Јас ја користам, единствена забелешка што можам да ја издвојам е дека дава чувство на затегнување во првите 10-ина минути после нанесувањето. Не сум забележала разлика ниту во брчки, ниту во оток, ниту во тен. Всушност, која е поентата на кремиве? Веројатно разликата би се осетила после 5-10 години?
знам знам дека го имаше но многу брзо се трошеше зошо беше на некој попуст и сега не знам дали во некое дм го имаат
@lalinda не ги знам цените, не живеам во Мк Дали некој го има пробано производов за околу очи на Clinique ? Се мислам помеѓу ова и repairwear laser focus
Можеби прашањето не е за овде. Многу темни подочници имам (од неспиење). Модри, како некој да ме тепал Ставам пудра и коректор кога одам некаде ама пак се познава Што би ми препорачале, крема некоја?
Серум со вит ц. За жал кај нас нема некој добар избор и се со набиени цени, па ако не ти се брза би ти препорачала да нарачаш од Ordinary или Inkey list. Во врска со прекривање, гледај да не ставаш многу светол коректор, исто види на Catrice camouflage коректорот тој во кутија има розе нијанса баш за темни подочњаци е.
Вода пијам многу а да се наспијам баш и не можам, имам мало бебе Пред една недела ми помодреа, цел месец пред тоа бев со исто темпо на (не)спиење ама немав ништо
Ти треба серум со кофеин, на пример ordinary caffeine solution 5%, или друг производ што содржи кофеин само внимавај на тоа што ставаш околу очи сепак тамо кожата е осетлива и најтенка и всушност поради тоа настануваат вакви црни-црвени подочњаци.
На тема dark circles. Мислам дека нивното постоење е повеќе поврзано со бојата и пигментот на кожата, отколку нејзината состојба. Сум приметил дека луѓе со пожолт пигмент на кожата, имаат поизразени dark circles, исто и dark spots околу носот, устата и слично. Така да, јадење, пиење, спиење, не верувам дека ќе помогне многу. Од лично искуство ова.
Јас моментлно користам една крема на балеа неможам да кажам сеуште за резултати бидејќи многу кратко ја користам.Многу ми се допадна составот затоа и дадов шанса. Има во составот алое, кофеин, витамин ц, е......
Пред помалце од 1 месец отприлика, иначе ја купив од кисела вода од тој дм.Пиши им на инстаграм во порака би требало да ти вратат и да ти пишат каде ја има и дали ја има.