Може да направиш поголема количина да ја ставиш во калапче за лед и да ја замрзнеш. Пред секоја употреба извади едно замрзнато делче, остави да се стопи и користи ја. Или пак навечер извади го замрзнатото парче, стави го во една чашка во фрижидер, до сабајле ќе се стопи. Само на овој начин може да издржи. Поздрав.
Барам предлог за хидратантен крем за околу очи, за 30 години. Користев афродита камилица ама премрсен ми е, сакам и под коректор да ставам. Инаку немам проблем со темни кругови, само за хидратација, а може и за почетни брчки.
@LollySky од Бт сум, за жал немаме Дм. Мм доаѓа Ск често, ако не најдам друг ќе го пратам со слика, често ми купува козметика што ја нема овде.
Тогаш ти го препорачувам гелчево од Зиаја, многу хидрира и веднаш се впива А ако сакаш баш крема, убава е и оваа од Нивеа
@LollySky фала за предлозите, ќе ги пробам сигурно па ќе видам кој ми одговара подобро. Прво сум за гелчето, мислам и дека го имам видено по аптеки.
Здраво девојки, за сите оние кои во изминатиов период ме прашаа дали е подобар кремот на Др. Хаушка или балсамот за нега на кожата околу очите, еве повелете една статија со искуства од двата производи. https://biodevojka.blogspot.it/2018/05/dr-hauschka-dr-hauschka.html Поздрав
@Biodevojka имам прашање за тебе - дали оваа крема за очи има анти ејџ состојки? AQUA HELIANTHUS ANNUUS SEED OIL * PRUNUS AMYGDALUS DULCIS OIL * Glyceryl Stearate Citrate CETEARYL ALCOHOL SUCROSE STEARATE Rhizobian Gum Xanthan Gum OLEA EUROPAEA FLOWER EXTRACT * CENTAURIUM Umbellatum FLOWER EXTRACT * QUERCUS ROBUR FLOWER EXTRACT * Carpinus betulus FLOWER EXTRACT * ALCOHOL * Sodium Hyaluronate GLYCERIN Phytic Acid TOCOPHEROL GLYCERYL CAPRYLATE LEVULINIC ACID SODIUM LEVULINATE P-ANISIC ACID SODIUM HYDROXIDE * ingredients from certified organic agriculture
Драга освен хијалуронската киселина не гледам други специфични состојки. Вашка убава е декларацијата...Поздрав.
Епа сега, сепак е органска козметика со прекрасни состојки Колку пари- толку музика И навистина трае многу долго како што кажа @koritsaki
За околу очи, јутуберки многу ја фалеа кремата со авокадо на Kiehl's. Пакувањето е многу мало, минијатурно кружно кутивче, а цената...па богами Хаушка е евтинија во споредба со неа. Ми се сврте во глава кога ги погледнав состојките - ужас. Јас си останав со маслото од дива роза на Алверде. Прекрасно ми е за околу очи и вратот со деколтето. Ставам секоја вечер од јануари навака и тек ми е потрошено до пола, нема крај. Наредно би ја пробала оваа од Хаушка, препаративната козметика ми одговара. Декоративата не баш, ама побитно ми е да ми одговараат продуктите за нега на кожата сепак.