Ова е единствена крема што ми ги има намалено подочњаците. Јас немам проблем со темни, туку понекогаш ми се потечени, a тие се многу потешки за прикривање. Еве нешто слично на ова Спојлер Со оваа крема ептен ми се намалија, не бев свесна колку е ефикасна се додека не ја заменив со друга. Планирам пак да си ја купам откако ќе ја потрошам оваа што моментално ја користам.
Јас ја купив ноември некаде, тогаш беше на попуст и мислам дека беше отприлика 270-290 денари. Сега не знам колку е, претпоставувам не е многу поскапа, еве @Hipica можеби неодамна ја купила, па нека сподели и таа. Патем, доколку некоја не знае- кремата се продава во аптеките на Зегин, ја немам видено на други места.
@Youknow мислам дека редовна цена и‘ е околу 340-50 денари. Не сум сигурна затоа што мене брат ми ме снабдува (преку работа нешто), не ја купувам сама.
Женски ја има некоја користено Biocura кремата,Ѓерманска е и ја има само во Кам,ефтина е околу 200 денари,си викам да ја пробам ако е ок,имам користено нивеа и афродита крема за околу очи и некои од авон,ама не биле нешто нај нај,некогаш е лекот во 5 пари,имам мали брчки околу очите,ама има шанси да се направат поголеми,нели одиме веќе напред кон позрели години
Здраво девојки, јас подолго време во Италија користев една многу убава крема за околу очи со анти ејџ ефект и за среќа пред некое време ја најдов и овде во аптеките...кој би рекол. Така да комплетно ја рецензирав со цел да ви помогнам во изборот. Кај мене имаше резултати, кожата е многу еластична и се намалуваат брчките околу очите. Еве ви комплетна рецензија со слики, цена и каде да ја купите (за да не ме карате дека не ставам цени на производите ). Пробав за вас: анти ејџ крема за околу очи и уста Алоедермал Со козметичката линија Алоедермал за прв пат се запознав во Италија, и ме воодушеви едноставноста на формулите на производите за нега на лицето и телото (барем оние кои јас ги имав пробано). Станува збор за една италијанска марка на природни производи специјално формулирани за многу чувствителна кожа, каде е сведен на минимум ризикот од иритации на кожата. Сите производи од оваа марка подлежат на клинички тестирања од страна на Универзитетот во Павиа (Северна Италија). Мора да напоменам дека линијата не е органска, меѓутоа како што реков формулите на самите производи се природни и прекрасно избалансирани. Не може ни да замислите колку бев среќна кога истава козметичка линија ја забележав и во Скопје. Не можев да дочекам да ви направам рецензија на повеќе производи кои ги имам веќе користено, меѓутоа еве како за прв производ решив тоа да биде еден од моите најомилени производи Алоедермал, односно кремата за нега на кожата околу очите и усните со анти ејџ ефект. Како и за секој производ, ајде да започнеме со анализа на состојките во декларацијата, со цел да утврдиме дали и на кој начин делува овој производ. Aqua, cetearyl alcohol, caprylic/capric triglyceride, glycerin, prunus amygdalus dulcis oil, cetearyl glucoside, butyrospermum parkii butter, glyceryl caprylate, propagermanium, ubiquinone, sodium hyaluronate, aloe barbadensis extract, brassica campestris (rapeseed) sterols, urea, glucose, sorbitol, sodium glutamate, sodium pca, glycine, lactic acid, hydrolyzed wheat protein, panthenol, tocopheryl acetate, retinyl palmitate, sodium phytate, tocopherol, helianthus annuus seed oil, sodium hydroxide Од самата декларација може да забележиме дека формулата е прекрасно урамнотежена и во неа се употребени многу убави состојки кои не само што ја негуваат и хранат нежната кожа околу очите, туку и видно ја измазнуваат кожата во тој предел. Едно од најубавите работи е големото присуство на коензимот Q10 во самата крема (компонента која има огромно анти ејџ влијание и интервенира во процесот на стареење), кој во декларацијата ќе го најдете под името ubiquinone. Навистина ретко имам видено креми кои имаат толку голем процент на Q10 во самиот состав (обично се наоѓа некаде доле во листата, а знаеме дека колку состојките се подолу во листата на состојки толку нивната присутност во самиот производ е помала). Во комбинација со витаминот А оваа крема е вистински спас за оние кои сакаат на некој начин да ги ублажат брчките околу очите. Гераниумот и хијалуронската киселина во оваа крема, делуваат и против знаците на замор кои доста често знаат да се појават на самата кожа. Кремата е доста густа како структура што може да се забележи од високото присутсво на хранливи компоненти како cetearyl alcohol кој ќе го најдете на второ место во декларацијата и шеа путерот на седма позиција во декларацијата на состојки. Алое вера гелот ја прави самата крема погодна за оние кои имаат многу чувствителна кожа. Оваа крема е навистина доста богата со антиоксидансни компоненти кои се од огромна корист во анти ејџ терапијата, како и витамински комплекс кој помага во