За неполни две недели ми се појавија огромни брчки околу очите. Се познаваат многу кога ќе се насмевнам, но и онака ептен се познаваат. Имав прилично стресен период ама до толку да влијае на кожава не ми е јасно за толку краток период. Препорачајте ми некоја крема за брчки до кај 500 макс. 600 ден. Користам на Балеа и Геровитал ама ко да не прават ништо, а ба бев задоволна од Балеата до пред некое време.
Марамке, уште кога ќе прочиташ мој пост како коментар, сигурно знаеш со кој бренд ќе те напнам. Роденден ми е за некој ден, па мислев и јас да се почастам со кремава за околу очи на Avene. Се надевам дека ја има кај нас, па и треба да е до кај 600-700 ден.
Ај кога си веќе кај авен ќе се упикам и јас Мислам дека ќе е поскапа од 700. Јас сум повеќе за оваа, знам дека била многу ефикасна, е за сите типови кожа, и е наменета за од 25, до 40год. Макар што брендов е идеален, која и да ја одбереш , ќе си ги исполнеш очекувањата
Девојки препорачајте ми некоја крема за околу очи исклучиво за хидратација, значи да нема антиејџинг, лифитнг и сл. ефекти.Ја купив Милк анд хани од Орифлејм но ми се чини дека ми даваше спротивен ефект,уште повеке ми ја сушеше кожата, катастрофа од крем, криво ми е тие 200ден. што ги дадов.
Еуцерин имаат убава крема за очи од линијата aqua porin, наменета е за млада кожа и чисто само за хидратација околу очите. Јас ја користам извесно време и прилично сум задоволна.
јас сега последно земав оваа Не дека имам брчки, ама во годините сум кога и може да ги имам , имам малку подочнаци па ради тоа земав, ама нешто што ми се допаѓа е дека навистина ја хидрира кожата околу очите.
Колку ја купи? Во последно време зоната под очите буквално ми плаче за хидратација, уморот и неспиењето си го земаат данокот и морам да земам нешто вакво.
Јас сега за сега сум задоволна од Леа. Не е скапа, брзо се упива, не е многу мрсна, а кожата околу очи ја прави мазна и мека. Можеби не може да се спореди со скапите креми (не сум ги користела, не би можела да кажам), ама некако ми ги прави очите да ми изгледаат одморни и кожата по затегната. Ја препорачувам!!! Јас имам 25 год, и користам превентивно, затоа што кажуваат: подобро да се спречи отколку да се лечи
Цената колку е? Јас една со масло од арган купив и ставам, беше 210 денари и ми кажаа дека за следно купување ќе биде поскапа. Цената изгледа ниска, ама па ептен мала туба е. Не беше за возраст одредна, нема такво нешто на неа. Добро овие креми за околу очи ги има ли за 25+, 30+ не сум запознаена?
Оваа беше околу 220 денари, мислам. Инаку оваа не пишува за која возраст е, ама аптекарката ми ја предложи поради тоа што нема Q10, а Q10 било малку за позрела кожа. На оваа пишува: одржува природен хидробаланс на коѓата околу очите, ги снабдува клетките со енергија, активно ја подобрува циркулацијата на крвта, ја поттикнува природната регенерација на кожата и ја прави затегната, мазна и нежна. За сите типови на кожа. Најмногу што ми се допаѓа е што ги прави очите да изгледаат одморни.
Ми треба добра крема за околу очи ама само за добра и длабинска хидратација, како почнав помалку да спијам почна и уморот околу очи да ми се познава, без парабен да е, има некој искуство ? Ја има некој користено Геровитал за околу очи за 20 + или некоја друга предложете
Би ти ја препорачала кремата на Dr. Sheller Bio-Hyaluron & Amla Oil First Wrinkles Reducing Eye Care која е наменета за првите знаци на стареење. Без бои,парабени,селикони,минерални масла и BDIH сертифициран.Одличен е за сува и уморна кожа. Минимизира фини линии и брчки и ја подобрува способноста на кожата да се поврзе со влага за долгорочна хидратација. Нуди заштита од слободните радикали кои можат да предизвикаат предвремено стареење. Максимален ефект со Био-Hyaluron & PhytoSolve Amla масло. Јас сум задоволна од сите нивни производи,порано ги купував од Зегин сега мислам ги нема и ко има само во Космо.Ако сакаш поевтина варијанта тогаш разгледај на Алверде во Дм.
На Геровитал мислам, за жал содржат, затоа не ги земав,иначе ги фалат. И тоа сите парабени и Methylparaben, Ethylparaben, Propylparaben, Butylparaben, Isobutylparaben. Гледам на некои од кремите не пишува во состав парабени,ама не ми е логично па некој да имаат некој не .Незнам, се мислам дека сите имаат http://gerovital-online.com/en/68-purifying-sebum-control-cream.html
^ Искрено се изненадив, јас тие што ги имам производи не содржат парабен, значи сите нивни производи не се без парабен, инаку сум задоволна од нивниот квалитет.
Не сите производи на Геровитал содржат парабен.И јас сум задоволна од Геровитал, за нивната цена се доста добри и квалитетни.
Gerovital Plant BIO линијата не содржи парабени, пробав тестер од кремата за лице и супер е сега ќе си ја купам цела http://gerovital-online.com/en/content/ ... -plant-bio