Не , не е 50 евра тубата во никој случај Јас ја земав пред 2 недели од Еурофарм околу 1100 денари со 20% попуст
Фала ти премногу, ќе ја земам, се изначитав убави работи за целата линија на нивниот сајт па се надевам ќе има добар ефект на мене
Нема проблем се надевам и ти ќе бидеш задоволна и кремата за лице ми е супер баш ќе напишам повеќе за неа деновиве
Јас околу очи го користам маслото на Алверде од дива роза. 15мл за околу 200 денари, се нанесува со пипета и си дозираш колку ти треба. Навистина сум презадоволна.
Пишува дека е за сува кожа, но јас имам комбинирана па сега во зима ми е супер за околуочната зона. Формулата е хранлива и хидратантна, но не остава масен филм по впивањето. Ќе видам како ќе биде кога ќе се покачат температурите, но штом кремата ми одговара би требало и ова.
Веќе 3месеци ги користам капсулите на Elizabeth arden и сум премногу задоволна со оглед на тоа што работам ноќна смена изгледам и повеќе од одморена ги препорачувам
Od Koja vozrast se koristat kremive za okolu oci? Jas nikogas ne sum koristela a sum mislela deka nema ni da koristam no mi se pojavi Edna linija valjda brcka e pa bi sakala da probam nekoja. Koja bi mi ja preporacate?
Препорака за добра крема против брчки околу очи, имам ситни линии во пределот пред очите. До 25 години. Благодарам.
@Mishela кое масло го коритиш? Се мислам кој производ да го земам за околу очи, а имам темни кругови под очите. Време е да почнам со некој производ за нега на очите, секој предлог е добредојден. @Biodevojka која е разликата меѓу овие креми, Спојлер
Alverde од дива роза. Феноменално е, Ребека. Пробај го ако не ти смета мирис на роза. Нежно мириса сепак. Го користам и за нега на врат и деколте.
Фала ти, ја мислев слика ке ставиш, затоа прашав кое масло. А прочитав дека е од дива роза, ама натписите на германски, па тешко ми оди пребарувањето. Не ми смета мирисот, освен ако не е ептен јак?
Пуштена сум од мобилен, па не можам да прикачам слика со урл, прекомплицирано ми е. Го имам на слика во Вашето козметичко катче низ слики. Ќе го најдеш на сајтот на ДМ, го има со натпис доле на Македонски.
@Rebecca_R повели И јас гарантирам за маслово. Три години го користам во комбинација со активен кислород или алое вера гел како база (хидролат), а може да се користи и на влажна кожа.
Многу ви фала девојки. Само уште едно прашање, околу очи го нанесувате само маслово, на влажна / сува кожа или како што вели Avery со некоја база?
@Rebecca_R јас го користам околу очи веднаш после миење на лицето навечер, па кожата не е ни сува, ни влажна ама одлично го впива. Сега за сега јас би се држела на масла, уште не ми е во план внесување на крема за околу очи во секојдневната нега.
Здраво драга, како девојките погоре и јас тврдам дека маслото од роза е феноменално. Најдобро е да го нанесеш на благо навлажнета кожа за убаво да се впие. Разликата помеѓу кремве е сигурно во составот.
Ти благодарам, се одлучив за маслото, ке пишам импресии за недела-две. Имам и прашање за тебе. Во ДМ ги видов овие етерични масла, 79 или 89 денари. Добри се? Ги имаш користено? Мислам дека се поевтини во споредба со други етерични масла, па ме интересира твоето мислење.