Сакам да извадам дебитна картичка и да ја користам за купување од алиекспрес. Ме интересира дали треба да давам пари годишно или месечно за дебитната картичка?
Сакам да отворам трансакциска сметка само за купување од алиекспрес и 6 месеци не ја користам картичката трансакциската сметка што ќе се случи дали же ми земат пари дополнителнои?
https://www.bankometar.mk/ako-ne-a-...-platite-1-200-denari-za-godishno-odrzhuva-e/ Нели од 30 до 50 денари месечно од кај сега 1200 денари годишно?
Прочитај ја статијата, ќе видиш кои банки колку наплаќаат. Или отвори ги веб сајтовите на банките и прочитај за дебитни картички.
Здраво на сите, дали знаете доколку извадам кеш од банкомат од кредитната картичка (НЛБ Банка), дали следниот месец ќе ми го повлече целиот износ од сметка колку што сум извадила или може некако да се намести да ги отплатам на рати? Исто така дали автоматски повлекува од сметка за кредитни картички или морам да направам траен налог во банка? Не сум вадела до сега кеш од кредитната. Фала однапред.
Добро вечер. Братучетка ми има трансакциска сметка од стопанска банка. Жената си работи нормално и стига плата, но отплаќа кредит и е дадена одамна на извршител од А1 Македонија. Сака да отвори трансакциска од друга банка за да пазарува од алиекспрес. Дали може да отвори друга трансакциска сметка во друга банка и покрај што плаќа кредит и што е дадена на извршител? Во комерцијална банка беше да поднесе барање за трансакциска сметка и и рекоа за 7 работни дена ќе била готова, ама поминаа 7 работни дена и не и се јавиле . Отиде лично кај нив и кажале дека неможе да отвори од кај нив трансакциска сметка бидејќи била на стопанска банка и е дадена на извршител. Зошто да неможе кога жената си плаќа редовно кредитот си работи и не и е блокирана сметката од стопаснка банка?
Отворање на сметка е во рок од неколку минути (зависи колку е брз вработениот) а за картичка од банкомат, се чека недела/две. Не гледам причина зошто да не и даваат трансакциска, без разлика на се што ти е во позадина (извршители и остана багра) може да си отвори каде и да посака.
Пред некој ден приметив дека од картичката ми снемало пари и тоа збориме за поголема сума. Одам денес во банка да извадам извештај ми даваат и кога стигнав дома да видам на извештајот нема ниту еднаш историја дека сум извадила од банкомат пари. А добро знам во петок бев и ги извадив сите што беа на картичка. Има некој што може да ми каже што би можело да е? Прв пат приметувам вакво нешто и прв пат вадам извештај.
Zemi izvod so podolga istorija i izvod na rezervirani sredstva i baraj transakcija po transakcija. Parite ne se na karticka tuku na smetka, ne site transakcii napraveni so kartickata se vkupni transakcii od smetkata. Moze si pravela nesto drugo so platen nalog, a ne se sekjavas.
Здраво...Ме интересира дали со трансакциска сметка на скоро починато лице може да се извадат пари со лична карта?
Zavisi sto si na pocinatoto lice kaj mene koga pocina baba mi morase eden od sinovite da odi so umrenica i licni karti
Не може и е тотално противзаконски да извадиш пари. Дури и лицето да е полномошник на сметката, не смее да извади пари без да ја извести банката дека сопственикот на сметката е починат. Во тој случај се носи умреница и во зависност од банката се отпочнува процедура. Во некои банки со умреницата и со фактурата од погребални услуги се поднесува барање и на носителот на фактурата може да му се исплатат на сметка после неколку дена средства во износ максимален на фактурата. Ако има остаток над износот од фактурата, тие пари одат во оставинска постапка. Во некои банки, на пример НЛБ, сите средства одат во оставинска. Така што, лицето мора да го пријавите за починато.
Здраво, дали веќе постоечки кредит (хипотекарен за стан), може да се префрли за купување на друг стан? Значи да не се затвара кредитот него истиот да се пренамени за купување на друг стан, кои се услови треба да се исполнуваат и дали е воопшто можно?
Не смееш да извадиш пари од сметката на починато лице се додека не се спроведе остависнка постапка во која ќе бидат прогласени наследниците. Ваша обврска е да ја известите банката дека лицето е починато со доставување на извод од матична книга на починатите по што банката ќе ја суспендира сметката се додека не се појави лице со правосилно наследно решение кое ќе може да располага со средствата од сметката. Подигнувањето на пари од шалтер или од банкомат е кривично дело и можете да бидете гонети по член 251, став 2 од кривичниот законик доколку му се замара на некој друг наследник или пак на банката.