Дечки дали некој што има кредитна картичка од Стопанска банка може да ми пише во ЛП? Ми требаат неколку информации, фала ви
https://sporedi.nbrm.mk/ Споредба на податоците од банките и штедилниците за кредитите и депозитите за физичките лица
Пријави во банката, мислам имаат осигурување за вакви работи. Мене ми ги вратија, ама тоа беше некаде 2014 година, во НЛБ.
Сигурно имаат 24/7 контакт центар каде што можеш да се јавиш и да пријавиш. Барем да ја блокираат картицата ако ништо друго. Па утре оди во банка и ќе треба да пополниш изјава дека е измама, дека не си ја направила ти таа трансакција.
Мене ми земаа баш голема сума кога беше измамата со пошта и не ми ги вратија од Стопанска банка. 3 пати пишував жалба и ништо. Од тогаш сите се префрливме во други банки.
И јас имам негативно искуство со Стопанска. До душа ми ги вратија парите ама повеќе кредитна картичка од кај нив НЕ. На неупотребена картичка никаде, буквално никаде, да имаш измама е лудило. Па ќе ме убедува дека некој од дома ми правел трансакции во некој си хотел во Америка, мислам врв. Ај да беше Европа да верувам ама Америка, каде ти треба виза, нема смисла. Една добра работа ми остана од нив, научив да си ги прегледувам сите трансакции на месечно ниво.
Јас сум моментално во НЛБ. До сега не сум имала некој проблем. На шалтер ми објаснуваат убаво тоа што ме интересира и не сум чекала долго. За вакви безбедносни работи не би знаела, само сакав да се тргнам од Стопанска што побрзо.
Комерцијална се во секој поглед многу добри. Јас сум со зип пакетот на млади и презадоволна сум, нема да згрешиш ако се префрлиш таму.
Девојки, бидејќи картичката за банкомат ми е блокирана, а на неа имам средства, дали можам со трансакциска на шалтер во банка да си ги извадам?