Имам едно глупаво прашање. Имам дебитна картичка на Тутунска, и ме интересира кога некој сака да ми префрли пари, кој број треба да му го дадам, тој што го пишува на картичкава или некој друг?
А јас да си прашам:Ја има некоја од вас дебитната маестро картичка за купување на рати. Кои услови треба да ги исполнуваме за да ја извадам картичава(треба да сум вработена или сл.)
Општи прашања Да ве прашам нешто, од која банка е најдобро да си извадам картичка за да можам да правам порачки од интернет? Има некои нели што не ги прифакаат сајтовите, па сакам да знам каква е најдобро да си извадам?
Општи прашања ако конкретно мислиш на ибеј, освен пејпал како што знам и некои финти што ги прават со постари картички на Visa, не би рекла дека е можно. А од македонските сајтови што бараат на пример број од картичка мислам сите се прифатливи.
Општи прашања Со картичка од Шпаркасе со сигурност можеш да купуваш Јас имам дебитна и со таа си купувам од интернет без никаков проблем. Мислам дека повеќето сајтови прифаќаат и картичка од НЛБ Тутунска Банка, ама Шпаркасе ти е најсигурна, секаде ја прифаќа Само нагласи во банка дека ти е за онлајн купување. Картичката треба да ти биде Виза Електрон и треба да има 16 бројки напред и три од позади. Ако ги нема тие три позади, нема да можеш да купуваш Едит: Можеш да си направиш PAYPAL акаунт, само треба да ти го направи некој што знае, има една финта да ставиш дека си од друга држава, зошто нели Македонија не може, ама околу тоа за жал не знам подетално да ти објаснам
Општи прашања ^ A ако мислиш за нарачки преку интернет но од страна, најлесно можат да се прават со PayPal, а може да направиш во Тутунска Банка. Разгледај си по интернетов. Има повеќе објаснето и на официјалната страна на НЛБ ТБ
Општи прашања Ве молам хитен ми е одговор од некој што се разбира добро во работење со банкарски картички да го прашам нешто ако има таков кој може да помогне го замолувам да ми пише лична порака плс
ќе ве замолам за помош... на дечко ми платата му стасала на картичка и сега му ја нема само една 1000ка ..... некој поискусен што треба да се прави да каже посекако утре ке оди до банка
дали може да извадам интернет картичка од стопанска банка ако сум невработена и дали треба претходно да имам денарска сметка во банката? ако знае некој нека ме оправи
Не мора да си вработена, баш прееска го ставив линков во друга тема http://www.stb.com.mk/visa-internet-.nspx
го знам ова го гледав, но писува само дека треба барање и лична карта, не бара никаков друг документ, затоа мислев дека ке може, фала за одговорот
Ако му стигнала платата неможи да му ја нема може во моментот кога тој проверил таја сеуште не била искнижена и не му била префрлена а 1000 имал од претходната плата тоа ти е една варијанта,друга да не има недподмирен долг некаде па му ја имаат блокирао сметката?или многу плаати да не ве во минус па само тие пари можи да ги извади?тој си знај убо прашајго како има вадено што има правено од ништо неможи да му ја снема платата како и да е на банка најубо ќе му објаснат требало уште истиот момент да оди кога видел колку пари има само на сметка
Општи прашања Спојлер сдк... да прашам дали некој знае за процедурата за тие кредитните картички што ги нудат комерцијална банка. мајка ми и нејзините колеги имаат и мајка ми извади 12000. е сега таа наместо да уплаќа секој месец на шалтер таа оставаше на картичката за плата што и е. секогаш оставаше над 1000 ден од секоја плата. е сега на крајниот извештај и пишува дека е во минус,а тие 12000 се вратени.ама таа има оставено мн повеќе од колку што треба сега прашањето ми е дали е можно парите што и се вишок да и стојат на кредитната картичка. ако некој има сл искуство ќе бидам благодарна ако ми каже
за кредитна картичка не се уплака секој месец на шалтер туку рата што треба да подмири мајкати му повлекват афтоматски од дебитната картица т.е од картицата која што зема плата тие двете сметки афтоматски си се поврзани да кажам,на мајкати мора прво дома известај да му стигни колку рата треба да подмири сега пример ако ратата е 1200 мајкати мора да остави толку пари а не од памет да остава помалку или повеќе сигурно кога ја земала картицата и кажале дека рата за кредитната картица повлекват од дебитната картица,но како што кажав по претходно стигнат извештеј дома да види колку пари треба да остави за тој месец или и биле повлечени,парите се вракааат со камата се разбира неможи да му пиши дека е во минус ако ги има вратено сите пари,а во кој извештај е минус во кредитната картица или во картицата од платата?изјаснисе убаво а и да е минус сигурно ја пишува сумата колку е минус....
Сакам да прашам, имам кредитна картица од стопанска банка мастеркард. Дали ако вадам пари од банкомат на стопанска банка ќе имам провизија ? зборувам за сума поголема, значи околу 20 000 денари ? И како ќе ми стаса извештајот, да вратам 5 % од повлечената сума или на рати да го враќам долгот? досега не ми е користена затоа прашувам. очекувам брз одговор