Драга може да ставаш чисто масло на пример кокосово (на благо навлажнета кожа) или шеа путер кој исто така е одличен. Доколку сакаш крем за твои години само на Др. Хаушка со оглед на тоа што нема анти ејџ состојки а одлично негува. Има во тубичка кој е баш крем и во кутивче кој е помаслен. Ова ти го препорачувам затоа то пиша дека цената не е проблем, а кремов е некаде околу 1900 мкд (до таа цена може и помалку да е). Ама верувај одличен е. Другите креми што ги знам не се за твоја возраст. Поздрав.
Не ми се погоди кремот на Балеа. Исто ме печат очите и многу уморни ги осеќам навечер после цел ден поминат со кремов. И овој ќе оди во канта...
Денес бев да ја земам кремата, биодевојка и наидов на две за иста намена па не знаев што да земам односно едното носи назив: Балзам за околу очи а другото: Хидратантен крем за околу очи. Што мислиш ти?
Ја земав оваа бидејќи сум фан на Биодерма, почнав да ја користам неколку дена но почнаа очите ужасно да ми лутат и да ми солзат.. Не знам дали тоа е нормално во почетокот бидејќи досега не сум користела крема за околу очи, или пак можеби неправилно ја нанесувам - ставам блиску до окото
Од мое искуство, сметам дека не треба да ти се појавува ваква реакција. Пробај за почеток да нанесуваш баш на делот под очите кај што се формираат подочниците, па види дали ќе има некоја разлика. Доколку ситуацијата е иста, најверојатно некоја од состојките застапени во составот не ти одговараат. Провери го и составот за секој случај, можеби има алкохол па затоа ти се јавува реакцијава.
Земи го хидратантниот крем во тубичка. Балзамот е помасен и може да ти биде потежок. Тој е за ептен сува кожа. Оној крем во тубичка хидратантен го имам лично пробано и одличен е. Др. Хаушка е омилен крем за околу очи на сестра ми. Поздрав.
Кај мене има слична реакција од било кој крем за очи што сум го пробала. Не многу изразено печење (без солзење), ама штом ставам крем, ко нешто луто да сум ставила околу очите, и ги осеќам уморни, како да ми се спие, цело време како да ми се затвораат. Ајде еднаш два пати да се случи, ама без исклучок, од секој крем е исто. Од масла немам таков проблем, ама реков со крем да пробам. Џабе фрлени пари. Освен ако @Biodevojka не ни препорача нешто друго.
Здраво драги, не сум ја користела никогаш кремата која ја споменавте и не можам да коментирам за неа. Обично зависи од тоа колку ви е чувствителна кожата. Јас можам да ви препорачам нешто, ама не можам со сигурност да ви кажам дали ќе ви одговара, тоа е индивидуално. Кажете ми до која цена. Поздрав.
Цена не е битна, проблем е што имам пробано многу креми за околу очи, од сите го имам истиот проблем. Затоа веќе и не сакам да купувам, можеби е најдобро да си продолжам со кокосово масло.
Може слободно да продолжиш со кокосово одлично е, или доколку ја немаш пробано онаа на Хаушка пробај ја. Поздрав.
@Biodevojka сакав да те прашам дали е добар овој кремот на Хаушка за црни кругови под очите? Немам проблем со брчки или нешто, имам 21 година, ама имам темни подочници.. дали е добар овој крем, или евентуално некое масло?
Здраво драга ако имаш 21 тогаш овој е единствен крем органски кој може да ти го препорачам. Е сега дали е ок за темни кругови не би знаела, содржи мислам екстракт од ананас па би требало да помага, ама не можам со сигурност да кажам како ќе влијае кај тебе. Можам само со сигурност да ти потврдам дека е еден од најдобрите кремови за околу очи кај нас. Поздрав.
@Biodevojka или можеби некоја од другите девојки ако знае. Дали можам да го користам ова кокосово масло за околу очи? Десно на сликата, на попуст е во ДМ па да си го земам. Или пак некој друг предлог докај 500 денари може. 26 години имам. Фала однапред.
@Biodevojka здраво Многу ми помагаш со советите, и навистина сум благодарна Прашање: Дали маслото, пр, кокосово, треба да се измие после 15 мин, или да се остави да се впива во кожата? Почнав едно време редовно да го користам па забележувам нови ситни брчкички, сега не знам дали од годиниве или од тоа што е директно масло на тенка кожа? И друго, побитно прашање: Што мислиш за Серумот Витамин Ц, што се рекламира на големо, Dr.Viton-Vitamin C Serum?
Драга маслото може слободно да го оставиш нема потреба да се мие. Нанеси го на благо навлажнета кожа. Серумот го немам никогаш пробано, не знам што да ти кажам. Моментално тестирам еден прекрасен серум со кавијар, па за недела дена ќе напишам статија. Поздрав.
Мене ми е гадно да го користам околу очи. Тече надолу, може во око да влезе и да ти се гледа матно. Мене ми беа потечени подочноците од кокосовото, па престанав да го користам. Сега користам крем за околу очи од Алверде.