Како да го активирам ова? Пример мајка ми кога плаќа и преку интернет и стига СМС со код кој треба да го внесе, а мене ништо. Прашав и в банка и се чудеше човекот што зборувам... Ми активира е-банкарство за да ми стигале известувања кога е платено, ама пак не е сигурно така. Сакам код да ми бара. Не добив порака ни кога картичката ми беше готова да ја подигнам. По 4 месеци бев да прашам и таа на шалтер ми е испонаша дека чим немало порака не била дојдена картичката. По неколку дена бев пари да ваѓам и и' кажав на руга жена дека ми ја нема картичката уште и веднаш провери и дојдена беше... Многу се понашаат вработените. Тоа им работа: да дадат информации. Мое право е да прашам што не разбирам, нели?
Зависи до банката. Комерцијална банка не дозволуваат така. Останатите банки мислам дека имаат некои услови. Година или две на истото работно место. Отвори на сајтовите на банките. Таму е детално објаснето.
Дали е можно на банкомат да ми покаже погрешна состојба на сметката? Татко ми ми ја даде неговата дебитна картичка да подигнам пари и случајно стиснав да проверам состојба и има вишок скоро 1.000е.
Некои банки ти го прикажуваат и дозволеното прекорачување како состојба (најчесто 2 плати или 1 пензија). Ако татко ти зема 500 евра плата, тогаш тоа е тоа.
Девојки денес ми стигна порака од банката каде што имам кредит: Pocituvani, Ve potsetuvame deka noviot anuitet na Vasiot potrosuvacki kredit dospeva denes А јас си ја имам опцијата сами да ми земаат пари од сметка , плус имам јас пари на сметката , и секој месец до сега сами си зимале , што е работава? Плус не го одложив плаќањето за време на кризата Кој ќе оди сега во банка да чека до автопат ред
Така праќале на сите. Маж ми им се јави. Они ги повлекуваат парите на крајната дата и процедурата била како потсетник.
Боже сачувај , а мене ми е на 13 датата на повлекување ,ме извадија од памет во банката кај нас е хаотично , од чекање ред до пат,и све е нервозно
Прашање: После колку време може да се аплицира за кредит ако предходно ве одбиле за кредит во банката во која земате плата? И колку е вероватноста да одобрат кредит во вториот обид?