Зависи за што ти треба, за хидратација мои омилени се овие подоле. Моментално користам друга, ама џабе ќе ја покажувам, ја нема во Мк https://coslovemetics.mk/product/a-h-c-ten-revolution-real-eye-cream-for-face-30ml/
Веќе неколку години ја користам на Лавера за темни кругови ама сакам да сменам мислам дека ми се презасити кожата од неа. Ка коридтев од Лавера и таа со кругчето за масажа. По некое време пак ќе се вратам на неа. Има ли нешто слично на неа? Која друга би можела да ја користам? За хидратација ја користам на Конопка, имам сменето многу за хидратација, од оваа сум најмногу задоволна а најмалку верував во оваа, мислев дека ефтина и нема да врши работа. На крајот испадна најдобра од сите поскапи креми. Би сакала некоја со добри состојки да е како овие .
Од кои лепенки за под очи сте задоволни, ефикасни и исплатливи? Земав едни од Белина ама не ми се исплакаат некако по 700 ден секој месец.
По густа е од кремата на Конопка, и таа ја имам користено порано како што се сеќавам не беше така густа. А да, оваа на Алверде убава хидратација дава.
Некоја крема за подочници, од Лавера веќе нема еффект мислам дека после години користење веќе сеедно кога ја ставам. Имам чисто лице ама џабе кога подочнаци имам ептен изразени поради моето никакво спиење. Дури ако спијам повеќе од 8 часа што е ретко, ми се појавуваат.
Со години барам ваква крема што нема црното од почњаците да ми се познава, џабе.. ако најдеш да ми пишеш.
Здраво, ги земав овие 2 продукти, прв пат користам ретинал и не знам како се користат баш, дека околу очи малку ми се затегна кожата и малку ме штипе и сега 2 дена не ги користам ставам пантенол крема само, дали знаете како за почеток на колку денови се ставаат и слични работи и дали пред спиење? Ви благодарам однапред
Ова доле ти е крема за очи, може и на цело лице да се става. А тоа горе е серум за лице , не е за околу очи. Внимавај со овие два производи, ако си почетник можеби требало прво да земеш ретинол, а не ретинал. Овие горе се ретинали , прилично се јаки за почетник. Се користат само навечер. И внимавај да не ги мешаш овие два производи. Прво почни со послабиот и тоа еднаш неделно. Ако по 2 недели немаш проблем, ставај го 2 пати неделно. Па потоа можеш да зголемуваш. Ако те пецка или ако се јави иритација не ги користи некое време. Исто така малку се става немој повеќе од една пумпица. И наутро обавезно крема со спф од 30 фактор нагоре , се надевам дека користиш. Јас го користам првиот серум , скоро секој ден но не сум почетник имам котистено и др пат ретинали, користам пола пумпица , од скоро време го нанесувам само на челото поради тоа што на брадата околу устата ми направи ититација, ситни акни со гној и сува кожа. Таму еднаш неделно го користам. На челото скоро секој ден. По серумот обавезно се става крема за лице во подебел слој
Јас само користам Аssoderm за хигиена на лицето и Pantenol, два пати годишно одам на третман на лице имам 24 години и сакав да земам нешто за првенција на брчки но не се конслутрав со никој, не користам спф, ќе купам прво па потоа ќе ги користам овие еднаш неделно како што ми кажа за почеток, до сега имав земано само A.H.C Ten Revolution Real Eye Cream и не видов никаков резултат дека ми се намалени фините линии околу очи и затоа земав ова, ти благодарам многу, поздрав.
Рано ти е за ретинол или ретинал, тоа ако користиш, се почнува после 35-40 години. Бар според мене, јас лично избегнувам да ги користам иако сум 20 години постара од тебе. Не брзај со агресивна козметика, почни со нешто полесно, макар што на 24 години е доволна хидратација само.
хахаха е сега криво ми е 2000 ден си ги дадов за тие продукти, да ги истрошам па не зимам повеќе .. фала ти сепак
Барам некое чудо да ми ги намали подочниците, не ми се темни туку како "вреќички", нешто што помага за тоа?