Вреќичките под очи најчесто се јавуваат од други причини. Може да биде од задршка на вода во организмот, работата на тироидната жлезда, не се сеќавам со што друго беше поврзано. Можеби е и генетика во прашање, ама за почеток пробај да избегнуваш презачинета храна и пиј многу вода. Исто и масажа со ладен ролер помага да се поднамалат. Ако немаш ролер и ладна лажица ќе има ист ефект - чувај ја малку во фрижидер и тапкај ја во околуочниот дел, нежни компресии помагаат.
Супер е кремата, исто и другата со Q10 е супер. Гледам има дневна и ноќна крема се мислев дали да ги пробам.
Кај мене не помогна за темните кругови, и таа со кофеин кремата не помогна, можеби треба подолго време да ја користам. Пак ќе пишам за месец време ако има резултати.
За темни подочници мене ми има помогнато ниацинамид. Јас го користев од The Ordinary. Прочитав порано некаде дека ниацинамид помагал, па бидејќи го имав дома подарок ми беше си реков барем ќе почнам да го користам за нешто. После 2-3 месеци видов доста видлива разлика иако бев скептична на почеток. Пробај
За тие што експериментирале, препорачајте ми добар крем околу очи (ама да не е баш од оние наменети за очи) туку баш крема која ја користите на лице, но сте приметиле некакво освежување во делот кај очите. Нешто што ви е испробано, а притоа би го оставала преку цела вечер. Евентуално предлог облоги/маска за тој дел. Ми треба за хидратација, не толку за темните кругови.
За хидратација, ќе ти заврши работа и обичен хијалуронски серум од кој било бренд и одозгоре некој поокулзивен крем ко оние sleeping pack маските од Eyenlip.
Ја си праам сама, мешам у пумпица од Тему крем за лице и q10 серум , нема они мене да ме пљачкаат таму по апотекине...