Да не ризикуваш..или да ризикуваш па да одиш во банка по неколку дена да си ја земеш Ти си знаеш што ти е подобро..ама ако не си го погодила првите 2 пати која е логиката ако го внесеш истиот дека ќе го "погодиш"
Подобро да си побараш нов. Оти ако ризикуваш, ќе ја земеш картичката дури ко ќе ги соберат заглавените картици в банкомат, што можеби го прават еднаш неделно. Од 300 ден не би трбало повеќе да кошта нов пин. Уствари сега ова го прочитав на страна на нлб: "Доколку сакате нов ПИН код, во тој случај мора да се промени и картичката односно да добиете нова пластика со нов број." https://nlb.mk/Физички_лица/Алатки/Најчесто_поставувани_прашања.aspx#tab-117 Ако менуваш пин, ќе мора и нова картичка да чекаш. Пробај на банкомат, и да заглави и да бараш пин секако ќе чекаш за картичката. Пари и од на шалтер може да подигнеш.
ти благодарам. Ги добив во контакт центарот и ми објаснија дека можам до 2 пати да го грешам пино во текот на 24 часа што е супер.
Ако го чуваш најди го ливчето од банка каде што го имаш пинот. Можно е да ти се смешал бројот со некој друг.
еднаш затворав кредитна картичка. го исплатив целиот долг и ја однесов в банка картичката на поништување. од сознанија како да се заштити човек, барав и добив од банката потврда дека целиот долг ми е исплатен, за да се има доказ, во спротивно можат да ти допишат или измислат некои камати, допишат долг и по некоја година кога ќе нарасни да те брка извршител и доста многу опљачка заради туѓа грешка или намерна измама од банките.
да, како што пишав, затворав картичка со исплаќање на целиот долг т.е. од минус дојдов до салдо нула. мене ми беше за подоцна да не измислат некоја камата, долг или сл. за картичката па да настанат проблеми без свесност за нив.
Имам влезено една плата во минус и треба да ги исплатам до септември, до претходниот месец си имав редовни примања на сметката но сега останав без работа и нема да ми стигнуваат пари на таа сметка, па ме интересира дали морам одма да ги внесам сите бидејќи нема да има прилив на таа сметка, или може до септември? На СБ сум.
Kupiv nesto na ebay no prodavacot nemozeshe da go isporacha vo makedonija i mi gi vrati parite preku paypal, Kolku vreme treba da pomine dodeka bankata gi procesira parite za da legnat od Momentalna sostojba na Raspolozlivi sredstva? Za Komercijalna prasuvam
Доколку имам трансакциска сметка во стопанска банка, дали можам да побарам да ми извадат и дебитна картичка или има некоја посебна процедура?
Само пополнуваш формулари и нагласуваш каква дебитна сакаш. Брза е процедурата. Потоа ќе чекаш некој ден или недела (не знам колку брзо иде сега со коронава) да ја изработат, ќе ја подигнеш и активираш на банкомат со пинот.
Здраво дечки.Пред 2 недели зедов кредит 2.000 евра но пред 2 дена дадов отказ од работа. Дали тоа претставува проблем?
Проблемот ќе е отлатата на кредитот, бидејќи ако си дала отказ од работа, нема да имаш приходи за да го отплаќаш истиот.