Оваа крема е за возраст 40+. Се надевам дека ова 97 во корисничкото име не ти е годината на раѓање, бидејќи ако е така ептен утка имаш направено со изборот на крема.
Здраво драга, ако сакаш нешто поекономично земи ја таа на ла Сој која ќе ја најдеш во продавниците на Ла Сој карши Соборен Храм и на штандот во Веро Џамбо. Станува збор за бејби путер од шеа путер, масло од невен, алое вера гел, масло од семки од кајсија глицерин и витамин Е. Наменета е за нега на детската кожа ама со оглед на тоа што сите овие состојки се одлични за нега на кожата околу очите зошто да не ја искористиме. Шеа путерот одлично храни, алое вера гелот омекнува и благо избелува, витаминот Е е одличен природен спречувач на предвремено стареење на кожата, маслото од семки од кајсија одлично храни, така да нема некоја состојка која би можела да иритира или да создаде проблем. Доколку парите не ти се проблем дефинитивно како најдобра крема за околу очи без анти ејџ состојки како ретинол и Q10 ти ја препорачувам онаа на Др. Хаушка, само што цената ако не се лажам беше некаде околу 1100 денари. Таа е баш за секој тип на кожа а имаш две варијанти полесна и помасна како путер (во зависност колку ти е сува кожата). Другите креми кои ги имам видено се сите со анти ејџ состојки кои не би ти ги препорачала, ти си сепак млада и од сега треба да ја навлажнуваш и храниш кожата, а за понатаму секако ќе започнеш и со анти ејџ терапија има време. Поздрав п.с. само еден пријателски совет до сите девојки на форумов. Кожата околу очите додека сте млади (на пример 20 до 33 години) немате потреба од специјални анти ејџ креми околу очи. Доволно е влажноста а ја оддржувате со шеа путер, кокосово масло, масло од авокадо затоа што најважно е да се хидрира и храни тој дел од лицето за кожата да остане еластична. после 35 година (во зависност од начинот на живот, пушење пиење итн) може да земете анти ејџ креми за околу очи. Нема потреба предвремено да се мачкаме со ретинол и останати состојки.
Имам и ја проблем со темните кругови околу очите,не се мачкам со ништо,препорачајте ми некоја крема или серум што има ефект.
Не само што нема потреба, туку е и штетно, затоа што тие состојки ја прават кожата мрзелива - добива тоа што и’ треба од надвор и ја намалува сопствената способност за регенерација. Додека е млада и функционална кожата, анти ејџ крема има спротивен ефект и предизвикува предвремени брчки. Зато и си пишува на секоја крема за која возраст е, не е за џабе тоа ставено.
Ете како за прв пат јас би ја одбрала Геровитал плант. Така од што ги прочитав мислењата во темата јас тие би ги одбрала ај да не е нивеа или лореал (за да не бидат толку популарни) . Па ќе споделам искуство. Ако добро прочитав не е баш многу евтина па и не е којзнае колку скапа. Ај ќе пробам па ќе ви кажам.
Девојки , јас овие 2 недели имам еден проблем , под очите почна да ми се лупи кожата и ми беше рапаво на тоа место. Не ја чепкав но почна да ми се лупи и ја излупив на тоа место. Сега ме боли на допир веќе неколку дена , дали мислите ова ми се случи од кремата за лице или од нешто друго е? Дали треба да користам некоја крема за околу очи?
Пробај со кокосово масло и не употребувај шминка додека да се опорави. Може да е од кремот, а може да е и од шминката. Инаку да, добро би било да употребуваш соодветен крем околу очи. Тој на Dr Hauschka не содржи состојки против стареење и е многу благ. Мислам дека е најдобар за тие што не бараат за затегнување. Мене ми смири иритации и отоци на капаците. Не знам зошто така ти се случило, прв пат слушам. Можеби сепак е најдобро да одиш на доктор.
Не знам ова прв пат ми се случува, а најчудно е што е така и под двете очи. Не ме боли ама онака ме пече при допир а не се познава никакво црвенило. Каде има производи на Dr Hauschka во Скопје? Леле само да не е реакција некоја од сапунот или кремата на La roche posay effaclar, баш си реков најдов идеални производи за мрсна кожа , можно е и да ми го суши тој дел кај очите..
Лишаи да не ти се од ладното? Мене порано така ми се правеа, со обична крема од невен ми поминуваше. Фала богу веќе неколку години не ми се појавуваат, можеби затоа што не користам многу агресивни производи за кожата. И од мене совет, не користете предвреме препарати што се наменети за позрела кожа. Јас само кокосово или бадемово масло ставам околу очи, па досега еве, фала му на Бога, немам брчки, барем не овие што се типични за мојата возраст.
@koritsaki мое мислење е дека си го иритирала местото од коректор или што и да користиш во тој предел. Таму кожата е релативно тенка и осетлива. Да не ти е евентуално кога си вадела шминка па таму поагресивно да си притискала. Убав совет ти дала @LivingGlam за кокосовото но јас знам имаше масна кожа па да не ти предизвика дополнитено некој проблем, штознам Најдобро посети си лекар ако можеш набави ладно цедено масло од семки од грозје предобро е. Таму кај вас има сигурно. @LivingGlam може ли слика од кремата на Хаушка, ме заинтересира па да ја видам Се надевам алкохолот не му е меѓу првите состојки.
Јас би ти препорачала за почеток само кокосово за да го смириш, а кокосот делува и антибактериски. Ако производите се премногу агресивни и сушат може да се појави таква реакција, сите различно реагираме. Пробај со кокосот. Еве сестра ми веќе година дена го користи како крема кокосовото масло на цело лице и тело и ми вели Вики лицето не ми било поубаво!!! Пробај и кажи ми.
Кремата на др.Шелер за околу очи за мимички брчки, за која возраст одговара, не пишува од која возраст може да се употребува , има некој да сподели искуство? Ви благодарам
Здраво драга, сликни декларација или остави линк од кремата за да ти кажам според декларацијата и состојките за која возраст е. Поздрав.
До скоро не знаев дека и такво нешто постои, но ког а дознав се одлучив за Radical skincare производите и до ден денес не сум ги сменила и ми се бендисуваат.
Сува ми е кожата, а и коректори користам секојдневно под очите.. и овие денови баш се загледав, имам 23 год а воопшто не ми изгледа свежо тој предел некако суво и ..нз како да објаснам.. дефинитивно како за постара воздраст. Сакав да купам некое кремче, ама пак не сакам уште сеа со такви работи, штознам. Некогаш навечер ставам масилново масло на тој предел и следниот ден има драстична промена, ама краткотраен ефект затоа што е масло, нормално. Ќе земам кокосово масло да пробам и со тоа, или можеби ќе ми препорачате нешто др?
Здраво драга, уште си млада за некои специфични креми па затоа продолжи со маслото. Ставај го во комбинација со алое вера гел за да имаш посвеж изглед или евентуално на благо навлажнета кожа. Ако ти е многу сува тогаш маслоновото е супер, ама ако сакаш пробај и кокосово па сама одлучи што повеќе ти одговара. Инаку обиди се да не ставаш коректори, особено ако се силиконски. Силиконот има цел да масти, меѓутоа не негува воопшто па ако долго се употребува ја запушува кожата и во некои случаеви ја суши. Доколку не можеш без коректор пробај го оној на алверде или пак оној на Др. Хаушка кој е одличен и освен што прикрива истовремено и негува што е одлично со оглед на тоа што содржи високо ценети масла и путери. ПОздрав.