женски денес забележав една девојка со така баеѓи длабоки брчки околу очи...па размислував за тоа дали да се користи крема за околу очи и кога треба воопшто да се започне... јас на пример единствено еднаш имам ставено и ми се вцрвенија очите... ме интересира дали и какви креми користите
Веднаш штом наполнив 25 години, почнав да користам крема за околу очи. Значи веќе 3 години ја користам Еколаген кремата од Орифлејм, и сум задоволна. Порано имав темни кругови околу очите, и откако ја користам кремата се намалија. А за брчките, нормално дека нема да ги отстрани комплетно, туку ги намалува, не се толку изразени барем кај мене. А и да признаеме, брчките можеме да ги сокриеме само со пластична операција
девојки сакам да ве прашам дали некој ја има користено кремата за околу очи на Галафарм? Сакам да ја купам ама ме интересира дали некој има искуство со неа, и колку пари е - гледам дека е 50мл, а тоа за околу очи е баеги многу, па ако не е убава џабе сум ја купувала.
Можеш да почнеш да користиш уште кога ќе забележиш тенки линии околу очите, отприлика 20, 21 год кај секој е различно. Јас ептен почнав да се нервирам кога почнаа да ми се јавуваат првите линии и почнав да ја користам 24 часовната од Авон- Аnew rejuvenate и ептен е убава. Таа појќе се препорачува за после 25 мислам како за првите знаци на старост, ама јас си ставам одвреме навреме, посебно зимата оти тогаш повеќе се познаваат. И за било каква крема да користиш не ја ставај премногу блиску до очите оти од тоа може да те печат очите.
Епа ти ставај пак,па да видиш за 10 години кога ниедна крема нема да ти помага. Има специјални креми за помлада кожа против брчки.Секоја си има различна содржина која е потребна во зависност од староста на кожата. И друго,кремите се за околу очи,а не за во очи,затоа ти се вцрвениле.Се нанесува на неколку милиметри од горните и долни трепки. Јас ја користам од авон лив ботаникалс и сум задоволна,немам темни кругови откако ја користам,а и значително посвежа,мека и еластична ми е кожата околу очите.
Девојки го користи некој кремот за околу очи од авон спа розевото со саке? Задоволни ли сте?Сакам да го купам? Mоже ли да го користам иако имам 21 година?
Инаку јас имам 19 и мислам дека е скрос океј да се користи. Само навлажнувачки делува, нема колаген или слични состојки за спречување брчки, така да не е штетно и покрај твоите 21 година.
Дали некој ја има користено кремата за околу очи на Green Line? Задоволни ли сте или не.....ако сте ја користеле да напишете некое мислење за тоа.
Девојки кремата на авон за околу очи за која што имав пишано што е во плаво пакување била за 30+ а јас ја имав ставано ме излажала та пријателката што е зачленета
не се секирај не е страшно , јас имам пријателки кои имаат по 25 години а користат креми со хијалурон за над 50 ништо страшно
дали некоја користела афродита крема од камилица за околу очи?? пред некој ден ми ја препорача една аптекарка во аптека и вели дека е освен за брчки и против подочници!!!!! искуства ????
Грешка си рајна и тоа мноооогу. Оти користејки креми кои не се за соодветната возраст добиваш спротивен ефект, па така да ако на 25 години користиш креми за 50 години само длабоки брчки мозеш да добиеш т.е. твоите пријателки. бејби блу, внимавај од кого порачуваш козметика , оти на тие од авон им е во корист да продадат, а ти ке ги поднесуваш последиците за цел зивот на твоето лице(за секоја крема пишува за која возраст е )
не е толку страшно колку што е преставено!!! од една кутија крема ништо страшно нема да се случи па не е тоа таблети!!! и јас сум против цело време да се користат креми за постара кожа ама тоа што го купила може да си го искористи ништо послебно нема да и се случи од една кутија крема