Овој крем го користам долго време и сум презадоволна. Има одлична текстура за мојот тип на кожа и бавно се троши. Не предизвикува никаква реакција по нанесување,но тоа е индивидуално. Цената е околу 380 ден.
Драга од сите гелови кои ги имам досега видено, би ти го препорачала оние за внатрешна употреба од Lily of the Desert и Botanicals. Големи се од литар и коштаат околу 1000 мкд. и може да ги користиш и внатрешно.
Да, и мене ми се случи еднаш истово, но сега некако повнимателно нанесувам и немам мака, а состојбата на кожата ми е значително подобрена. Инаку го користам и за други посуви делови, многу често на нозете, зошто таму ми е обично овој период сува кожата.
дали некој знае некоја крема која и ќе ги наали подуените подочници? Значи ги мразам, не можам да се гледам. како што ми е и работат пред лап топ уште толку ми се отечуваат
@Annath а преку што се проверува, јас имам правено ехо на бубрезите песок ми покажа мислам тоа не е ништо страшно
Само ладно цедено од тегличка. Тие во мали шишенца од 50-100 ден се само парафин со мирис на кокос, ништо хранливо за кожата нема во нив.
Песок во бубрезите не е ништо страшно, ама од искуство во фамилија, отечени подочњаци и очни капаци се јавуваат кај лица кои имаат проблеми со задржка на вода, дали со бубрези, дали со срце... мислам дека покрај ехо треба и други подетални испитувања, ама за жал, не знам да ти кажам точно што.
Купив крема против брчки (Еуцерин, хијалуронска киселина) и се прашувам дали може од неа да ставам и на пределот околу очи? Или мора да купам специјална крема за околу очи? Инаку прв пат купувам лично за мене крема против брчки и не знам како идат тие работи
Може да се става и од кремата што е наменета за лице, иако секако дека е подобро да се става крема што е само наменета за очи, бидејќи тој предел е мн понежен, па баш и затоа и се препорачува креми наменети за пределот околу очите,особено ако си во годините како мене (30) и веќе се видливи брчките
Фала ти на одговорот, ќе купам понатаму и крем за околу очи. Инаку јас сум во дваесеттите години и почнаа да ми се јавуваат брчки околу очи. Купив Еуцерин со хијалуронска киселина, тој од аптека ми го препорачаа... Се надевам ќе помогне
Јас од 25-26 , а може и порано, а инаку може да се користат и природни масла, малсиново , кокосово, особено бадемово, но не оние рафинирани како на пример на галафарм, туку органските, малку се поскапи но и траат, така да @Макрис и ова можеш да користиш
Може некој да ми предложи добро кремче за под/околу очи? Немам некои изразени подочњаци или брчки, ама гледам како сува, безживотна да ми е таму кожата и ми се слепува, па делува ептен набрчкано, не знам како да го објаснам.. Некоја хидратантна крема за млада кожа, 26 имам. Користам Еуцерин аквапорин за лицето, и ставам по малку и под очите ама нели не треба кремата за лице и за околу очи да се користи зошто треба некоја лесна крема за таму.
Јас ја користам оваа на Dr.Hauschka и сум презадоволна лесно се впива околу очите , дава хидратација и најважното природна е
Каде да ја најдам и која цена е? Гледам добри ривјус, ама и дека е маалку посоленка, 50 долари за тубата..