Е фала ти, не ги погледнав, купував други работи, па ја забележав цената само и описот беше етерично масло. Кога ке ми треба освежувач, баш ке ги пробам, од сите други производи сум задоволна.
Гел за пределот околу очи со кафеин, алантоин, провитамин Б5, колаген, коензим Q10, хијалуронска киселина, екстракт од рускус масло од морков и масло од невен. Специјална формула која ги ублажува темните кругови околу очите и ги намалува ситните линии (брчки). Кафеинот и екстрактот од рускус ја подобруваат циркулацијата и ги намалуваат евентуалните отоци или подочници. Колагенот и Q10 имаат анти ајџ влијание и се одлични против брчки, а маслото од морков и невен омекнуваат и хранат (иако процентот не е голем). Алантоинот има специјално ленитивно и омекнувачко дејство врз кожата. Шишенцето е рол он, што ја олеснува апликацијата и дава студен ефект (рол он делчето е железно) кој и тоа како е добредојден...Го користам со огромно задоволство и можам да кажам дека дава добри резултати!!! Колку сум само среќна кога ќе погодам една формула како што треба!!! . И среќна сум кога ќе може да ја споделам со вас овде!!!
Здраво Прошетав низ форумот за подочници и видов секакви креми, лосиони и што ли уште не. Дали некој има позитивно искуство со креми за подочњаци и постигнат ефект
Преку глава ми е од темни кругови околу очите, и од креми за подочњаци и од козметичари. Пробав све. И конечно ја видов светлата точка на крајот на тунелот. ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ! Во аптека најдов таблети против подочњаци и темни лругови околу очите. Еве веќе месец дена ги пријам и гледам дека ги снемува полека полека. Мислам дека се права ствар за оваа работа. Поздравче лепотици мои
Jas gi kupiv od Eurofarm i se 1260 denari za cel mesec. Mozes da gi kupis na lenti pa prvo si kupiv dve lenti so vkupno 30 tableti pa posle 15 dena si kupiv uste 30 tableti. Taka mi bese polesno. I ne e skapi ako razmislis, eden tretman za podocnjaci se dvizi od 800-1000 denari a kozmeticarive ti vikaat deka treba da napravis 3-4 tretmani mesecno. Se sto se pravi so tretmanot e lokalno deluvanje na prostorot pod ocite so kremi i slab e efektot pa posle trebase da si go koristam omileniot korektor za moite podocnjaci. Za tabletkive citav deka imaat nekoi sostojki koi dejstvuvaat na krvotokot vo krajni tocki kako podocnjacite, sinusite i slicno i taka preku zabrzuvanje na krvotokot se gubele podocnjacite poleka. I vistina tako bi. Poleka se menuva kozata vo predelot pod ocite. I ke si prodolzam vaka, pa ke vi pisam.
Ova se tableti mnogu se popularni vo Svajcarija. Inace tamu rabotev okolu edna godina vo dermatoloska ordinacija kako sestra, i doktorot kade rabotev mnogu gi preporacuvase. Pacientite bea prezadovolni od niv. Jas licno gi preporacuvam zatoa sto dosta pozitiven feedback imase od niv. Decernyl se tableti za podocnjaci na prirodna baza i go zgolemuvaat krvotokot vo predelot pod ocite. Na taa osnova preku zgolemuvanje na cirkulacija na krvta pravat kozata da se osvezi i temniot izgled pod ocite da go snema.♀️
Здраво девојки Ми треба некоја крема за очи со хидрирачки и anti-age ефект за нормална до комбинирана кожа а на моменти и чувствителна за 30 годишна возраст. Дали е подобра кремата за очи од др.хаушка или од еуцерин и која од еуцерин или некоја друга крема. Некоја ваша препорака, искуство? Фала.
Со оглед на тоа што јас сум поборник за органското јас би ти рекла Хаушка. Еуцерин ја немам никогаш користено, така да не сеосмелувам да говорам ништо. Хаушка ми е една од омилените креми за околу очи и за нејзиниот квалитет јас лично тврдам. Поздрав.
Здраво Денес ги купив апчињата за темни кругови околу очите Decernyl и на декларацијата пишува дека се природни и доста добар состав. Би сакала да прашам за колку време би имале ефект. Фала
Составот е овој, има биофлавоноиди, бромелаин и други интересни состојки Екстракт од лимон, природни оксиданси 600 мг/ 210 мг Бодликава репина 240 мг Екстракт од Ruscusacuteatus, т.е. рускогенин 70 мкг/ 7 мг Комифора 50 мг Екстракт од Gallium aparine 30 мг Колаген хидролизат 30 мг Екстракт од калифорниска булка 25 мг Бромелан (ензим кој се наоѓа во сок од ананас) 25 ЖВЕ Витамин А 120 микрограми Витамин Е 12 мг Витамин Ц 80 мг Селен 50 микрограми Магнезиум 75 мг
Дали забележувате промена во однос на бојата на темните кругови на очите или само за хидратација помага? Предизвикува печење и замор на очите како да испарува некоја состојка? Речиси со сите креми имам таков проблем. Па дури и со кокосовото масло ми се јавува.
Случајно ја отворив темата и видов дека си ме означила, не ми стигна нотификација. Немам темни кругови, па не би можела да ти кажам. Иако, мислам дека не би имала подобрување од тој аспект.