Женски и јас ја гледав оваа на Хаушка ама се предомислив бидејќи јас лично после 6 месеци од отварање на органски/природни креми, ако не ми се потрошени ги фрлам и купувам нови. Па не ми се исплаќа да давам толку пари, а знам дека се троши споро бидејќи сега користам на алверде frische крем за околу очи и сум задоволна. Ако може @Biodevojka да каже нешто за оваа моја практика да ги фрлам после 6 месеци кремиве. Може ли да тераат повеќе? Бидејќи од алверде за комбинирана кожа после некое време ми засмрде гадно и ја џитосав
Драга јас се чудам како може крем да го користиш 6 месеци, кај мене за два месеци е завршен Секако генерално правило е доколку еден производ смени мирис, боја или пак почне од него да излегува вода не е во ред (ова важи за било кој производ).
Девојки помагајте! Периодов сум преуморна плус стресови.И сега како резултат на тоа си добив гратис ситни брчки под очите.Не можам да се гледам таква.Користам крем на Алверде со камилица и алое вера екстракт за нормална кожа.Ама имам чуство како да не правам доволно за кожата околу очите. Гледав во ДМ некои креми сите содржат Q10 ило хијалуронска киселина , што мислам дека не е баш најпаметно да ги ставам, со оглед на тоа што сум во рани дваесетти, иако нема наведено старосна граница на кремите. Совет некој? Какви масла да ставам или витамини да пијам или пак предлог некоја друга крема, освен Алверде...
Би ја тагнала @Biodevojka би можела да ти помогне јас сега почнав да ја користам како превенција кремата со гоџи бобинки на Алверде со Q10 и не знам, се уште немам некое мислење. Претходно ја користев на Dr.Hauschka кремата во тубичка и ми беше добра ама сега се најдов во ДМ и реков ајде да и дадам шанса и на кремава на Алверде. Јас имам скоро 29 год и од овие 2 креми може таа на Др.Хаушка да биде ок за твојата возраст
Како поевтина варијанта би ти го препорачала roll on-от на Балеа. Многу сум задоволна од него, втора тубичка веќе трошам. Не е масен, а убаво хидрира. Како поскапа варијанта, кремот на Dr. Hauschka. Двете креми немаат anti age состојки.
Добро е што ме тагна, благодарам драга @koritsaki. @Salome сеуште си млада за креми со Q10 и хијалуронска, мислам дека Др. Хаушка е најдобриот избор за тебе, или пак пробај со шеа путер на пример. Одличен е за нега на кожата околу очите/ Пробај го оној на Институт Органика. Поздрав.
Немам толку пари за крема на др.Хаушка сега, може во Понеделник да идам до ДМ да го побарам рол-онот на Балеа, а шеа путерот, па другарка ми го користи наместо крема, може да побарам од неа малку за проба. Ви благодарам на помошта девојки, @koritsaki @Avery @Biodevojka .
Пиши како ќе ти се допадне Можеш шеата навечер, а рол-онот сабајле да го ставаш, затоа што не е многу масен. Инаку, мене подочниците ми се puffy кога ќе станам сабајле, па кремата си ја чувам во фрижидер. Металното топче од рол-онот убаво лади и ми го освежува делот под очите
Во последно време очните капаци ми се многу суви и ако ги протријам како ронки кожичка имам. Треба да мачкам некоја крема или како?
@Biodevojka дали ја имаш приметено кремата за околу очи на natura siberica? Погодна ли е за користење за 22годишна возраст? Доктор Хаушка моментално не можам да ја купам затоа што многу се потрошив периодов.
Дали може декларацоја да ставиш во соодветна тема? Вака не можам ништо да ти кажам оти го немам користено. Поздрав
Зошто темава не е активна? Итно ми треба некоја крема за околу очи, користев пред некое време на Биодерма и Биотен но ги баталив бидејќи ме пецкаа и ми правеа црвенило, од очите буквално солзи ми течеа па бидејќи долго време не користев ништо веројатно поради тоа заприметив дека кожата околу очите ми стана многу тенка и нежна Гуглав малку и ја најдов оваа крема на La Roche содржи ретиноиди и е наменета баш за тенка кожа, дали некој ја користел до сега? Redemic R Eyes се вика. Во главно не сум баш некој фан на овој бренд па не знам дали да ја земам или џабе ќе фрлам пари Евентуално некоја друга крема за ваков проблем?
Од сите креми што ги пробав, истото ми се случуваше. Пецкање, црвенило, солзење, очи уморни како цел ден до монитор да сум била, ужас! Престанав да користам креми наменети за околу очи, почнав прво со кокосово масло,а сега и маслото од дива роза на Алверде. Ептен ми одговара, ама само навечер го ставам, преку ден ставам од кремот за лице кој го користам. Иако не треба и пишува на кремот дека не треба, ама немам проблеми од него. Последнава недела на исчистено лице ставам прво од тонерот на Хада Лабо, вклучително околу очи, па после нанесувам дневен крем. Задоволна сум, подобро ми е вака, кожата ми е ок, брчки немам, освен кога се смеам.