пробај така како што велиш ти, па кази ми после дали нешто ке се случи со твојата коза некој вака несакан ефект или нешто слично
ЛЕЛЕ од една крема пази.....ке биде којзнае што .....ц ц ц ц не викам дека е добро ама па и не е тоа којзнае што , девојките на 15 години секс имаат а не е препорачливо пред 17 па ништо а не некоја крема ....
денес младите созреваат побргу, и мислат дека се што лета се јаде па затоа после постови од типот хелп, заглавив во беља, сум бремена што да правам не мешај баби и заби рајна
Јас ја користев. За млада кожа е, значи нема скоро ништо против брчки ама мнооогу е мрсна. Не е ни за под пудра ни за преку ден. А дека ги намалува подочниците или темните кругови - НЕ БАШ
Јас сеуште сум млада за да се замарам со брчките, но мајка ми за околу очите користи ,,Антирид,,. Само, не очекувате WOW ефект. Тој се постигнува само со операција
Јас ја купив таа на Green Line 15 мл 250 денари од Зегин со А,Е,Ц,пченични никулци и екстракт од камилица повеќе е како за превенција за брчките околу очите,не е лоша и воопшто не е мрсна веднаш се упива во кожата.
Колку е важна кремата за околу очи мое мислење е дека треба да се носат и наочари за сонце за да не се жмирка,се создаваат плус брчки
Дали некој ја има користено кремата за околу очи Леа на фитофарм? Вчера ја гледав во Зегин чини 220 денари,пишува антириден крем кој ја хидрира,регенерира и затегнува кожата околу очите. Баш се помислив да ја земам инаку досега немам користено крема за околу очи,а во споредба со цените на другите креми оваа е доста поевтина.
Спречи, а не лечи, така да превентива no.1 ! Најдобро е порано да се почне со креми за околу очите бидејки со самото хидрирање и хранење на кожата во тој предел, се спречува рано појавување на брчки, на кое нашата кожа денес е склона по користење на секакви шминки, и шљакање со секакви тушеви, моливи, сенки и слично околу очите. Најдобро е да си најдете крема која што ви одговара, да си почнете што порано за да си имате помалку маки во зрелите години(да ги наречам така) Според мене најдобар период да се почне е околу 18та/19та година. Некоја лесна крема, со хидратантен ефект, ништо повеќе.
Брчки немам , но имам темни кругови околу очите , користам од АВОН крем за околу очи ама до сега немам забележано ефект еве и слика од гелот
Девојки, препорачајте ми некоја убава крема за околу очи- некако многу тешко ми е да се одлучам каква да купам. Прееска излегов за тоа, и на крај се вратив со се` друго, само со крема не. Повеќето што ги гледам се за зрела кожа, а мојата се уште не е во таа категорија. Сум користела Нивеа, некои од Авон, од Орифлејм, ама областа ми е иста и со нив и без нив . Вие каква користите, од која сте задоволни?
Па со оглед на тоа што после 25тата година е препорачливо да се почне да се користи крема за околу очи, сите околу очни креми имаат таков ефект за зацврстување на кожата, минимизирање на брчки и бла бла и во составот имаат Q10, колаген и незнам што таму и во ниеден призовд неможев да најдам само за нега на подрачјето околу очи па затоа купив од Клиник "all about eyes" хранлива е само, без никакви затегања и зацврстувања, само елиминира темни гругови и подочњаци. Презадоволна сум, ја купив пред неколку месеци 15мл е, околу 3000 денари ја земав и сеуште не ми е ниту до пола потрошена, а ставам секоја вечер пред спиење. Ни подочњаци имам веќе, кожата не ми е толку сува и затегната под очите, дури и ми се лупеше, ама веќе не. Како нова ми е, свежа и светла, едноставно изгледа како да сум многу одморена и свежа, а тоа не е секогаш така. Други препарати од кои сум презадоволна и заљубена во нив се Лавера и Доктор Шелер, тоа се на природна база, можаш и од нив да пробаш, конкретно за околу очи јас ги немам пробано, знам дека има, но како што нема грешка со кремите и геловите за миење лице така би требало да биде и со околу очните креми. Цените им се некаде околу 700 до 1000 денари.
Зедов една од авон на база на калинка беше,абе погрдо нешто немам видено,првпат ставав се решив и си направив полошо,ми се направија повеќе,а едвај и да имав ,се залажив демек да ставам,да почнам нешто предвреме да не стареам абе тешко мене