Mene od sparkase mi povlekle 1300 den i ne znaese operatorot zasto se povleceni vo.petokot,iako nemav nikakva transakcija.. Utre sabajle ke se javam za da proverat.
Или јави се или отиди да ти извадат извештај Јас сабајле веднаш ќе одам да видам што е раб Цел викенд се нервирам
Се работи за кредитна или дебитна картичка? На дебитна ти стојат твоите пари, да речеме од плата, и трошиш тоа што имаш, и има дополнително дозволен минус. Во тој случај ако ти повлекле, па фалат 5.000 ден. ќе најдат за која трансакција се работи. Со кредитна картичка е сосема поинаку. Со кредитна картица на извод практично никогаш не си во позитивно салдо. Трошиш од парите на банката, и во наведениот рок уплаќаш - или минимум сума (и на тоа камата) или целосно потрошената сума од минатиот месец. Доколку на пример, имаш како што велиш потрошено минатиот месец само 300 ден, а на изводот пишува дека си во минус 5.300 ден., ќе си ги уплатиш само тие 300, останатите 5.000 сами нека ги бараат. Но, треба да пријавиш на телефонот на банката.
Дали некому се случило да нема поставен низок лимит за интернет плаќања, а сепак да има проблем при плаќање на онлајн нарачки/сметки? Значи опциите си стојат како што си беа и на старата картица, има доволно средства за плаќање и пак не ми успева, неколму пати пробав. Што би можело да е проблемот овде и како да се реши?
Нова е, мислам уште минатата недела ми стигна порака од банката дека новата картица е изработена, вечерва прв пат пробав да платам онлајн, не ми успеа. Е сега, не е во мене моментално бидејќи не можев да ја подигнам директно од експозитура, па моите ми испратија податоци за да можам да платам онлајн, ама ништо, инаку досега не е искористена за ништо, ни во маркет ни на друго место. Ми рекоа дека се активирала автоматски при врачување, не знам што е проблемот.
Не ти е активирана тогаш дефинитивно, треба само да се провери состојба на банкомат и ќе се активира, не мора кеш да се подигне.
Zdravo, sakam da stavam okolu 1500evra na debitnata od NLB za da kupam avionska karta, dali zemaat provizija il treba da se pravdaat tie pari zosto platata mi e minimalec
Јас пак кога праќав пари од мојата странска картичка на мојата NLB картичка околу 150€ морав да ги правдам.
Јас зборувам за уплата на сопствена трансакциска сметка кога си резидент на Македонија. До 15000 ЕУР за обични резиденти, а до 10000 ЕУР за политички изложени лица не се бара потекло на парите од страна на банката во РМ. Во странство не знам какви се законите на националните банки. Поздрав
Ама ти ме прочита или јок? Нлб ми бараше потекло на парите,а праќав од Револут ако си чула. Тоа е интернет банка без национално седиште (беше тогаш). И двете сметки се на мое име.
Зборуваш со човек со тригодишно искуство во банка и само ти кажувам каков е законот за резиденти на РМ кога одат и уплаќаат готовина на шалтер. Ако јас имам во мене 10000 ЕУР и одам да си ги уплатам на шалтер, никој нема да ми побара потекло. За меѓубанкарска трансакција (дознака) од странство кон дома или обратно не коментирам.
Tи кажувам дека твојата трансакција не е уплата туку е девизна дознака од странство кон дома и дека за таков вид на трансакции НЕ КОМЕНТИРАМ. Она за кое што говорам е трансакција каде ти или било кој друг со постојана резидентност во РМ ќе изврши УПЛАТА ВО ГОТОВИНА на сопствена трансакциска сметка во било која валута во домашна банка каде е клиент и на шалтер, а во денарска противвредност од максимум 15000 ЕУР. Еве ти во прилог линк од законот (член 12 и другу поврзани). https://www.nbrm.mk/content/Закон за спречување перење пари и финансирање тероризам - неоф. пречистен текст 317-20.pdf Поздрав
Прво прашај дали имав дознака па после коментирај. Ова ти кажувам како член на Нлб тутунска банка преку 10години.
Не, не морав да те прашам, сфатив преку твојот одговор дека е девизна дознака бидејќи си праќала од Револут (твоја странска сметка) кон дома (твоја домашна резидентна сметка). Сум спроведувала такви обратни трансакции мал милион пати за да можам да ги идентификувам, впрочем тоа и ми беше дел од работата. Кога си ја направила трансакцијата, за НЛБ да ти ја раскнижи односно распредели сумата, ти побарале потекло на она што си го праќала од странство и за тоа никој не ти вика дека лажеш или измислуваш. Јас зборев за сосема друг вид на трансакција за која девојката прашуваше, а тоа е обична денарска/девизна уплата. @Anya321 доколку имаш нешто подетално да ме прашаш во врска со ова, те молам обрати ми се во ЛП, I'd be happy to help
Мислам дека не е достапна новата додека не ти истече старата. Моето искуство со НЛБ е дека старата ја користиш додека новата не ти ја издадат во месецот во кој треба да и истече рокот. Ми се јавија дека ми е изработена и да подигнам да си ја земе. Ова беше пред неколку години, а последно што знам е дека и по пошта ги испраќаат.