скоро во секоја банка има месечна провизија за одржување на с-ка во зависност од тарифникот на банката. Секоја сума повлечена од кредитна катичка од банкомат или пост терминал безразлка дали се работи за банкомат на банката подлежи на провизија пр.2еур+2%провизија од износот кој го повлекуваш-зборувам за кредитна. Не важи за дебитна ако е од пост терминал или банокомат на банката. Ако ви недостигаат некои с-ва барајте детален извод од банката.Банките понекогаш даваат само промет на сметка за период, ако се сомневате за некоја трансакција на определен датум можете за тој ден да си побарате детален извод од с-ка.Ова важи и за Кредитната картичка.Некои банки имаат посебни с-ки за кредитната и за трансакциската односно онаа на која ви се води платата и тие бараат од вас вие да нагласите да се префрлат тие пари на кредитната или на определен датум да имате пари затоа што тие само на тој датум ви ги префрлаат парите.
Средувам некои документи за моите дома и сега треба да доставам копија од трансакциска сметка на име на баба ми, за колко време ќе можам да ја отворам и да ги доставам потребните документи дали постапката во банка оди брзо или треба да се чека некое време ?? Дали знае некој да ми објасни? Или во лп или тука итно ми е. До 4 најкасно 5 треба сите работи да ги доставам .
Не знам дали ми е во соодветна тема прашањево вака, сакам да си отворам картичка кај што ке можам да ставам пари, заштедата, бидејќи кога имам дома при рака побрзо ги трошам. Немам картичка од ниедна банка, сега за сега не сум осигурана каде што работам. Па ми треба совет дали можам да си отворам сметка и како оди тоа.
Во било која банка можеш да си отвориш трансакциска сметка и да си ставиш пари. Јас имам на Стопанска банка, некако наједноставна и најсигурна ми е
Како од една (интернет картица за купување) да префрлам пари на друга сметка (двете од стопанска банка) ?? Имам инсталирано ЦД ама немам уште сфатено како се префрлаат пари. Ги прашав во банка ми рекое може и на шалтер ама тој изгледа беше глуп, пошто фраер се правеше и ми се смееше у фаца.Денес идам на шалтер ми рекоа само преку е-банкинг се префрлаат. Ако знае некоја од вас како нека ми објасни, тие упаствата само за инсталација се.
Одиш до банката, поднесуваш барање за дебитна картичка, ќе пополниш неколку документи за нив, ќе ти дадат и тебе, ќе си ги прочиташ условите, и ќе си ја земеш коа ќе ти речат со пинот и уште некој договор. Ќе ја активираш на банкомат и толку е. Јас имам 2 од комерцијална маестро и стопанска мастер, на комерцијална прва година не тече провизија ако е тоа уште така, а потоа да, од стопанска нема провизија барем не на мастер. Виза не сакам, само во Македонија ограничува нема простор за отварање девизна сметка. А иначе може да се отвори само трансакциска, а картичка да не извадиш. Разликата е во вадењето на парите.
Ако се работи за на две различни сметки во С.Б. најверојатно преку е-банкинг треба да пуштиш налог пп30. Би требало да може и во банка кај тој/таа што работи безготовински плаќања или на шалтер, само со провизија. Доколку префрлаш електронски немаш провизија, бар овде така пишува http://www.stb.com.mk/terminski-plan-tr ... vizii.nspx
А де да прашам нешто, ако си извадам дебитна карти4ка од комерцијална виза електрон, во маркети се плаќа ли без провизија како оди тоа, знам дека нели ако вадиш пари на банкомат од кб не ти зема провизија, ама за маркетите не ми е јасно.... и друго гледав таму имаше нешто демек карти4ки визеа електрон за студенти и постдипломци тоа како оди?
Обично во маркети и продавници не земаат провизија за плаќање со дебитни картиЧки, без разлика за која банка се работи.
ако ти е одобрена и све во ред за 10 до 14 дена зависи од која банка е кај некој оди побавно кај некој побрзо ама горе долу тоа е времето
Во Стопанска банка картичката ти ја праќаат на домашна адреса, а пинот ти го даваат во банка откако ќе ти стигне картичката. За другите банки не знам.
Малце ќе забегам од темата ама не знам кај да прашам.. Картички за вршење на нарачки од интернет од која банка можам да извадам и дали воопшто можи?
Важно е да имаш девизна с-ка отворено во дотичната банка и тогаш би требало да можеш да нарачуваш од интеренет.
Сакам да прашам.... Сношти ми пуштија пари на картичка од надвор. Сега..проблемот е што јас незнам дали правилниот број за трансфер го дадов. Најдов модел картичка на нет за да покажам... Значи во средина на картичката (НЛБ Тутунска имам- дебитна) има број повеќецифрен со набрекнати бројќи испечатен. (јас го дадов тој)[/b (на сликата е маркиран со црвена линија) Е сега долу на дното, има уште еден повеќецифрен број (сината линија) и под него пишува Acc No (Account Number) што ме буни... да не случајно тој број требало да го пратам за трансакција на пари. Се надевам ќе се најде некој кој ќе може да ми помогне.
^ За приход од странство се дава бројот на трансакциска сметка т.е тој Acc No што пишува. Тоа погоре се користи кога се плаќа со картичка. Плус мислам дека ќе ти треба уште нешто од Тутунска, свифт, ибан и сл. Вака отприлика би требало да изгледа: Име Презиме Адреса IBAN Code: MK000000000000000 - бројот на твојата трансакциска сметка Bank name: NLB TUTUNSKA BANKA A.D. SKOPJE Bank adress: Vodnjanska br.1 Country: Makedonija SWIFT: TUTNMK22 И ова се на латиница, нормално. Јас секогаш на овој начин примам пари од странство и не сум имала до сега никаков проблем. Со тоа што, ако парите ти се од правно лице т.е фирма ќе мора да пополниш една изјава во банка. Откако парите ќе ти стасаат на сметка, не можеш да ги видиш на картичката т.е не можеш да ги користиш туку треба да одиш во банка па да им кажеш дека сакаш парите да ти бидат на картичка. Ова се е за Тутунска, за другите не знам како е.
Вака, парите ми се пратени од приватно лице од нејзиниот PayPall префрлени на моја картица. Значи само трансфер е направен. Сношти јас и ги дадов двата броја, но и таа незнаеше точно, проба и виде дека и на двата броја може да префрли пари па по-логично ни беше на двете да ги пушти на првиот. Значи парите се пратени, и доколку не би стигнале кај мене утре незнам каде би отишле, постои ли шанса да се повлечат и слично
Уффф... Навистина не знам. Претпоставувам дека ако за неколку дена не ги добиеш парите на сметка, личноста што ти ги праќа може да си ги врати назад Иако, се сомневам дека вака ќе успеете. За да ти праќа некој од paypal би требало и ти да имаш paypal account. Ама... те молам ако успеете вака да ги префрлите парите, да ме известиш. Јас мака мачам со ова веќе долго време.