Здраво девојки! Јас сум нова на форумот И веќе сум опседната Неможам да се доначитам со денови... Инаку имам 23 години и досега не сум користела кремови за лифтинг и против брчки, но како што се ближи мојот 24ти роденден почнав да размислувам за да се почастам со нешто такво, иако сеуште немам некои брчки околу очите, само некои фини линии, онака превентивно Го купив Евелине кремчето за околу очи ама не сум нешто фасцинирана... го омекнува пределот како секој друг крем и тоа е тоа... сум користела и од Орифлејм гелче за околу очите ама тоа е само за хидратација а мислам дека сега ми треба и нешто повеќе.... Имате да ми препорачате нешто како за мојата возраст? Цена до 1000 денари... Ви благодарам што постоите и мнооогу ве поздравувам
Би сакала некое кремче за очи да ми препорачате само да не е со астрономска цена, ама да си врши работа пошто се повеќе и повеќе ми се познаваат брчките околу очите, па би ви била благодарна ако имате нешто да ми понудите како предлог. Имам 25 години и моментално користам крем за околу очи Eco Beauty од Oriflame, и единствена разлика што приметувам откако го користам е што делот околу очите ми е малку од малку посвеж, а брчките си стојат воопшто не помага во тој поглед...
Ја користел некој? Почнаа уште сега на 21г, да ми се забележуваат брчки околу очите, па сакам некоја крема што ќе ја користам само за тој предел.
Јас го користам. Првично ме привлече цената, го користам првото пакување и задоволна сум. Убаво ми го тонира и навлажнува пределот околу очите. Гуглав и на интернет, состојките ми се чинат ок за цената и има доста задоволни корисници.
Дали ќе може некој да ми препорача крема за околу очи која ја хидрира таа област, но истовремено делува и против подуеноста и темните подочњаци. Јас немам некои страшни подочњаци, но некогаш многу ме нервираат. Повеќе ми се големи (површински) отколку темни, ако ме сфаќате Долго време размислувам и читам за креми наменети за оваа работа, но никако неможам да се одлучам. Исто така буџетот не ми е нешто преголем, до кај 300-400 денари ако се наоѓа некоја солидна крема ќе бидам задоволна.
Јас немам подочнјаци или темни кругови, така да не можам со сигурност да ти кажам, ама имам крем гел за околу очи од Орифлејм. Розево мало паковање е и на него пишува Pure nature. Го користам бидејќи преку ден, постојано имам маскара, моливче, туш и сенка. Навечер знаат очите да ме болат и кога го ставам гелот одма чувствувам освежување. Околу 120 денари е.
^^ искрено не би нарачувала од орифлејм или од авон, бидејќи конкретно од орифлејм немам од кого да нарачам, а и не ми се чека нешто премногу. Фала инаку за одговорот, ќе го имам на ум и овој крем.
На Балеа или Алверде многу ја фалеа на форумов, неможам да се сетам точно за која крема стануваше збор зошто лично ја немам користено. Цената сигурно и е околу 300 денари. Разлистај ја темава сигурно пишува.
На Алверде не би ти препорачала.За кратко врмеме и се смени составот.Буквално како да се оддели вода од кремата и доби некој чуден мирис.Датумот на траење беше во ред.
@lunicka затоа што е природна козметика затоа се случува тоа. Мене ми се случува тоа скоро со сите креми од органско потекло, се менува структурата и мирисот станува малку лош, бидејќи немаат парабени (конзерванси), немај гајле можеш да си ја користиш штом датумот е во ред. Пробај промучкај ја тубичката пред да нанесеш за да се соединат смесите.
По неколку месеци користење имам само пофални зборови. На почетокот не приметував разлика но со текот на времето кожата станува тонирана и мазна. Дефинитивно повторно би ја купила.
Од каде ја зема и колку пари? И за што е за измазнување ситни брчки? ... или само помага за хидратација и освежување?
@rainbowec и @Mishela Ја купив на акција од Zegin по препорака на апотекарката, а ја има и во поголемите маркети. Ја имам видено во маркетот TUS и е некаде околу 250-300 ден. Наменета е за почетна нега на кожата околу очите, значи не за кожа на која веќе има забележителни бори. Хидратизира и кожата станува гипка и тонирана. Дури и малите линии при смеење не ми се забележителни како порано.
Здраво девојки. Ги прочитав сите разговори во темава и решив и јас да пишам. Имам 25 години и имам сува кожа поготово кај очите, и поради тоа ми се појавуваат брчки и барут сув е тој дел секогаш. Не сум користела ништо посебно до пред една недела. По препорака на другарка си купив кокосово масло. Читав, а и гледав на youtube се за кокосовото масло дека е за против брчки за против акни за сува кожа било преубаво, за коса... Совршенство!!! Кога ставам околу очите, имам реакција на очите - чувство како да ми се сушат, малку како матно да гледам, и не ми солзат... незнам многу чудно... Дали тоа значи дека не е добро да се става маслото околу очи дали може да ми ги оштети очите? Но баш читав дека го ставаат особено на очите против брчки. Збунета сум... И уште едно прашање... Што користите околу очите пред да ставите пудра? Обичен крем за лице или од овие што се посебни само за околу очите? Збрка сум искрено ве молам пишете ми
Кај кремите за лице обично си пишува на декларацијата да се избегнува пределот околу очите, па јас во таа област си ставам по малку од кремата за околу очи пред да нанесам коректор и пудра. Меѓутоа, користам крема која само ја освежува околуочната област, се` уште кај мене не гледам потреба од некоја против брчки. Мој совет ти е да си најдеш некоја добра навлажнувачка крема против брчки и да нанесуваш од неа, штом ти се појавува таква реакција од кокосовото масло - батали го или барем избегнувај да го користиш како околуочна крема. Поевтини креми за околу очи се оние на Балеа, но навистина не знам колку би биле ефикасни за сувата кожа. Јас би ти ја препорачала кремата за таа област на Нивеа, мислам дека е околу 350 денари и баш е наменета за почетни брчки и интензивна хидратација. Мислам дека постои голема можност да ти одговара, навистина има убава структура, барем колку што приметив.
Дали овој гел за околу очи е и за помлада кожа? Ме интересира затоа што го порачав на акција кога беше намален за НГ, но не сум ставала од него до сега затоа што не знаев за која возраст е наменет, иако во каталогот не пишува па малку ме буни. Инаку јас сега користам еден од Балеа
Мишела фала најмногу за советот. Сега баш се вратив од COSMO. Ги гледав тие од Clinique за околу очи и за против брчки бидејќи ги фалеа многу,ми даде продавачката тестер ќе пробам ако ми одговара. Ама би сакала да почнам со поефтино. Ќе те послушам и ќе си ја земам таа на Нивеа. Само да те прашам дали е тешка крема? Неможам да поднесам тешки креми на лице и околу очи, чувство како да не ми дише кожата, катастрофа. Инаку си ја зедов дневната крема од L'oreal Triple Action, и се намачкав баш сега првпат и како струганици ми се прават на лицето кога ќе поминам со прстот. А претходно супер го исчистив лицето. Што е причинава дали некој знае да ми каже? Не ми одговара кремата или што е? А баш е за сува и осетлива кожа ептен ја фалат.