Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крема за околу очи

Дискусија во 'Лице' започната од Vega, 19 јануари 2010.

  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.214
    Допаѓања:
    56.858
    Пол:
    Женски
    @sesilija мислам дека 1400 денари ја купив, секогаш заборавам цени.

    Малку ја менува структурата и мирисот по некое време, ама немам проблем со иритации.
     
    На Annath, girl1985 и sesilija им се допаѓа ова.
  2. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Која цена е оваа крема? Инаку ова за УВ филтрите не знаев за кремите за околу очи. Ама конкретно дневната крема од оваа колекција пишува дека има УВ ама не пишува колкав. Супер инфо, фала ви :)

    п.с. Видов цена, отпосле го видов мислењето со цената сори :)
     
  3. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.242
    Допаѓања:
    10.358
    Пол:
    Женски
    Фала ти Сесилија што ме упати, јас стварно не знаев или пак не сум забележала во каталогот, ама мислам дека не пишуваше за која возрасна група е, само прочитав дека е на акција и со црн кавијар и ја земав оти јас сум малку импулсивен купувач.:D
    Инаку не сум ја пробала до сега, ја користам таа од Балеа.Ќе и ја дадам на мајка ми ако ја сака.
     
    Последна измена: 14 јануари 2015
  4. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Еве, да не биде дека зборувам напразно
    untitled.JPG
     
    На Salome му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    girl1985 малку покасно одговарам,но деновиве сум пензионирана со интернетов а и некој кога ќе ме означи незнам зошто изветувања не ми стигаат.
    За кремава на Шелер ја замав уште поодамна и не ме фаќај за збор ама беше од прилика 1200-300 плус минус,стварно непамтам цени. Јас сум задоволна на мојата комбинирана кожа одлично и реагира,но можеби зошто немам многу сув околуочен предел. Инаку навечер обавезно практикувам пред кремата да си нанесам масло од лешник,кое си го земав летово ко превенција против брчки. Осеќем како повеќе ми ја потхранува кожата и многу малку се нанесува зошто е многу густо.

    Незнам само каде би можело да се најде тука кај нас.
    Caudalie Vitaminee Pulpe eye cream е нешто што ме фасцинираше летоска на тестер го пробав а и доста ми ја фалеа,само кај нас нема нивни производи. Мене ми се страшно добри и исплатливи за секој денар. Ако налеташ обавезно да ја пробаш. Предноста и е во тоа што многу долго држи хидратација а тоа не сум го приметила ни со Clinique All About Eyes RICH.

    Shiseido Bio-Perfomance eye cream
    е нешто полуксузна варијанта ама уште мислам дека не сум стигнала да ја купам,млада сум :D мислам дека поради ретинолот е за малку повозрасна доб. Иако има обновувачки силен ефект и позитивни критики. Можеби на некој ќе му фати окце:)
     
    На Annath, Sexybaby86 и girl1985 им се допаѓа ова.
  6. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Мама25, ме замисли за цената на кремата од доктор Шелер. Јас сум речиси сигурна дека ја купив околу таа цена, е сега можеби беше на некаков попуст ама и да била еве да речеме на 30% попуст, сепак не ми се верува да е поскапа од 1000 денари.
    Ајде ако помине некој во Космо нека каже колку е со сигурност, вака ние дадовме информации со драстична разлика.
     
  7. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    @sesilija, денес бев во Космо и баш ја загледав кремата на Dr. Sheller Bio-Hyaluron & Amla Oil
    First Wrinkles Reducing Eye Care - чини 1.350 денари. Имаше и една друга на Dr. Sheller, со калинка, таа беше 1.250 ден. :)
     
    На girl1985, Mama25 и sesilija им се допаѓа ова.
  8. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Ти благодарам на одговорот Сексибејби. Јас ја имав првата, значи Мама25 е во право за цената.
    Очигледно сум ја купила на некаков попуст, или порано била поевтина.
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Серум како серум е подобар во секоја варијанта но имај на ум дека после серум мораш да нанесеш крема. Серумот не оди сам затоа што делува само длабински, а не површински, затоа е потребно после серум да се нанесе и крема.
    Можеш да пробаш на пример ако го земеш серумо да земеш плус и крема за околу очи од некоја поефтина марка сигурно би имала супер ефект затоа што серумот е тој кој што ќе делува повеќе. Друга предност кај овој серум е што е како рол он и тој металниот дел е секогаш ладен па служи и како масажа додека го нанесуваш, го разладува пределот околу очите и го масира. Јас обожавам вакви рол они за околу очи ми иде по цел ден да се масирам. Ова на Клиник го имав во мала верзија како гифт и за многу кратко време ми се потроши за некои две недели па затоа и не сум сигурна колку е добар затоа што не приметив никаков ефект. Може го потрошив толку брзо зашто долго се масирав со ролончето :lol:
    Ако сепак се одлучиш за кремата и јас како и @Sexybaby86 би ти ја препорачала rich, иако структурата и е густа и тешка не верувам дека ќе имаш проблем со впивањето, воопшто не изгледа мрсно, уште една редност е што многу поспоро се троши за разлика од обичнава all about eyes, а мислам дека оваа и не делува на брчките како richот.

