Под 2 искористени минуса подразбираш дека си во минус 2 плати или? Гледам дека не ти требаат многу пари, не знам зошто те одбиле, и мене ме одбивале поради глупости. Да се обиде сопругот на негово име?
Секој може да уплати на секој преку ПП10 налог, вашата другарка нека земе од банката кај што имате трансакциска сметка уплатница ПП10, нека ја пополни нејзино име, презиме и ЕМБГ, и цел на дознака да пише уплата на сметка, и да ја потпише своерачно (лева страна од уплатницата - во делот налогодавач). Понатаму ваше име, презиме, број на трансакциска сметка и износ (десна страна од уплатницата - во делот налогопримач). На благајна со лична карта ќе ја уплати сумата, провизијата е секаде различно зависи и од износот некаде е скалеста, на пример во НЛБ е 35 ден., во Комерцијална е 45 ден., а во УНИ Банка е 150 ден., ако плаќа во трета банка на пример во Комерцијална, а вие имате во НЛБ трансакциска сметка тогаш провизија е 60 ден. (возможно да имаат зголемување за плус 20-30 денари). Јас при плаќање на ПП10 кон депоненти на НЛБ или кон трети банки, ги користам услугите на НЛБ Банка, не ги фаворизирам, но имаат едни од пониските провизии, нејсе, ако уплаќа преку НЛБ нека уплати до 14ч. затоа што после 14ч. провизијата е поскапа затоа што уплатата се врши преку КИБС.
Ако има некој што знае да ми одговори - Ми истекува дебитната картичка од НЛБ (до Јануари 2023). Дали треба јас да одам да побарам нова во банка или автоматски се изработува новата и ќе ми се јават кога ќе биде готова? Фала.
Здраво Имам прашање, ако не е соодветно мислењето тука избришете го. Дали на личност која има земено кредит од 7000 евра, би им дале повторно кредит од 9000 евра, лицето зема плата од околу 45000 денари. Ви благодарам однапред.
Во иста банка не може да се земе 2 кредити од ист вид (рецимо 2 потрошувачки необезбедени во исто време). Или ќе мора да го рефинансира постоечкиот кредит за дополнителни средства или да направи обид да земе потрошувачки во друга банка. Ако се одлучи за второто, дали ќе одобрат, многу зависи од тоа колкав е периодот на враќање на моменталниот кредит, колкава е ратата, до кога го отплаќа, дали има други долгови по основ минусна плата, кредитни картички, брзи кредити и сл. Побарувањата во однос на платата односно сите рати што ги има по основ на нешто не смеат да надминуваат 50% од нето платата. Исто така, многу е важна кредитната историја и возраста на лицето.
Девојки, кога пробав да извадам пари од банкомат ( пробав на три различни. )дава состојба 0 денари а знам дека имам пари на сметка и немам плаќано ништо онлајн. Дали некој бил во слична ситуација?
Дали треба да поднесам барање за издавање на нова картичка, оваа ми истекува во февруари, или автоматски изработуваат? Дали во меѓувреме нема да можам да ја користам оваа, ако доцнат со изработка на пример? На НЛБ сум
Ќе ти ја обвноват картичката од банка и ќе ти ја достават до дома или пак ќе ти јават да си ја подигнеш. Старата картичка нема да функционира.
Zdravo, Imam vo NLB haPpy Card i na nea limit od 56.000 Plata zimam od okolu 26.000 do 30.000 mesecno. Dekemvri mi bese zgolemen od 25.000 na 56.000, dokolku e zapoznaen nekoj po telefon mi kazaa deneska deka ne bi imalo problem iako imam i izvrsitel na strana dokolku se si e redovno plakjano kon NLB bi mi odobrile do kaj 70-80.000 limit na happy.
Здраво, Од оние што веќе работеле со кредитни картички ако сака некој да објасни, бидејќи до сега немам земено и некои раб не ми се јасни. На лимит пр.од 30.000 ден, колку минимално мора да враќаш секој месец, што доколку не вратиш ич, или пак на пр. воопшто пари не потрошиш тој месец а претходно си ја напунил цела 30.000. Дали доколку секој месец го плаќаш минималниот износ плаќаш некоја камата и за што, и всушност во кои случаеви плаќаш камата и на која сума? Фала однапред на оној што ќе сака да ми ги разјасни прашањава, ако не со кредитна картичка најјасно ќе ми стане ако земам
Здраво, дебитната картичка ми истекува сега во април, но не знам дали треба јас да поднесам барање во банка или они ми се јавуваат? Ако знае некој нека ми пише. Иначе за комерцијална банка станува збор.