Сакам да извадам картичка со која што можам да одам минус во плата и за купување на рати, од тутунска . Каква картичка ми треба?
Zdravo da ve prasam nesto, od stranstvo treba da mi prefrlat pari preku WU dali zimaat provizija koga ke gi podigam parite i dali gi davaat na raka primer ili mora na smetka da bide...prasuvam bidejki prv pat mi prefrlaat i ne sum mng zapoznaena so ova..
Ги даваат на рака само тој што ги испраќа треба да ти го даде бројот што ќе му го дадат кога ќе ги испрати и тој ја плаќа провизијата.
ако мислиш на тоа со две плати плус процедурата е ваква: Треба преку таа банка да земаш плата. После првата плата кога ке ја примаш на сметка , поднесуваш барање во банката , и во рок од 24 часа ти се јавуваат дали ти одобриле .
Вака извадив кредитна картичка од банката во која ми стига платата и со истата картичка имам лимит од 30 илјади денари, тоа се скоро 2 мои плати и сакам да си земам нешто од нептун и да го исплаќам на две години, фактички од банката да ми одбиваат секој месец пари. Е прашањето ми е дали со истата таа каричка можам и од некоја продавница да си купам нешто гардероба? Знам дека е глупаво прашањето ама другарка ми ме буни.
Картичката ја користиш за плаќање во трговија секаде каде што имаат ПОС терминал (апарат за плаќање со картица). Плаќањето на рати зависи од тоа која картица ја имаш. Банките имаат договорено со одредени фирми да може да се плаќа на рати без камата. По продавниците е назначено и тие самите ќе ти кажат на колку рати можеш да купуваш (како што спомна Нептун, Техномаркет итн).
Може и да ги подигне парите од картицата на шалтер или банкомат, но бидејќи е кредитна (не дебитна) се плаќа провизија. Зависно од банката/картицата на шалтер 5% од трансакцијата ќе наплатат, на банкомат 2% , плус некои 100 денари.
Штом имаш кредитна картичка можеш на било кој пос терминал да плаќаш, а можеш и на банкомат да извадиш пари (со провизија) Не е важно дали е во нептун или друга фирма, се додека имаат пос терминал. Како што кажа лемон (патем ме претрка во пишување хаха) има фирми каде што можеш да купуваш без камата, а искрено сметам дека треба да провериш колку ќе ти излезе камата за кредитите во нептун што се аплицира пред да купиш нешто. Ми се чини имаа нешто поповолна каматна стапка од кредитна картичка
Колку време чекавте од поднесувањето се додека не ви ја дадоа деб.карт.? Јас веќе 2 недели чекам, сеуште не ми се јавиле за да си ја земам.
Јас веќе го купив од аемце тоа што мислев, ме фати околу 20 илјади денари и ми направија на 12 рати да го плаќам со картичката. И нели тие на 12 рати секој месец ќе си влечат од картичката по колку пари треба ама мене не ми е јасно јас на банката колку време ќе треба да ги враќам парите? Инаку прашав во банката ама жената ја мрзеше да дише а камоли да ми објасни, ми презборе нешто не ја ни сфатив,
Банката испраќа извештај секој месец и ти има наведено во извештајот колку минимално можеш да уплатиш на картичката. Значи ти треба да уплатиш. Ако е на 12 рати, 12 месеци ќе ти доаѓа рата.
Вака имам едно прашање. Значи воопшто не се разбирам у кредитни и дебитни картички нити па сакам да имам некои нерасчистени сметки у банка ама имам еден проблем. Кредитна картичка немам, платата одсекогаш ми стигала на дебитна и си ја подигам у кеш и чиста сметка долга љубов. Меѓутоа пред 2 месеци зедов кредит и од тогаш почнаа да ми се случуваат некои работи на состојбата на сметка кои никако не можам да си ги објаснам. На пример ратата за кредитот ми ја одбиваат од плата и тоа си е океј, ама од оној остатокот што можам да го подигнам се случува некој да ми повлече пари а ја поима немам каде заминале тие пари. На пример имам 23500. Подигам 23000 ми остануваат 500 на сметка. И после 2/3 дена гледам дека ми ги нема парите и картичката ми е на 0.00. Тоа беше минатиот месец. Сега овој исто така имав околу 200/300 денари на картичка и пак проверувам состојба 0.00. А знам дека ич ама ич не сум ја чепнала картичката. Плус да напоменам дека уште кога го подигав кредитот малку ја спукав со таа шо работи у банка зошо и тогаш ми одби 300 давачки околу кредиот на договорот пишува 3000 административни трошоци таа ми вика 6000 и некои такви ситници. Ама како и да е имам некое чувство дека цело време ме прави будала у здрав мозок. Како може дебитната да ми е цело време на 0.00 а упорно оставам по неколку стотки. Е сеа ако има некој што се разбира дали постои некој оправдан начин да ми снемуваат пари од картичка ве молам да ми пишете. Ако не да знам да се карам Поздрав
А што си тупиш мозок? Земи си извештај и ќе видиш кој ти ги повлекува парите Се ти пишува во извештајот. Трошоците за кредитот ти зависат од банка до банка и зависат и во кој дел од месецот си го земала кредитот. Интеркаларната камата ќе варира.. Меница (ако имаш) се наплаќа.. административни трошоци и сл. Месечно одржување на сметка...
Ок Ок, благодарам Ја напоменав дека не се разбирам ама ич у овие банкарски работи. Само многу несвојствено ми е ова. Ќе најдам шо се дешава како и да е Поздрав