Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кредитни и дебитни картички

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од VACA, 7 октомври 2011.

  1. Natashhhhh...

    Natashhhhh... Активен член

    Се зачлени на:
    11 август 2021
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Дали некој користи мастер дебит како втора дебитна картичка покрај виза од НЛБ? И дали мастер дебит е поврзана со истата трансакциска од виса дебит па имаш избор дали ќе плаќаш на рати или еднократно?
     
  2. marX1

    marX1 Нов член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    1. Како се отвара дебитна картичка (што е потребно, процедура, кои услови треба да се исполнуваат итн...)?
    2. Дали може да имам две кредитни картички, на пример една од една банка а друга од друга?
    Некој поискусен на оваа тема ако ми одговори ќе ми направи голема услуга (fingers) Затоа што немам воопшто искуство со ова..
     
  3. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    3.146
    Пол:
    Женски
    1. Само лична карта ти треба.
    2.Можеш да имаш колку сакаш картички во различни банки
    :)
     
  4. fast_and_curious

    fast_and_curious Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2021
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Машки
    Некои банки наплаќаат за отварање на денарска и девизна сметка.
     
  5. fast_and_curious

    fast_and_curious Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2021
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Машки
    Дали некој од вас ја употребувал апликацијата за плаќање Google Pay? Дали се наплаќа некаква дополнителна провизија?
    Размислував за ваков тип на плаќање, па ме интересираат вашите искуства.
     
  6. Nikolinaaa.123

    Nikolinaaa.123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2018
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Имам трансакциска сметка на нлб Банка, но немам дозволен интернет лимит. Ако ставам интернет лимит 500 ден. секој ден да можам да плаќам до 500 ден. Колку се плаќа камата ќе имам ли трошоци?
     
  7. fast_and_curious

    fast_and_curious Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2021
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Машки
    Преку електронското банкарство на НЛБ можеш да си поставиш лимит за плаќање на интернет. Така јас правам секогаш за да немам злоупотреба на картичката.
    Не се наплаќа никаква провизија.
     
  8. blackmamba^

    blackmamba^ Активен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Здраво, која е процедурата за вадење на полномошно за сметка во банка? Патувам во странство за работа па сакам татко ми да го овластам да ми биде полномошник на мојата сметка , за уплаќање на готовина
     
  9. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Ќе одите двајцата со лична карта само и ќе им кажеш дека сакаш да го ополномоштиш татко ти на твојата сметка и тие ќе заведат во компјутер.
     
  10. Ivanna23.

    Ivanna23. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.020
    Пол:
    Женски
    Некој што има кредитна картичка? Ве замолувам може да ми пише ЛП?
     
  11. Lea.Messi

    Lea.Messi Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    2.084
    Здраво
    Дали некоја се има соочено со проблем на стопанска или друга банка да ви фалат пари од сметката а да нема траг од истите, значи не дава дека имало трансакција а парите ги нема?
    И што да се преземе?
     
  12. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Отвори ги изводите доколку имаш е-банкарство, ако не оди до експозитура да ти извадат. Мора да има податоци по кој основ, на кој датум и на која сметка завршиле.
     
  13. Lea.Messi

    Lea.Messi Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    2.084
    Имам е банкарство, нема трансакција а парите ги нема
    Се јавив во банка ми рече да, ви фалат средства, откако пресмета колку е потрошено во последниот месец, ќе пријавам во понеделник да се види што е работата
     
  14. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Така само салдото е одземено? По тоа само може датумот на кој ги снемува да се утврди ама треба секоја трансакција да ја израчунаш дали е точно додадена или одземена од состојбата на тој и на претходниот датум.
    Пример денес имаш состојба /салдо од 1000, а вчера 1500 но трансакцијата е помалку од точно 500, значи на таа дата фалат пари.
     
    На Lea.Messi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lea.Messi

    Lea.Messi Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    2.084
    Да да
    Имам извештај од вчера бидејќи се раб за кредитна картичка, ми стигнува на секој 25ти извештај
    Само денес имам направено трансакција а останатите пари не се на сметката, сметав ама џабе, не се 50 денари 5 илјади се
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.667
    Допаѓања:
    6.231
    Види да не имаш купувано нешто што е во таа сума па поради конекцијата на терминалот два пати да не ти ја поминале картичката. Или провери да не имаш резервирани средства, нешто да си плаќала на интернет па да го имаш откажано.
     
  17. Lea.Messi

    Lea.Messi Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    2.084
    Немам плаќано, денес 300 ден платив и тоа си стои во трансакција, др нема, многу ретко ја користам картичката
    Резервирани се само тие 300 ден
    Нс последната. Трансакција ми дава дека имам 5 илјади и нешто и толку, исчезнуваат
     
  18. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.667
    Допаѓања:
    6.231
    Не ги гледај само последните три дена, убаво погледни го целиот месец. Пр. ако извадам пари денес, трансакацијата прво ќе оди во резервирани па после 3 дена ќе се појави на извод. А ако има двојно повлекување тоа може и да е од постара трансакција.
     
  19. Lea.Messi

    Lea.Messi Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    2.084
    Немам трансакции цел месец, само каматата што ми има повлечено и вчерашната трансакција
     
  20. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.084
    Пол:
    Машки
    Поднеси приговор до правна служба во банката, има log ќе видат што се случило со парите, и биди упорна, ако треба пријави во НБРМ, мора да се испита до крај, не им е за првпат.
    Претпоставувам за која банка станува збор ама да не ја спомнувам јавно.
     
    На cresa-jagoda, Luciferka, riba79 и 1 друга личност им се допаѓа ова.