Дечки имам картичка на нлб тутунска банка,VİSA Electron поточно.Имам само една ситна трансакција до сеа на неа,а сега ми се појавија пари од никаде.По моја претпоставка е дека некој по грешка ги префрлил,ама ме интересираше дали има дозволено пречекорување, па тоа да не ми го дава како расположливи средства. Немам стални примања,па малци ми е нелогично да ми дозволат пречекорување и како воопшто висината на истото ја утврдиле.
Ако користиш НЛБ Клик види во промет во периодот од каде е приливот. Ако е грешка, фер е да пријавиш во банката.
Си правел некои уплати, уште не се повлечени од страна на тој што треба да ги добие. Види во промет во периодот ќе видиш кој пари се и од каде. Или твои пари се , банката треба да даде одоброение да се ослободат.
Ве молам за совет: Имам трансакциска сметка од Тутнска банка со дозволен лимит од минус една плата. Од неодамна се вработив на друго место за поголема плата и сакам да го зголемам минусот соодветно на платата. Прашав во банка можело да се направи промена, ама на шалтер дечкото ми вика, подобро ти е да си земеш кредитна картичка за рати бидејќи имаш иста камата како за минусот, а вака со кредитните можеш да одиш и со сума од две плати во минус и можеш и на рати да си отплаќаш. Дали ми препорачувате да си земам кредитна картичка и која е поповолна Мастер или Виза?
Сакам да извадам дебитна картичка од Стопанска банка, најмногу за купување на интернет, но не знам дали Visa Electron или Master card. Anyone?
Дали на НЛБ ТУТУНКА БАНКА може од дебитна виза картичка да се префрли пари на друга дебитна виза картичка ама да биде преку интернет?
Дали со дебитна картичка од банката можи да се плаќа во странство или треба да се пополнува додатно нешто во банката?
Не сум приметила да ми земаат провизија кога плаќам дирекно. Шознам. Имам дебитна на НЛБ. Освен нели тоа месечно одржување кое го плаќам без исклучок.
Тоа на банкомати наплаќа надоместок за користење, инаку на ПОС терминали нема. И повеќе ти се исплати со картичка да плаќаш, посебно за поголеми суми, отколку во кеш. Банката ти смета по среден курс, а ти додека смениш евра, па уште во некоја друга валута ако треба, (куповен-продажен разлика, плус провизија за менувачницата, ехехеееее....)
Зборувам за плаќање дирекно на терминал. За вадање готовина од банкомат знам дека зема со сигурност. Затоа ме збунивте, оти стално ја користам само за плаќање дирекно и немам приметено провизија. Инаку за вадење на банкомати варира. На Раифајзен во Бг било која трансакција од банкомат беше 1 или 2е.Не се сеќавам точно.
Zdravo me interesira dali nekoj zane kolku vreme moze da kasnis so isplata na ratata od kredit mesec dva .dali moze da ti pratat izvrsiteli kako odi toa,vi blagodaram odnapred pozz
Сакам да ве прашам, да не има искуство некоја со дебитна картичка низ Европа..? Колку е камата од банкомат?