Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крема за сончање за бебиња

Дискусија во 'Бебе' започната од elena19, 30 јуни 2015.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Бекутан УВ-фактор 50.
    И јас го користам и ќерка ми.
     
  2. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Драги мамички, како што ви ветив, еве да ви пишам за кремот на Еко Козметикс кој ви го препорачав погоре. Конечно го истестиравме и од мене има чиста 10-ка. Поздрав.

    https://biodevojka.blogspot.com/2018/06/45-eco-cosmetics.html
     
    На sofi2107, Leo_29, duffi и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Одлична статија Биодевојка! Ти благодарам што споделуваш и овде со нас. :hug:
    Јас се решив, дефинитивно ќе го земам овој крем, не знам само дали би го имало во Зегин или Еурофарм, ако го купи некоја мајка во скоро време нека ме извести каде го нашла.
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.624
    Пол:
    Женски
    За Зегин знам дека држат производи на Еко Козметикс, гледав пред некое време нешто за мене. Би требало да го има кремов.
     
    На Lolipop23 и duffi им се допаѓа ова.
  5. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.663
    Пол:
    Женски
    Мајки го користи ли некој овој спреј, добар ли е? Го зедов денес, продавачката ме советуваше да земам до 25 фактор. Инаку ја мачкам со chicco што е од 0+ со 50 фактор, овој на Бекутан ми е во случај да го истрошам на chicco. Но ме искара као не било за бебе добро со толку висок фактор да користам. Имало хемикалии.
     

    Прикачени фајлови:

  6. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.687
    Допаѓања:
    5.641
    Пол:
    Женски
    Кажи и да продава нешто друго , за ова поима нема ..
    за бебиња треба 30/50 фактор .. и ова шо ти го дала со хемикалии и ептен непогодно ..
    Види уназад најдобри се на еуцерин , веледа , еко козметикс , чико не е лошо и јас имам мада ние на одмор ќе сме 14м , и уште некое др имаше добро ..
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.892
    Допаѓања:
    7.626
    Пол:
    Женски
    Еко Козметикс го има во продавницата за Логона производи на Рекорд, карши Мекдоналдс. Јас од таму и Мапез го земав. Туку малку сум збунка со употребата на средствава. Кремата за сончање и на рачиња им ја мачкате? И Мапезов исто. Јас Мапез му ставив само еднаш, веќе го каснаа па ај да не продолжат ама тоа у сред спиење и му ставив и на дланките. После цела ноќ не заспав, дали требаше или не.
    Еве што пишува на декларацијата.
    8DC46D85-0288-4173-B4F8-A6DC2EDBC0EC.jpeg
     
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.914
    Допаѓања:
    31.537
    Пол:
    Женски
    Мене ми рекоа за бееб до 30 фактор. Обично тие што се 50-ка имаат хемиски филтри. Така што не е скроз грешка аптекарката. Не знам за ова ама колекцијата на Бекутан за деца има само физички филтри, нема хемиски веројатно затоа и го дала. Не знам дали има или нема парабени затоа не се осмелувам јас да купам за моето дете.
     
    На Poppins му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.687
    Допаѓања:
    5.641
    Пол:
    Женски
    Сите различно советуваат , али мое мислење по сите совети е под 30ка да не се зема .. Ама на крај секој си одбира спрема себе што мисле најдобро .. Спрејов бекутан не е најсоодветен , општо целата колекција на бекутан е пренатрупана со секакви чуда..
     
    На Lolipop23 и Biodevojka им се допаѓа ова.
  10. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.833
    Допаѓања:
    109.162
    Пол:
    Женски
    Да пишам апдејт :sun:

    Еуцерин 30ка сепак е фина за мачкање, по лице малку потешко иде, ама на тело убаво се размачкува. Сега не е јако сонцето, но сепак бебе не се ни зацрвенило, а заправо повеќе е и во сенка :)

    Чико спрејчето за комарци е супер, го применив советот со напрскано крпче над него и така спие, кога се шетаме прскам количката и од зади облеката на бебе, плус и алка од Зегин имам закачено на количката, на тераса од собата Раид во штеќер имам уклучено, комарец не припарил :whew:

    До нас се жалат дека имало комарци, па ваљда има, ние не сретнавме инаку, по некоја мува само :?:
     