оддржувањето на еластичноста на самата кожа. Со оглед на тоа што кремава ја имам веќе користено, можам да ја потврдам ефикасноста во израмнувањето на кожата на пределот околу очите и усните. Кожата делува позатегната и многу посвежа (секако потребна е редовна употреба). Како што веќе напоменав оваа крема е доста богата и густа (што е одлично затоа што пределот околу очите е многу чувствителен и секогаш посув од остатокот на лицето), меѓутоа воопшто не остава бела трага, не ја масти кожата, ведаш се впива и дава чувство на олеснување и хидратација. Доколку имате сува кожа на која и е потребна длабока хидратација, или пак како мене сте вљубени во производи кои се многу хранливи, оваа крема може слободно да ја користите за преку ден затоа што не ја масти кожата. Доколку сте научени да користите лесни флуиди како дневна нега на кожата околу очите, оваа крема ви ја препорачувам како ноќен третман со оглед на тоа што во текот на ноќта кожата активно ги прифаќа сите хранливи состојки, кои имаат поголем ефект. Исто така многу важно да напоменам е фактот што оваа крема е скоро без мирис, што значи дека е погодна и за оние кои не поднесуваат јаки мириси особено на една чувствителна зона како онаа околу очите. Кремата доаѓа во пакување од 30 мл. меѓутоа со оглед на тоа што е доста густа и концентрирана како производ, доволна е сосема мала количина (како зрно леќа) за да ја покриете целата зона околу очите, така да едно вакво пакување ќе ви трае до 4 месеци. Цената на овој производ е 448 денари и истиот може да го најдете во некои аптеки на Зегин и аптеката Ани Фарм во т.ц. Капитол. Јас навистина топло ви ја препорачувам затоа што кај мене имаше огромен ефект во задржувањето на еластичноста на кожата. Друга важна работа која ја обожавам кај оваа крема е пакувањето (односно амбалажата), специјално формулирано да го заштити производот од размножување на бактерии во допир со воздухот. Доколку се сеќавате кога говорев за природна и органска козметика ви напоменав дека голем број на фирми обрнуваат големо внимание на амбалажата на сопствените производи како еден од основните начини на оддржување на стабилноста на самиот производ и продолжување на трајноста на истиот. Еве овој производ е пример за тоа. Кремата има пумпица и преку истискување може да ја контролирате количината на овој производ, односно да земете онолку колку е потребно да се нанесе на пределот околу очите и усните. На овој начин се спречува можноста за ненамерно истурање на производот или испумпување на поголема количина од потребната. Драги мои, се надевам дека и оваа статија ви се допадна и ви беше од корист. Доколку сте во потрага по една убава анти ејџ крема за околу очи и се мислите што да земете, еве ви еден предлог, па вие секако сами одлучете. До скоро читање. Вики
^ Ми се допаѓа цената. Јас обично барам само хранливи, без затегнување против брчки, ама оваа ќе и’ ја земам на мајка ми. @Biodevojka, ако знаеш за крема без Q10, ретинол и други состојки за затегнување, некоја слична на Dr. Hauschka Daily Hydrating Eye Cream ама поефтина, те молам предложи
Здраво драга LivingGlam, знам дека имаше една крема на француската марка Fleurance, која ја немам користено (во план ми е нешто да пробам) ама еве ќе ги разгледам состојките па да ти кажам. Цената не ми текнува ама не се многу скапи нивните производи. Знам дека гледав една многу убава крема за лице која чинеше 400 денари во Зегин. Исто така ќе побарам и други креми па ќе ти пишам некоја со убав состав без анти ејџ ефект која е со пристапна цена. Јас обично бирам многу богати и густи креми со анти ејџ ефект (ама добро имам скоро 37 години), меѓутоа еве како третман за околу очи може да користиш и чисти масла кои имаат одлична функција на нега на кожата како на пример аргановото. Цената му е 399 денари, а ќе го користиш и за многу други работи (коса, маски за лице, пилинзи итн). Меѓутоа како што ти реков ќе побарам готови производи и ќе ти пишам. Поздрав. Здраво драга, ти благодарам на забелешката, меѓутоа лично сметам дека кај секого е индивидуално. Некогаш и најхранливите состојки кај една чувствителна кожа се покажале ок, а кај друга не. Јас имам чувствителна кожа и кај мене на пример оваа состојка е во ред. Сите различно реагираме на одредени состојки. Како на пример многумина велат дека кокосовото масло е комедогено, а кај мене го исчисти целото лице. Инаку што се однесува до кремите без Q10, ќе ги разгледам сите во продажба (оние убавите без штетни состојки секако), и ќе ви направам една листа според цената на производите и хидрирачка моќ. Дајте ми два дена и ќе ви постирам овде се. Поздрав и имај убав ден.
Иако се смета за корисен, не се препорачува за чувствителна кожа бидејќи може да доведе до иритации. https://www.truthinaging.com/ingredients/cetyl-alcohol Дали имаш препораки за крема за под очи без Q10?
