А оваа од Виши ја има ли некој користено? Читав и за неа позитивни критики- хидратира и намалува подочници. Мимс, верувам дека Клиник е добра, плус ептен добро ја опиша, да посака човек веднаш да ја земе, ама не ми се даваат 3000ден за крема, давам до 1500 максимум. Ќе ги видам и тие од Лавера и Др. Шелер, ама осеќам дека Виши ќе ја купам.
ми се појавија брчки околу очите а имам само 20 год. некој крем...??? инаку мрсна кожа со акни мноогу ретко да ми се исуши лицето 2 пати годишно ...доколку послужи таа информација
Sesilija Тоа е серум за околу очи кој помага во измазнување на брчките во таа зона.Ја освежува и регенерира кожата и многу е мазна во тој предел. Едно од овие маливе тубички ми трае околку 1 недела со секојдневно нанесување.А инаку ги купувам овие на сликата со три што се. Има и поголема туба од 15мл. За цената најубаво е да си провериш во зегин или во некоја подобро снабдена продавница,бидејќи ја ги земам преку една пријателка која работи во германија многу поефтино
А Сеси јас среќа имав поени со таа картичката па доплатив околу 800 денари, иначе уште ќе ја сањав, не би можела да си ја дозволам
Спојлер Јас воопшто не сум задоволна од clinique all about eyes точно оваа ја користев, навистина трае долго но не приметив никаква разлика имам проблем со темни кругови околу очите не ми се подотечени. Сепак различна кожа различно делува сигурно не знам за другите видови оти има и верзија rich и serum во рол он. Дали знаете точно за составот на lavera и останатите "природни" козметики колку се природни?
TheIdealMe, дали правилно ја користеше кремата? Чистиш лице, тонираш, па ставаш крема за околу очи па друга крема за лице. Кремата за околу очи се нанесува така што ја тапкаш на местото под очите од надворешниот агол кон внатрешниот, значи не ја размачкуваш и не одиш со прстите од внатрешниот агол кон надворешниот никако, затоа што така ствараш брчки, а обратно ги измазнуваш и минимизираш. И дали редовно ја користеше, наутро и навечер? Јас на почетокот и наутро и навечер ја нанесував, сега само навечер. Така подобро делувале наводно, ама и логично е дека подобри би делувале кога ќе се опушти лицето... Колку што сум запознаета со Лавера, во секое упатсво имаат и сертификати и тие симболите на Веган, Нот Енимал Тестет, Органик .... За разлика на пример од Алверде. Затоа сум посигурна дека се навистина природни, сум приметила и дека не се расипуваат, имам една крема на која и е истечен рокот од што сум ја заборавила и сеуште е во истата состојба и со истата миризба, а и на лицето не ми излезе никаква непосакувана реакција. Мирисот им е многу лош, доказ дека немаат додавано вештачки мириси, а ми рекоа дека можам и да ја изедам кремата и нема ништо да ми се случи А и уште еден доказ, кога се мијам со гел или млеко ставам и на очите, така ја вадам маскарата и до сега не ми се случило да ме запечат очите, да ми се вцрвенат или изиритираат, што не е случај со Нивеа, Буржоа, Лореал, Грин Лајн, набројав се што сум користела, а ми ги иритирало очите ако го нанесам во близина. На интернет не сум пребарала да прочитам некакви негативни коментари, ако си запознаена со нешто такво за нивната веродостојност сподели.
Јас планирам да ја земам оваа крема за околу очи, ги имам дневната и ноќната крема од истата линија и сум задоволна. Ја има користено некој?
Како крема за околу очи може да се користи и вазелин. Пред спиење се нанесува танок слој, а може и на трепките са се стави. Имам слушнато дека некоја позната глумица, не ми текнува во моментов која беше, со години секоја ноќ на очите ставала по една лажица вазелин. добро, не мора по една лажица, мислам дека може да помине и со помалку
Прашање за тие што користеле, ако земам каква била крема за плус 25, дали ке треба посебна за околу очите или врши работа и таа за лице, па ќе можам да ја ставам?
Кремите за лице не се за околу очи. Тоа е од многу причини така. Прво, кремите за лице се дерматолошки тестирани, но не и офталмолошки, и обратно. Ми се има случено безброј пати да ми се насолзат очите и да ме запечат ако кремата за лице сум ја нанела премногу блиску до нив. Исто како што кремите за околу очи не се користат на цело лице, така и кремите за лице не се за околу очи Купи си посебна крема за околу очи. Не мора да е против брчки, сепак немаш потреба уште од тоа, туку само за хидратација и ревитализација, или доколку имаш темни кругови и подочници, некоја за таа намена. Или ако ептен бараш некоја превентива против брчки, можеш да земеш некоја крема за очи против први брчки, т.н. мимички (или ситни) брчки
Епа имам кругови темни некако последниве години. Препорачај ми некоја за околу очи, инаку имам 27 год.
^ Па последниве година дена јас ја користам оваа на Балеа против темни кругови Да напоменам, и јас имам 27 години. Мене кремава ептен ми одговара, нежна е, убаво ја навлажнува кожата околу очите и после неколку месеци редовно користење (наутро и навечер) забележав дека доста ми ги осветли темните кругови. Презадоволна сум, евтина е (околу 200 денари), а ефикасна. Трошам веќе трета туба и немам намера да ја сменам. Веднаш штом ја нанесам чувствувам свежина под очите Инаку, јас сум обично за квалитетна козметика, па нека е и поскапа, ама кремчево е исклучок од тоа правило. Имам користено и скапи креми, ама Балеава ми се покажа подобра од сите Ова е прва крема за околу очи од која имам забележано видливи резултати, а е толку евтина И плус погодна е за чувствителна кожа, а од моиве очи почувствителни не постојат кога се креми во прашање
До 25 години може да се користи и нешто поприродно. Јас користев мешани масла бадемово, маслиново, невеново, мешани со витамин Ц, витамин А и Д, Д3, витамин Е. Супер комбинација од која патем и видно растат и трепките и веѓите