе ли картичката?