Немам некој проблем со подочници и темни кругови околу очите (периодов сум добро наспана), ама превентивно си ја користам кремата на докторс ANTICIRCLE. Мрсна е, и некако го освежува тој предел. Цената и е огромен плус. Јас сум задоволна. Ми врши работа На неа пишува: Богат билен крем со екстракти од алое, коњско опавче и хамамелис и масла од ружа, лаванда, рузмарин и лимон. Против подочници и темни кругови околу очите. Го отстранува випокот на течност, ја затегнува кожата и и дава природен сјај и влажност.
Драга LivingGlam и драги останати феминки кои ме змолија за економична крема околу очи а сепак доста функционална. Ги разгледав скоро сите марки кои се природни и органски овде кај нас и скоро сите имаат Q10 или други анти ејџ состојки за нега на брчките околу очите. Значи дефинитивно најдобра крема е онаа на Хаушка, ја имам користено и го тврдам тоа, но не најдов некоја иста по состав (не знам ни дали постои). меѓутоа најдов една ок крема Sante Family Eye Fluid која има убави масла и нема ретинол ни Q10. Цената и е пристојна 690 денари. Ито така има една друга убава крема од La Soy која всушност е балзам за бебиња (Baby Shea Balm), меѓутоа според составот е фантастична за нега и хидратација на нежната кожа околу очи. Содржи шеа путер, масло од невен, алое вера гел, масло од семки од кајсија глицерин и витамин Е. Без мириси и етрични масла. Цената е 360 денари. Другите креми беа многу скапи од 1100 до 1500 ден. така да ако веќе треба да трошите толку пари тогаш најдобро да ги дадете за Хаушка. Поздрав. п.с. како третман околу очи одлични ви се и чистите масла како арганово, рицинусово, масло од пшенични никулци (богато со витамин Е) или авокадо.
Ти благодарам за трудот @Biodevojka Бидејќи ептен бавно се троши и конечно најдов нешто што ми одговара, сепак останувам на Хаушка. Масла за кожа не сум користела, некако ми е чудна таа идеја. Иако знам дека аргановото не ја мрси кожата, не сум се осмелила да пробам. Ако не се лажам, имаше некоја рецензија на твојот блог за арганово масло. Сега ќе ѕирнам.
Нема проблем драга. Одлична е Хаушка ако убаво ти прија ич не ја менувај. Да да има статија за сите употреби на арганово масло. Наскоро ќе објавам една статија за домашна крема за околу очи. Лесно се прави со малку состојки и трае од 3 до 6 месеци без конзерванси (зависи од формулата која ќе ја направам). Ќе ви ја постирам и овде. поздрав. п.с. имам веќе објавено еден флуид за околу очи со алое вера гел. Многу е убав и освежувачки.
Ќе те замолам за мислење за кремава? http://www.100percentpure.com/colle...ts/organic-coffee-bean-caffeine-eye-cream-1oz Планирам да ја нарачам онлајн, или пак да ми ја пратат од странство. Што мислиш, вреди?
Здраво драга blueberry93, прв пат ја гедам колекцијава. Што се однесува до состојки и декларација кремава е супер, почиста не може да биде. Како база има алое вера гел и затоа како структура е лесна и не би требало да масти, туку напротив оваа крема кожата многу лесно ќе ја апсорбира. Состојките во неа имаат за цел да ја хидрираат кожата, а особено е од корист доколку се има подочници или блага надуеност, затоа што дел од состојките имаат за цел да ја забрзаат циркулацијата. Има комплекс на витамини кои делуваат како анти ејџ. Кремата е комплетно без емулзионанти и има природни оддржувачи на стабилност. Има навистина несекојдневна формула, до сега немам видено креми со ваква формула. Ми се допаѓа. Ако ја нарачаш, те молам напиши дали е лесна како структура и кратка рецензија како ти се допаѓа. Многу ме заинтересира. Поздрав
Здраво девојки, ги исчитав сите мислења и пак не сум сигурна која крема би била најсоодветна за мене. Колку повеќе сум ненаспиена и дехидрирана, толку кожата под очите ми е потемна. Читајќи ја темата се изнализирав убаво, па видов дека имам и ептен ситни брчки под очите, од аголот кај носот па нанадвор (веројанто ќе сфатите на што мислам). Која крема би ми ја препорачале?
Да прасам нешто Имам темни и големи подочњаци и од орифлејм порачав крема како на сликата за околу очи ја ставав негде три недели ама воедно и секој ден станував многу рано во 6часот и во последно уште повеке ми се темни е сега ако некој сака да ми кази дали мозно е од кремата или нема врска? Фала одапред
Aко не си спиела доволно, веројатно е до тоа. Мислам дека кремата не може да ги направи потемни. Ама може да ти предизвика предвремени брчки ако не е соодветна за возраста. Оваа од Орифлејм за која возраст е?
Јас иако немам проблем со областа околу очите, сепак сакам да почнам да користам некоја посебна крема за тој предел. Имам 23-24 години и не би сакала да земам некоја со антиејџ состојки па која би ми ја препорачала? Можеби онаа на La soy? Каде да ја барам таа? Космо?