Дали постои некоја од банкиве што не наплаќа месечна провизија за користење на електронско банкарство? Моментално сум на Халк и секој месец за да може да ја имам опцијата и да плаќам преку апликација вклучително и одржување на сметка ми влечат 70 ден.
Јас сум комерцијална..Мене секој месец ми земаат по 30ден. Малку земаат од каматите па и провизија мора
30 денари земаат ако претходниот месец си работела со трансакциската односно ако си имала приливи/одливи. Инаку не земаат. Електронското банкарство е бесплатно на Комерцијална. @Sanniii
Провизијата ај океј, ама 40 ден плус само за користење на апликацијата и плус морав да одам до банка за да ми го активираат и да ми дадат они нивен код за воопшто да можам да се логирам. Е овие земаат иако немам ниедна трансакција во месецот. Во тој случај се префрлам на Комерцијална.
Цел живот користам електронско од нив, плус работев таму. Е-банкинг и токен е бесплатен, со услов да се направи 10 трансакции во првите 6 месеци за токенот. Ако не се направат, тогаш се наплаќа еднократно 300 денари за токенот. Само за увид е целосно е бесплатно. Мене никогаш ми немаат наплатено. Проверете за што точно ви се одземени средства. Стб наплаќа 30-40 денари за одржување на сметка, за ебанк не наплаќа ништо.
Па где су парее? Еве кажувате 10 трансакции за 6 месеци, ако не се направат 10 трансакции колку земаат?
Ти пишав погоре, 300 денари еднократно, при потпишување договор за токен секој службеник го кажува тоа. Месечно нема никаков трошок за е-банкинг за увид, нема ни за токен за тие што редовно си го користат. Бидејќи банката има трошок по себе за изработка на софтверскиот токен, наплаќа 300 денари еднократно за тие што зеле, а не го употребуваат.
Проверете на изводот што пишува до тие 100 ден. што ги земале. На пр. кога плаќав за факултет, ми земаа по 9 денари за секоја уплата за семестар, ако е поголема сумата наплаќаат 12 ден. Се работи за трансфер на пари во друга банка. Кога работам помеѓу мои сметки - менувам пари од девизна, префрлам од транскациска на кредитна итн. не се наплаќа. Јас и токенот го добив бесплатно, ама тоа беше уште 2007 год., ми се јавија од банка да ме повикаат за токен. Месечно ништо не наплаќаат. Инаку отворив сметка и во Халкбанка, и ми понудија електронско банкарство со месечна претплата од не знам колку. Им реков - фала. Каде земаат пари за водење сметки, уште па, и за електронско банкарство што е за нив минијатурен трошок кога ќе се подели на сите клиенти. Нашле, па зашле банкиве.
Точно, провизија за налози во клиринг (други банки вклучително и нбрм) е 9 ден. до сума до 10.000 денари, а 12 денари над 10.000. Значително помалку од тоа да одиш на шалтер, а и да не збориме прелесно и во домашни услови. Интерните налози се бесплатни, а во мн. други банки не се. Не дека сум поборник за стб, ама електронското им е супер и уште они останаа да не наплаќаат fee за користење.
Jas sum na NLB I osven sto MI zimaat 30 den za transakciska +70 den za elektronsko bankarstvo, znaci grabez od NLB, sekoj mesec 100 den.
Здраво сакам да ме упати некоја членка околу картичкиве ми треба итно, на Комерцијална сум, не ми даваат кредит пошто сум на трудничко и веќе имам два минуса искористено. Ми треба некоја сума на пари за следниве два три месеци додека сум на породилно и после да ја затворам. Како оди тоа уплаќање, подигање, околу 30.000 денари ми требаат се' на се'. Фала ви
Банкоматот ми ја лапна картицата,си ја подигнав од банка и кога сакав да платам во продавница на терминалот покажа погрешна картичка,дали знае некој зошто и што треба да направам ?
Дали без компликации можат да ми уплатат на моја трансакција, пријателка треба да ми уплати Нема да прават проблеми дозволи нешто?