    На sofi2107, Ano, duffi и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.624
    Пол:
    Женски
    На кожа кај бебиња до година никаков крем со спф не е пожелен, а ако веќе мора, до спф 25 е најдобро. Се што е над 30 е тешка хемија и не е добро ни за кожа на возрасен, камоли за бебе. Веледа и Еко козметикс се добри, органски, а Еуцерин и Чико ни во сон не би ги препорачала, камоли користела.
    А над 30 фактор што ќе ти е за бебе/дете, кажи ми? Планираш по цел ден на плажа да седите, дури и во најжешкото? Сигурно не. Ќе одите од сабајле, до кај 10 часот, потоа попладне, после 17:00. Во такви случаи нема ни потреба од мачкање, доволно е лесна бела маичка и капче, ќе го заштити. А ако веќе мора, 30 ти е сосема доволно. Лани малово не го мачкав на море воопшто, а големиот со 30 фактор, бидејќи подолго време беше на плажа - одлично се покажа.

    Јас еве, летово (пошто е веќе почнато, судејќи по температуриве надвор) не користам никакво средство со спф, а моиве деца се по цел ден надвор, освен во периодот од 12:00 до 16:30, и си добија фина боичка. Можеби ќе земам нешто за во Охрид, или ако одиме на планина, ама и тоа е под знак прашање.
     
    На Kejt777, stevemila, Lolipop23 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Leo_29

    Leo_29 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2017
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    5.023
    Пол:
    Женски
    Јас го користам за мене, кога ги мериме улициве. На подарок ни го донесоа. Дете не мачкам со него. Јас прскам по рацете да не сум како камионџија. :)
    Убаво мириса и лесно се размачкува. ;)
     
  13. Annah87

    Annah87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2015
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    719
    Пол:
    Женски
    Зошто не Еуцерин?
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.624
    Пол:
    Женски
    Оти содржи нафтени деривати и хемиски филтри. Општо, целата козметика им е таква.
     
  15. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Ако не се лажам @Biodevojka кажа дека се физичко
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.624
    Пол:
    Женски
    Ги гледав состојките. Ама и да се само физички филтри, има нафтени деривати (dimethicone и сл.). Тоа ни за мене веќе не купувам.
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Јас само за филтрите кажувам :)
     
  18. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.687
    Допаѓања:
    5.641
    Пол:
    Женски
    Јас и сега не а вадам од дома после 10 ( ептен ако треба да излезиме морално) не па на сред лето , и сега не а оставам без заштита 30ка , затоа што ми е мн нежна , одма црвенее .. Не се форсирам , оптеретувам по сите правила и прописи , гледам како она ми реагира .
    За чико ми е ок на мене , секој различно , ако гледаме до детал што и како имат сите работи , треба од вода да живееме .. Не судам на никој , секој си користе користе најдобро што мисле дека е , некоаш треба и нешто ново да се смене , или мине малце линија на совршенство ..
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.624
    Пол:
    Женски
    Не судам ни јас, но секогаш имаме избор, а кога се работи за деца, за некои работи нема компромис, па се водам од тоа и кажувам што би користела јас. Никој не бара совршенство, ама ми нема логика јас да користам за мене органска/природна козметика, а за деца тешка хемија.
    Освен тоа, знаејќи дека тоа црвенило, што го припишуваме на нежност на кожата, знае да биде реакција на истата од влијанието на сончевите зраци врз средствата со кои ги шлапаме децата за заштита од сонцето, и се јавуваат алергии на сонце, би избрала да не ставам ништо. Денес имаме избор и доста солидна козметика на природна база.
     
    На Lolipop23 и Poppins им се допаѓа ова.
  20. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.687
    Допаѓања:
    5.641
    Пол:
    Женски
    За тоа те подржувам , затоа што до годинка та и сега , е чувана премногу и гледана и мазена , и повеќе одошто треба , мж ми пазарува најчесто , секогаш зима се најдобро за неа самиот , ние двајца не користиме шклј работи не па на неа, не е ни шлакана освен со Корине де фарме и Веледа.
    ова сега за сонцето , е затоа што на многу мала изложеност ми изреагира , и почнаме да а мачкаме со на чико и сега нема мака .
    За чико , еуцерин , веледа се бренд што нема потреба да се коментира колку се добри , добро ни се познати , и ни најмалце не грешам што и ставам ..
    Не би да дискутираме повеќе , имаме различни мислења на темава , ја си стоам на цврсто на тоа , а твои мислења општо низ темите ценам доста .. :f:
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.