    Јас моментално ја користам оваа на Есте Лаудер:
    [​IMG]
    Одвратни подочњаци имам веќе неколку месеци со ништо не ми поминуваат, задна надеж ми е оваа крема па ќе видиме, рано е да се каже, две недели ја користам веќе секој ден наутро и навечер. Структурата не ми ветува многу, лесна е некако, јас сметам дека погустите креми се подобри ама ќе видиме. Како крем-прозирна боја има и светлечки златни честички во неа, тие дејствуваат демек на подобрувањето на тенот.
    Се надевам ќе се спасам од подочњаков зошто ненормално остарена ме прави во ликот. (facepalm)

    А да, уште нешто да ви кажам на импулсивните купувачи:) Секоја амбалажа на крема за лице што изгледа луксузно и содржи луксузни состојки е наменета за зрела кожа, само прочитајте ги состојките и ќе сфатите. Се што е за регенерирање и содржи колаген и Q10 е за зрела кожа.
     
    На Annath, Salome, koritsaki и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Carpisa

    Carpisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2014
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Хајди и јас го имам истото искуство баш со таа крема на Лореал! И упорна бев, се мачкав две три недели ајде реков можи дури да ми се навикне кожата... па мислев јас неправилно ја нанесувам, па ова па она... абе секако пробав.. и џабе! Катастрофа е кремата, цело време ми се правеа такви струганици...

    И да не бидам оф топик... :) Ова е рај за мојата кожа околу очите!!

    [​IMG]
    Имав погоре напишано мислење за тоа каква крема барам и по неколку промашаи си ја пронајдов 8)Лесна, брзо се впива, кожата е хидратирана цел ден, ситните брчки се помалку забележливи...:party:
    Toпло ви ја препорачувам! :inlove:
     
    На Annath, rainbowec и Giovanna им се допаѓа ова.
  11. Lemon

    Lemon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    167

    која е цената на кремава за околу очи на Афродита?
     
  12. Carpisa

    Carpisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2014
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Јас ја зедов за 9.5 евра, незнам точно колку е во Мк ама видов дека ја има во Веро... некаде околу 600 денари е сигурно и таму... за парите е топ! :)
     
    На Lemon му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    @Carpisa во кое Веро конкретно ја имаш видено кремава на Афродита? Одамна сакам да ја пробам, слушам одлични коментари за неа и секаде ја имам барано, ама нигде не ја најдов :)

    Фала :)
     
  14. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Јас може малце се мешам во штипки :) Сакав да знам која крема на Нивеа ја препорачуваш конкретно за околу очи?
     
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.943
    Допаѓања:
    81.253
    Пол:
    Женски
    Ова е кремата.
    [​IMG]
    Мислам дека е од линијата со масло од семки од грозје. Наводно била навистина ефикасна, a најново е тоа што другарка ми почна да ја користи па навистина ќе се уверам ако има резултати. :)
     
    На Annath и girl1985 им се допаѓа ова.
  16. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    @Mishela Значи како што претпоставував, и јас ја користам оваа крема за околу очи, а ја користам и целата линија (дневна + ноќна). Ја користам две недели и нешто, но мислам дека е рано за да кажам дефинитивни импресии. Но, засега сум навистина задоволна, кожата ми делува здраво, мазно, свежо.
     
    На Annath и Mishela им се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.943
    Допаѓања:
    81.253
    Пол:
    Женски
    Баш ми е мило @girl1985 , значи коментарите што ги читам низ интернет држат вода до некаде.
    И јас ќе ја имам предвид оваа крема кога ќе ми се појави потреба. Засега користам само освежувачки креми за околуочната област, немам знаци на некои почетни промени, а и на речиси 22 мислам дека е навистина рано да се почне со вакви креми, барем во мојот случај.
     
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Колку ја зеде и од каде?Задоволна си?:)
     
  19. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    @Mishela мене ова ми е прва крема за пределот околу очи :) Но, јас имам 29, имам чисто лице, и сакав нешто пред се превентивно, затоа не посегнав по q10 или пак некои со поинтензивно дејствие. Јас сум ама баш задоволна, барав токму нешто вакво, и секако сакав нешто со попристапна цена...

    @mime87 кремата ја земав од Зегин, 217 денари. Моментално е на акција (како и се' останато на Nivea од висаж колекцијата (мислам -15% е попустот).
     
    На Annath и mime87 им се допаѓа ова.
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.565
    Допаѓања:
    106.297
    Пол:
    Женски
    Кaкo сте зaдoвoлни oд серумoт нa Vichy зa oкoлу oчи? Јaс имaм 25 гoд и сaкaм дa земaм нештo зa oкoлу oчи штo нaвистинa ќе пoмoгне зa вo иднинa ддa не ми се прaвaт брчки:) Бaш нештo предлoжете ми
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.