Добра идеја. Пошто имам електронско банкарство ќе можам без провизија да префлрам пари од едната на другата сметка. Новата трансакциска сметка ќе ме кошта 30 ден/месечно а новата дебитна 150 годишно. Вкупно 510 ден/годишно.
Во иста банка можам да имам две трансакциски сметки? Јас искрено само на овој начин ако заштедам, од една да префрлам на друга. Си оставам на страна пари ама само кратко - месец два и после наеднаш троѓам голема сум одеднаш во еден ден цела заштеда. немам контрола. Каде во која банка и на кој начин најмногу се исплати да се штеди? Се некако ме фаќа страв дека моѓе да се случи како со еуростандард да пропадне банката и да ми отидат парите
Да, освен ако трансакциската сметка не е платежна сметка со основни функции (претежно ги имаат лица од социјален ризик).
Сега пак ми е комплицирано ова за разбирање. Значи таа втората би ми требала само на неа да ставам и да вадам пари- секако би било супер кога би моѓело да функционира со картичка - па коа ќе имам потреба да си ги извадам парите преку банкомат
Значи со ова не си ми од помош. Смее две сметки со две картици во иста банка или не? Тоа ми е прашањето.
Да може, во која банка сакаш. Јас сум во Комерцијална со две трансакциски сметки, на едната имам и дебитна картичка, на другата не ми треба картичка, а може ако сакаш, плус имам штедна денарска и штедна девизна. И сите тие ми се поврзани во електронското банкарство.
Ова го пишува за Visa Star кредитна картичка. Знае некој што значи последната реченица? Членарина Бесплатна за првата година 0 денари членарина со остварен промет од 90.000 денари во трговија во текот на една година Корисник на станбен кредит или кредит со обезбедување од СБ Картичката е издадена врз основа на залог на депозит
Тоа значи дека кредитната картичка е обезбедена со депозит. Односно ти отвараат депозит на одредена сума претпоставувам ако бараш картичка 50.000 мкд толку треба и депозитот да ти биде.
Има некој од комерцијална да помогне? Префрлив пари од дебитна на кредитна преку апликација од мобилен. Одма ми стигнаа 2 известувања, едно за одлив и едно за прилив. Е сега на дебитната скратена ми е сумата што сум ја уплатила, ама на кредитната не е зголемен износот воопшто. Што би можело да биде?
Провери на апликацијата во „ Промет“. Таму се евидентираат сите приливи/одливи дури и тие од 0 денари, или прати им е-маил:support@kb.com.mk
Сакам да купам телефон од 50-60 илјади со кредитна картичка во Ледиком , дали некој знае колку е провизијата од прилика и колку ќе ме искошта телефонот?/
Во претпријатието каде работам има проблем со плаќањето со картичките (без разлика на банката), за онлајн плаќања не знам.