Вака имам кредит од ст банка, и секој месец ми запираат на сметка по 3000ден , овој месец немав доволно пари на трансакциска сметка околу 1500 денари, а требаше 3000 денари целата рата ми е толку, е сега прашањето ми е дали ми ги имаат тие 1500 повлечено па сега треба да одам во ст банка на шалтер да доплатам 1500 за да ми се комплетира ратата или??? плисс хелп
Сигурно ти ги повлекле тие 1.500 ден. од трансакциска и сега најдобро ти е да ги уплатиш останатите 1. 500 ден. на шалтер. Не знам, ама камата да не ти пресметаат, ако не ги уплатиш за време на дадениот краен рок.
Сигурно ти се повлечени од нивна страна, а од следниот прилив на средства ќе ти го повлечат и остатокот, доколку ти не си уплатиш на шалтер.
Ќе.одам за странство а имам кред.картичка од тутунска, ако не плаќам на картичката што ќе.биди дали камата ќе тече, ќе ја блокираат... ме интересира ако некој знае
Девојки треба да отварам трансакциска во прокредит, а кај нас во град имаме само банкомати.Има опција онлајн па дали картичката ќе стаса по пошта или како ? знае ли некоја ?
Стопанска. Јас вадев од Револут, 30.000 денари - 30 денари провизија првиот пат, вториот пат иста сума - 15 денари.
Koj e najpovolen potrosuvacki kredit od NLB? Sakam da zemam 5 000e a gledam ima violetov i neznam si kakvi
Девојки здраво. Подолго време ја немам користено картичката и го заборавив пинот. Прашав во НЛБ ми рекоа дека треба да поднесам барање и ќе ми го пратат пинот на СМС порака. Дали некој знае колку се плаќа за тоа?
Дали некој знае дали може од македонска банка или банкомат да се подигнат пари од странска (германска кредитна) картичка, и при тоа колку би изнесувала провизија?
Здраво. Дали некој барал 2 плати во минус со отворено породилно, и дали следува во тсков случај? Конкретно во нлб банка?