Здраво драга @Biodevojka Би те замолила да ми одговориш на две прашања. Дали можам да го користам овој алое вера за под очите? Ова на сликата е за внатрешна употреба и пишува дека е чист алое вера гел. Ми се допаѓа што е во мали кесички и е доста исплатливо. Имаше пишано и дека користиш витамин Е во капсули. Дали се овие ОК за под очи? Ти благодарам многу!
Извини што и јас ќе се вмешам ама само да те прашам, пишува ли кој конзерванс е употребен кај алоето? Јас имам користено исто чист алое вера гел, но конзервиран со лимонска киселина, па таа ми правеше проблем, црвенило, печење и иритација. Од каде го купи? Капсуливе со Е витамин дали се проѕирни со течност внатре?
Не, а и не можам никаде на интернет да најдам Капсулата е жолта, но маслото внатре е проѕирно. Ги купив од Зегин. Една кесичка алое вера е 25 ден ( има 20мл), а капсулите де 185 ден една лента.
Драга се обидов и јас да најдам декларација на интернет ама нема. М ислам дека станува збор за сок а не за гел, барем така пишува. Евентулно да поминам во аптека и да ја видам кутијата на производов. Со оглед на тоа што е за внатрешна употреба како конзерванси мора да се употребени содиум бензоат и потасиум сорбат. Пробај го и доколку ти создава проблем не го нанесувај. За витаминот Е кажувај од кај го зема. Овој Д алфа е еден од најактивните видови на витамин Е до сега го немам видено овде. Дали ја имаш опаковката да ми кажеш што пишува како состојки??? Благодарам. п.с. многу ценам кога вака ме известувате за производи што не сум ги видела. Понекогаш немам време да прошетам и вака барем одам директно да видам декларација.
@Mama25 Дали ги имаш користено некоја од овие 2 креми за очи на Nuxe? Пребарував низ форумов гледам ти ги спомнуваш производиве на Nuxe па викам да те прашам тебе
@LollySky и мене ми направи иритација Алое верата. И тоа доста лоша, цело лице ми букна и ми се зацрвени, отече...Среќа па за некое време се повлече. Не ја пробувај. @Biodevojka капсулите Е витамин ги земав од Зегин, но само една лента (185 ден) па затоа ја немам кутијата. Ако ги провериш состојките- пиши мислење Инаку, прв пат под очите ставам Е витамин и супер ми го прими кожата. Навечер ќе ставам од него, а наутро од маслото од дива роза на Алверде, кое кај мене се покажа како одлично, подобро и од кокосовото масло.
Фала Avery! Штета за алоето, а баш си помислив колку е практично спакувано. Сега ке купам и jaс од витамин Е капсулите, немав во план ама мора да ги пробам
@koritsaki малку каснам со одговоров,дури сега се вклучувам. Околуочна крема нивна немам користена,само дневна за почетни брчки и сега тестирам еден нов флуид,онака случајно го земав. Инаку нивната ББ крема ми е незаменлив производ. Секогаш имам залиха од неа. Предобра е само што нема баш нијанси тоа е маана. Заборавив да прикачам слика па морав да реадактирам .
Која е подобра Оваа на Балеа: Или оваа на Алверде: Јас веќе ја користам оваа на Балеа, ама сакав нешто да сменам, да пробам нешто ново...се мислев за Алверде. Или пак да си продолжам со Балеа и така сум задоволна од неа, солидна е. Не ми треба некоја посебна нега со Q10, затоа што сум млада, само за хидратиција ми е и да не ми се познава толку уморот.
Јас користам од Еуцерин. Нема ништо магично, само добра хидратација. Зимно време знае и доста да ми се суши кожата околу очите па крема од невен или некое масло од кокос, бадем што да е исто врши работа за преку ноќ.
@Biodevojka може да ми одговориш освен парабени и парфем дали кремата содржи други загрижувачки состојки кои би ги посочила? И во која воздрасна група би спаѓала? Извини за замарање и фала
Здраво драга не е комплетно природна иако како замисла е интересна. Содржи и парафин кој јас би го избегнала иако е во мал процент. Инаку со оглед на тоа што содржи пептиди би рекла од 40 или 45 па нагоре. Поздрав
Здраво девојки дали би ми ја препорачале оваа крема, ми треба само за хидратација, сеуште ми е рано за антиејџ креми (имам 21 година). Видов на претходните постови доста ја фалите.
За тоа што ти треба, хидратација а не затегнување, е предобра. Не ја иритира кожата воопшто, и не смета на очите.
Ти благодарам на одговоро, ќе ја пробам. Се надевам ќе ми поможи зошто за прв пат оваа зима почна кожата под очите ненормално да ми се суши.
@Biodevojka ,може ли да ми препорачаш некоја крема за околу очи со квалитетни состојки во неа? За хидратација и спречување почетни брчки.