А како се наплаќа кога ќе немам средства на таа картичка воопшто? Или ќе повлечат од сметката од друга банка што ја имам?
Кај секоја банка е различно. Банката ќе наплати и ќе бидеш во недозволено пречекорување (премолчено должничко салдо) на платежната сметка. На недозволеното пречекорување (премолченото должничко салдо) банката наплаќа камата, потоа присилна наплата. Јас би ја откажал штом не ја користам.
+ годишно одржување на сметка. Ако не ја користиш затвори си ја. Комерцијална банка ми има направено така, сум имала детско штедење некогаш ми направиле сметка и до 24 год не ни знаев дека имам сметка таму. Ми стига порака дека картичка ми е готова и одам да видам што е раб, аа вика сметката ти е во минус 9400 ден Викам јас не ни знам дека имам сметка кај вас како тоа, и ми набројува таму одржување годишно, провизии за ова, камати за она… Ми се стемни Ништо на крај си платив како на поп и ја затворив…
Дали некој друг има проблем со најавување на апликацијата на Стопанска Банка? Го внесувам кодот и не ме логира, си стои на полето за код.
Podnesov baranje za potrosuvacki kredit vo stopanska banka. Prvicno baranjeto e odbieno.No vrabotenata sto mi ja terase aplikacijata vika ke go dadam na povtorno razgleduvanje.Kolkavi se sansite da se promeni odgovorot? Nekoj od iskustvo?
Убедливо најлоша технологија има СТБ. Апликацијата поголемиот дел од времето не им работи, кога ќе се јавиш у контакт центар те прават неписмен, мислиш бабичка сум па не знам како да влезам у апп, а уствари сите што ги знам што се во СТБ го имаат истиот проблем. Банкоматите им се многу често празни за викенди, колку пати сум била принудена да вадам пари на банкомати од туѓи банки и да плаќам грдна провизија. Се на се - катастрофа од банка.
+ Само они мислам немаат опција да стигнјва известување прилив одлив на средства, се сеќавам и дека овде членки се жалеа како не сакале сметка да им затворат
На мене не сакаа да ми ја затворат сметката. Платив 200 денари. Сум имала долг Одам после тоа да ја затворам (бев во друга филијала). Платив рата за кредит на сопругот. И реков на вработената Сакам да ја затворам сметката. Она ми вика Не може да ја затворите. Сопругот има кредит Каква врска имам јас со тоа што мојот сопруг има кредит?
Да, апликацијата им е некако многу нефунционална, не прават ниту апдејти, катастрофа. А треба да се потрудат малце, ама битно за провизии земање знаат.
Единствено нешто што е добро кај нив е каматите за кредити. Стварно многу добра понуда имаа ние кога зимавме стан, со сите нотарски и административни трошоци платени од нивна страна, ама за другото се ужас. Најлоша апликација на цел свет имаат, некогаш ни одливите не можеш да си ги видиш после 15 дена. Јас а земам плата оставам за кредитот таму и си ги префрлам во Комерцијална, убедливо најдобра апликација имаат.
На се тоа, мене картичка на која што имам добра сума на пари не сака да ми помине кога плаќам, а точен пин ставам, не е истечена, баш пред една недела плаќав со картичка и беше океј. Кога ќе ми текне сега дека треба да се влечам по банките да видат што е проблемот, ми се стемнува пред очи. За апликацијата да не зборам, константно ме одјавува, а кога сум најавена кочи. Лудило.