Не можеш, ова ако е некое ново правило да може сега, на кредитна плаќаш рати, и ставаш пари колку што должиш за тој месец, плус месечната камата.
Ама немам јас кредит. Оваа ми ја отворија за плаќање преку нет, да не плаќам од обичната од плата шо ми е.
Па сама си пишала кредитна на Happy, зелената картичка од НЛБ, е кредитна, таа за плата што си ја имаш ти е дебитна, и можеш и со таа да си плаќаш онлајн.
Девојки, е-банкарството на ЦКБ е многу лошо. Ќе плаќам денес со картичка, после три дена онлајн ќе стигне дека е платено толку и толку. Имам инаку, трансакциска и на Комерцијална и на Силк Роад. Дали е-банкарството е подобро на некои од овие две банки да се префрлам?
Хахахаха. Не. Туку ми рекоа дека на оваа картичка можам да ставам пари и така онлајн да купувам. Да не купувам со оваа од плата, оти се бива
Дали вие што сте со Е банкарство на комерцијална кога имате прилив/одлив ви стига нотификација? Кај мене се си функционираше и од кога ја сменија апликацијата беше ок. Сега последниве 2-3 недели приметувам дека нема нотификација за ништо
А зошто така? Имаат некои промени? Да не треба некое штелување на апликацијата се мислев? Глупаво е само кога си на ви фи да има известување кога трансакциите ги правиме кога сме во движење и сме на мобилен интернет
Добро лудило, ептен им е добра апликацијата. Имам користено на прокредит, нлб, СТБ, до сега им нема конкуренција на комерцијална со апликацијава