Немам темни кругови,меѓутоа имам изглед на уморни очи и подочници,приметувам веќе и појава на брчки,предлог некоја крема која би можела да делува? Дали најде некое решение,со истово се соочувам
Препорачајте ми добра крема за околу очи за 30+ , немам проблем со темни кругови околу очите туку ми треба за превенција од брчки и сл. Не мора да е со природен состав. И некоја побогата по можност. Не е важна цената. Моментално ја користам на Натура сиберика Сноу кладониа ама многу е геласта , некако не ми се допаѓа.. И да не е од ДМ , зошто немаме овде ДМ
Јас моментално ја користам таа што ја имаш, ја имам пробано и таа во црно шишенце на Натура Сиберика за околу очи, мислам имам пишувано претходно, таа е доста густа, се познава дека е хранлива и од неа бев задоволна исто, да најдам слика и ќе прикачам.
Со години ја користам кремата на Clinique all about eyes rich па сеа ми завршува и сакам да сменам. Имсм 33 год. @Sexybaby86 @Waka-waka вас женски ве читам дека се разбирате па препорачајте некоја за против брчки. Благодарам
Дефинитивно најдобра до сега, меѓутоa за повозрасни од 40+ За тебе може да ти ја препорачам оваа која е за чувствителна и сува кожа, храни и ја оддржува еластичноста на кожата
Ми ја пофалија од Frezyderm eye cream дека била добра. Не сум ја користела бидејќи сеуште ми е рано, ама на листа за купување ми е за понатаму. https://www.frezyderm.com/face-care/eye-cream/eye-cream/
Јас ја користев таа во тубата на Хаушка и добра беше , не е многу густа таа. Има една во мало кутивче е таа е баш густа
Јас баш се мислев за таа во тубата, имаше ли некој ефект? Јас се мислев мегу тие две, дали таа во тубичка или онаа во кутивче мало
Па ок е , не е ни прегуста ни геласта, дава добра хидратација, а мислам дека антиејџ состојки нема во неа , доколку бараш нешто такво да има во кремата Јас не ја купувам веќе бидејќи барам нешто што навистина ќе превенира во врска со брчките под очите. Таа другата не сум ја пробала ама се мислам дека @Mishela ја имаше пробано
Таа во кутивче од Хаушка ја имам пробано, да. Мене ми беше една од поубавите @anggell, потоа почнав да го користам маслото од дива роза на Алверде и прекинав со кремите. Сега под очи користам хијалуронски серум помешан со кремата за лице што си ја користам, да го дотрошам маслово и планирав да ја земам кремата за околу очи на Алверде. Маслово нигде не можам да го најдам, најверојатно е повлечено и место него ја пуштија оваа кремава за околу очи. Меѓутоа, во меѓувреме си ја нарачав оваа од Конопка, па неа ќе ја почнам. Пишува анти-ејџинг ефект, ама па одам накај 30ка, гајле ми е. Ќе пишам кога ќе ја пробам.
Јас ја имам оваа во моментов. По структура е многу слична на таа на хаушка во тубичката. Убаво хидрира, ама нешто посебен ефект за сега не сум забележала. Како и да е за цената супер
Κога се мисли на ефект , за брчки мислиш или? За темни кругови има една друга на Конопка (во жолта опаковка е). Јас да сум искрена очекувам од крема за очи да ми го хидрира тој предел , а доколку имаш веќе брчки ништо нема да ги избрише мене ми е за превенција. Не знам дали може @Biodevojka да каже дали во составот има состојки што спречуваат на некој начин создавање линии , знам дека има пишувано за неа на блогот нејзин , ама нешто во врска со составот и состојките како да не прочитав
Искрено и јас незнам што очекуавм. Брчки немам за среќа, ама имам природно како перничиња и потемни кругови зошто имам крупни очи. За хидратација е убава и убава е за под шминка зошто не остава масна наслага.
Драга јас велам секогаш дека добар крем хидрира, храни и ја подобрува еластичноста на кожата. Со самото тоа ја намалува видливоста на брчките. Еластична кожа =помалку брчки.