Не,не многу долго. Лани ова време ставав , не ми изчезнаа скроз ама изгледав многу посвежо. Е сега ги имам пак
Кога сме кај кремите за очи , досега највеќе ми се погодиле на Др.Хаушка и на Алверде со гоџи бери и таа на Clarins беше добра ама им давам предност на претходниве две. Ем се органски ем ми даваа добра хидратација , и цените беа ок. Оред некоја недела ја земав на Apivita кремата со портокал , ама некако не ми се допаѓа , не се впива лесно , тешко се размачкува , ќе гледам да ја дадам на некој друг да ја проба. Не знам која наредно да ја земам , мислам дека пак би ја земала или таа на Хаушка во тубичката или таа на Алверде.. За брчките , не можам да кажам ништо , сега засега немам и секако како превентива мора да се користат креми за тој предел најважно е да даваат хидратација, за да не се ствараат брчки
Шеа путер, Aqua рол-онот и кремот за нормална кожа од Балеа (во сина тубичка е, од линијата за нормална кожа со екстракт од лотус и алое вера), арганово мало, исто така од Алверде има убаво кремче за под очи. Кога ќе купуваш креми секогаш читај за која возраст се наменети. Јас лично не користам производи кои се анти ејџ туку бирам масла и потхранувачки креми за да го успорам процесот на создавање брчки.
Фала многу Ај ко ќе можеш ако не ти е тешко прикачи слика од рол-онот и од кремата за нормална кожа да не се тепам низ ДМ .
А што може да се случи ако користиме креми за лице кои се за повозрасни? Пример +35 или +40 години? И да не бидам офф топик..си го купив и јас ролонот за околу очи од Балеа плавиот, па ке ви кажам резултатии
Уште малку ќе полнам 25 па веке 25+ се користи крема за брчки затегнување. препорачајте некоја како за почетник?
@Biodevojka, видов дека на повеќе членови им имаш дадено совети. Се извинувам што ти одземам од времето, само ме интересира дали CeraVe кремот за околу очи има добри состојки? Немам темни кругови околу очите (но понекогаш ми изгледаат уморно), досега немам користено кремови за околу очи и сакам да почнам, имам 24 години.
Хелооу девојки. Да ми препорачате крема за околу очи, ама стварно добра... Проблемот ми е следен - 27години и имам брчки околу очите, кога ќе се смеам најмногу се познаваат. Иначе имам убаво чисто лице и малдолика, но ова околу очи ме убива. Користев една од Авон, но кратко... Си мислам нема резултати и прекинав. Фала ви однапред девојки. И убав ден Јас ја имам оваа, ја користев 1 недела ама не бев упорна. Можеби е добра. Не издржав многу.
Здраво! Имам 25 години и веќе приметувам многу брчки околу очите. Затоа ве замолувам за совет за каква крема да користам околу очите за да ми ги намали брчките или барем да го успори процесот на создавање нови. По можност кремата да е под 1000 денари, но да не е Алверде/Балеа. Ако имате и други совети за тоа што можам да превземам, ве молам пишете