Јас супер е, не е густа ни многу ретка , супер хидратација дава , само што е многу мала во мл , брзо се троши мене многу убава ми беше и кремата на Конопка за под очи не знам дали си ја пробала
За зелената ако ја мислиш на Конопка, да таа постојано ја користам ама сега ја нема на залиха, имам испробано и други креми доста поскапи ама Конопка ми е незаменлива и затоа сега оваа ја порачав, повеќето ми се пробани а не бев задоволна. Да ја начекам од Конопка пак ќе ја порачам. Оваа црвената може во бременост нели, не испуштив некоја состојка што е штетна, ако не за мајка ми ќе оди.
Кога е најсоодветно да се почне со креми за околу очи? Дали хидратантната крема за лице би ја вршела функцијата или не е само тоа доволно? Од она што сум разгледувала, навистина смешни цени за мала милилитража има и не би да трошам толку пари на нешто непроверено. Под 30 години сум, цело време размислувам дали треба веќе да користам нешто како превентива за брчки и подлабока хидратација во тој дел, ама немам поим од каде да почнам. Не е дека имам бразди под очи, but I'm not getting any younger either. Секој совет е добредојден.
Има креми што се без антиејџ состојки а хидратантни, јас идеална возраст за креми околу очи би рекла 25+ Најважна е хидратацијата, ете можеш да ја земеш таа од Др.Конопка што ја препорача бубаче или
Може и обична крема да користиш, во главно само маркетинг се кремите за под очи, освен ако имаат посебни состојки како кофеин ретинол итн за подочници надуеност и стареење ако сакаш да почнеш со ретинол. Но било кој друг хидратантен или со антиоксиданси серум или крем за цело лице ке ти заврши работа место скапи мали креми
Да, има и креми што може да се користат на лице и очи , ќе ја земам како пример оваа, ја имам користено пред некоја година, но на неа си е наведено дека е и за лице и за очи. Во спротивно може некоја крема да и направи сериозна иритација на очите во зависност од состојките. Оваа на Ла рош нема ни алкохол ни парфем во неа.
Некои луѓе де сензитивни на алхохол и парфем некои не, во многу креми за очи ги има и двете. Но има и креми со помал процент на активна состојка да речеме ретинол затоа што кожата е потенка кај очите и треба да се внимава, но обични креми за хидратација препакувани во мала туба и наречени креми за очи се исти со кремите за лице
Ако ти се наследни нема спас, ако сакаш малку да ги осветлиш во Белина го имаш кофеинскиот серум на True Alchemy во комбинација со кремата за околу очи https://www.bellina.mk/p/1373/preci...kolu-ochi-i-usni-od-argan-15-ml?categories=95 навечер пред спиење, до три пати неделно користење.
Фала ти.Не ми се наследни. Како што прочитав ова е природно и органско,значи можам додека сум бремена да го користам.