Некој има вадено интернет картичка. Ако може да ми објасните како оде процесот. И дали при купување на интернет земаат некаква провизија или ако не ја користиш плаќаш камата
Девојки, Ве молам за помош. Денеска ми пуштија пари преку банка, меѓутоа службеничката што ја правела трансакцијата била нова, и го погрешила бројот на сметка, и наместо во ТТК банка ги префрлила парите во Тутунска банка, на лице со истото име и презиме како моето и од истиот град. Лицето што ми ги пушташе парите отиде во банката од каде што се правеше трансакцијата, и службеничката му кажала дека парите се префрлени на друго лице, дека не може ништо да направи, и советот кој го даде беше барајте го лицето низ град, ако сака да ви ги врати парите.Ќе ве молам доколку некој може даа ми помогне, да ме посоветува што да правам, бидејќи не се работи за малку пари! Ви благодарам однапред
Не успеавме... На секое одење во банка по нешто ново ми активираат на картичката, демек заради тоа не можело тра-ла-ла , ама трансферот неможе да се изврши =/ Незнам дали може да се префрлаат пари од ПејПал на другите oнлајн платежни сервиси?!?! Енибади?
Како се вика таа картичка што е потребна за да се нарачува преку интернет? Нели таа што си ставаш пари на неа колку сакаш и купуваш. Имам прашано на друга тема ама пак не ми е јасно
Дебитна картичка која има и можност да се користи за плаќање на интернет или посебна картичка која служи за интернет плаќања.
Во план сум да си земам преносен конпјутер и нешто ситно но,доколку знае некоја повеќе како иде тоа на кредит без жиранти и се по ред да ми објасни.
Бидејќи прв пат ќе вадам картица, малце да ме информирате. Сакам да извадам дебитна картичка од тутунска банка за да порачувам од алиекспрес (виза електрон мислам се вика таа). Дали се плаќа нешто и колку пари треба да ставам на неа кога ќе ја вадам? И потоа во банка да одам кога сакам да ја дополнам? Инаку студент сум и не работам, ако случајно прави разлика.
Јас имам мастер дебитна од Стопанска, може и во странство да се користи. Исто имам и интернет картичка од Стопанска, колку ти требаат ставаш-трошиш и чиста работа. Немаш ни мала грижа дали ќе ти ја провалат ( многу се плашат затоа што при интернет купување се впишува бројот на картичката и такви работи ) и чиста работа. Искрено и самата бев скептик за тие купувања преку интернет со дебитна а посебно со кредитна картичка, иако светот така функционира, и оваа интернет картичкава ми е одлична.
Првин требa дa си врaбoтенa и дa земaш плaтa сo некoјa бaнкa сo кoјa сaлoн имa склученo дoгoвoр. Пoтoa aплицирaш вo сaлoн,пoтпoлнувaш oбрaзец и тие прaвaт фoтoкoпијa oд твoјaтa личнa кaртa и дoкументите ги прaќaaт тие нa бaнкaтa, a тебе ти oстaнувa дa чекaш дa ти се јaвaт дa ти кaжaт дaли тие е oдoбрен или не. Акo ти е oдoбрен oдиш вo бaнкa и уплaќaш 1500денaри дoдaтни трoшoци(тoлку е вo тутунскa бaнкa,зa други незнaм) и пoтпишувaш дoкументи се дoгoвaрaте зa месечните рaти кoјa зaвиси oд сумaтa нa кредитoт зa кoј си aплицирaлa.
Ми треба помош во врска со Diners картичката. Не сум сигурна како пресметуваат камата, ако има некој поупатен да ми каже.
За да ми префрлат пари од странство на картичка каква картичка треба да имам конкретно? како се вика таа?
Незнам дали прашањето ми е за во оваа тема,но сепак тука ќе пишам. Вака:Ми излезе проблем на работа со апаратчето за картички.Пред некој ден едне клиент плаќаше со дебитна картица сума 10000 денари и трансацијата беше успешна и успешно затворена.Наредниот ден кога пристигнав на рабоота,гледам дека апаратиот пак извадил сметна на која пишува извештај за промет ,дебитни 10000 денари и внимание batch ot не е успешно затворен,обидете се повторно.Денес,истата случка извештај за промет дебитни дебитни 10000 денари и на крај batch ot е затворен. Некој економист,вработен во банка,волонтер и слично ако може да ми даде одговор...
Здраво,пред две недели извадив Виза Класик на Тутунска...прашањето ми е доколку купам нешто што не е на рати, како банката на 15 ти ги повлекува парите,целата сума или повлекува минимален износ од смата околу 0,5 %
Пред скоро време почнав да работам онлајн. Па сега за исплаќање една од опциите е преку ПејПал, а ПејПал знам пред една година мислам беше кога стана достапен и во Македонија. Ме интересира дали било која картичка може да се поврзе со ПејПал или треба некоја одредена? Дали има некој на форумов што поседува картичка поврзана со ПејПал или има било какви информации околу ова. Однапред ви благодарам!
Било која картичка која има чип можеш да ја поврзеш со ПејПал. Проблемот е, колку што мене ме држи меморијава, што ПејПал со наша картичка можеш да го користиш само за купување. Значи не може да ти плаќаат преку него. Мој совет ти е да си отвориш Пајонеер картичка. И јас работам онлајн и сите плаќања ми одат преку Пајонеер. Ако ти требаат подетални информации, кажи.