Дали би било проблем да извадам втора дебитна картичка на иста банка? Имам една на Стопанска, е сега би сакала и друга (поврзана со друга трансакциска сметка). Има ли таква опција или треба да вадам во друга банка или да отварам штедна книшка и слично?
Неколку пати си го згрешив пинот на банкомат, ми се блокираше мозокот и стискав грешен број цело време. После ми текна вистинскиот пин ама не сакаше банкоматот да ми извади пари, претпоставувам ми ја блокираше картичката. Иначе со допир пробував, не ја внесов картичката во банкомат да не ми ја лапне. Дали за одблокирање ќе мора да одам на шалтер?
Откако ќе ти истече картичката, дали ти сам треба да поднесеш барање за нова или они сами ти прават нова и те бараат да си ја земеш? Дали може да поднесеш барање да ти ја изготват картичката во друга НЛБ банка за од таму да си ја подигнеш ако веќе не живееш на истото место од кај што си ја земал првично, или мора да е од истата банка земена?
По автоматизам иде без да поднесеш барање. Инаку би требало и во друга експозитура да може, јави се или отиди таму. Ама во тој случај изглеа би ти наплатиле провизија.
Автоматски ја изготвуваат и ја праќаат во филијалата што ти е најблиску по адреса, сега подигнував нова картичка од НЛБ. Ако не ти одговара таа филијала, јави се на бројот од контакт центарот, 15600 мислам беше, да ти кажат каде да се јавиш за да ти ја пратат кај што сакаш ти да ја подигнеш.
Хелоу, сакам да прашам како е постапката за вадење на кредитна картичка? Ми кажаа дека требало 6 месеци работен стаж. Е сега јас работев 5 месеци на едно место сега веќе 2 на друго, дали така се важи? Пишана сум на 27.000 плата, дали би ми дале? Ми треба да подигнам околу 500-600€ и потоа да ја затворам. Како оди потоа враќањето на пари? Месечно повлекуваат од плата или?
Дали некој ја искористил оваа понуда?https://www.visasoutheasteurope.com/macedonia/promotions.html Попустот до 6% важи од 1 октомври 2023 до 31 декември 2024 година за имателите Visa кредитни и дебитни картички при резервација преку специјална врска: https://sp.booking.com/index.html?aid=2393079&label=visacemea
Здраво. Имам дебитна картичка MasterCard Debit World од Комерцијална банка. Активиран ми е пакетот за млади без плата до 29 години. Дали може во секој момент да се деактивира пакетот и да не активирам воопшто никаков пакет туку да ми дадат од „најобичните“ дебитни картички а притоа да не се затвори трансакционата сметка т.е дали за оваа трансакциона можат да ми дадат друга картичка? Можеби е глупаво прашањето но не се разбирам од овие работи.
Можеш да ја деактивираш картичката. Извади друга картичка. Сметката ќе ти остане иста. Прашај дали ќе треба да платиш за картичката што ќе ја затвориш.
Здраво, дали на некој му се случило злоупотреба на картичка од СТБ за плаќање преку интернет? Дали треба некаде да пријавам? Банката е запознаена со случајот. Ви благодарам Позз
2 пати се обидоа да повлечат, но изгледа пишале поголема сума од што имало на картичката и трансакциите беа нула
Дали само на Стопанска е задолжително да се активира токен? Ако немаш активирано, немаш пристап ниту на м-банкинг. Катастрофа му е сајтот, нема опција за онлајн да креираш токен, излегва прозорче дека имаш грешка податоци, и сеа ќе мора да дремиш у банка да ти активираат токен. Кој инаку се наплаќа за одржување. Дефинитивно една од најлошите банки.
Во полиција да си пријавиш штом имаш два пати обид за чистење на пари од сметка, да си ја замениш картичката и да поднесеш жалба до банката за неажурност. И во Комерцијална е исто.
Девојки дали може во иста банка да извадам картичка од која ќе повлечам пари за да затворам целосно друга картичка од истата банка и да ја откажам,да ми остане само првата?