Биодевојка, ќе те замолам да ставаш сликички од производите, бидејќи нели имаат повеќе линии производителите. Некогаш стварно не знам на кои производи мислиш, на пример сакав во еден пост да те прашам и за кармините на лавера. Полесно за наоѓање би ни било кога ќе ја видиме и опаковката, можеби производот на кој ти конкретно мислиш е повлечен од продажба. А незгодно ми е да те замарам со потпрашања на постовите.
Летото користев поради тоа што многу време бев на сонце, имав нарачано од Авон, од поскапите, и од сите наведени карактеристики, ниту една не ја исполна. Залудно фрлени пари, ем многу ме печеа очите (иако немам осетлива кожа).
Важи мила, секако полесно е доколку атвам слики, попрегледно ќе биде. ок од сега па натаму ќе ставам, ако некогаш заборавам слободно потсети ме
Моментално ја користам оваа крема. Има бел пигмент што ја осветлува кожата под очите и прави да изгледа свежо. Лесна и освежувачка. На моменти ептен ми е сува и ме затега, а тогаш ја користам во комбинација со арганово или кокосово масло (пред спиење). Соодветна е за млада кожа бидејќи не содржи прејаки ствари. Има дискретен мирис и не ми ги има изиритирано очите. Задоволна сум од неа, чини околу 180 денари.
А да ми препорачате некоја крема за околу очи си имам баш темни кругови дали дека имам светли очи толку ми се приметуваат или нешто друго е
Исто како и кремите за лице, така и креми за околу очи имаат старосна граница. Не е потребно да се почнат толку рано, но може да се негува пределот околу очите со нанесување на многу тенок слој на природно кокосово масло.
ајде некој нека препорача ствано добра крема за околу очи, во последно време ептен темни кругови имам.
Паше дај те молам престани да спамираш. Едно мислење е доволно - напиши што имаш да кажеш на темата и готово, не мора по сто пати и не мора во различни теми. Темава е - крема за околу очи - ќе најдеш сто препораки во неа, само треба да направиш напор да разгледаш низ страниците. @pashe2004 - да те тагнам за секој случај, зашто мислам дека ништо не читаш.
Од колку години се почнува со крем за околу очи? Имам дома 2 од clinique ги добив на поклон ама незнам дали да ги користам.
Прочитај ги состојките. Ако има ретинол, Q10, и други антиејџ состојки најдобро да ги одложиш. Зашто сега кожата ти е млада и има доволно еластичност, треба да ја оддржуваш само со навлажувачки креми. Ако и’ ставаш антиејџ состојки може да има несакан ефект - ќе ја направиш кожата мрзлива бидејќи ја трупаш со такви состојки, па ќе престане сама да произведува доволно колаген и ќе стане сува, зависна од кремите. Ако ти треба кремче за околу очи, почни со нешто што нема такви состојки, на природна база. Dr Hauschka ја фалевме повеќе пати низ темава, а и Алверде може да се добри за млада кожа. Си треба крем и во 20тите, ама треба да биде соодветен.
И јас ја меркам оваа крема за околу очи, ја завршив на Орифлејм (Optimals White Seeing is Believing Eye Cream) а претходно искористив две тубички од Нивеа кремата против брчки со масло од семка од грозје. Имам сува кожа, 31 година Таман е оваа на Алверде за мене? Искрено почнав да разгледувам и поскапи опции, на Клиник и Есте Лаудер, ама не се решив, не знам, на Клиник ја гледав ричот, и прочитав поделени мислења, некако не ми се даваат толку пари за крема, а сепак да не сум сигурна каков ефект ќе постигнам. Генерално немам некој проблем, немам темни кругови, немам перничиња онакви, повеќе ја користам како нега, превентивно, а имам ситни мимички брчки, ако воопшто можам така да ги наречам...
Jaс од кремите на алверде за очи сум многу задоволна, ако имаш над 30 години би ти го препорачала серумот со godji berry. Само да знаеш дека се лоши како подлога за шминка, а и немаат заштитен фактор.
@Biodevojka те молам препорачај ми масло или крема за околу очи што би ја ставала ноќно време? Некое независно од восраста како на пример масло од невен или слично..?
Здраво драга како масло може да користиш арганово, невен, кокосово, авокадо во комбинација со алое вера гел или на благо навлажнета кожа (за подобро да се впие и да има подобро влијание самото масло). Како крем за очи независно од возраста дефинитивно на Др. Хаушка. Еден од најдобрите кремови кои ги имам пробано а одговара на било која возраст. Единствено нешто е цената околу 1200 ако не се лажам, ама верувај доколку може да си го дозволиш вреди секој денар. Поздрав. п.с. доколку се мислиш околу изборот на маслото прочитај ја статијава која ја напишав токму за маслата како третман околу очите. http://dama.mk/najdobrite-prirodni-masla-za-nega-na-kozhata-okolu-ochite/