Нејзина препорака е кремата на Еко козметикс, мислам дека со 45 SPF беше, ја има на штандот на Логона во Сити Мол.
Очигледно зегин лапкаат бонуси за продажбата на фризи. Значи лажат дека се органски, ама и секако муштериите не се задоволни од ниту еден производ. И мене ме прелажаа за мене зедов за лице крема со заштитен фактор. Ама за бебе не се убедувам така лесно да пробувам. За него користам мустела и презадоволна. (Мустелава колку пати ја спомнав ќе ме банираат за реклама , ама стварно сум презадоволна од сите нивни производи за бебе)
Јас па немам толку лошо мислење за Фризидерм, ниту пак ме напнале да купам нешто некогаш, сама си ги купувам. Имам од нив гелче за афти и ранички во уста, за децава ми е супер. Исто имам крем за мене, anticort, многу ми помага за неуродерматитисот.
Ја заборавив таа за афти.Едино од неа сум задоволна . Гелот за брадавици, кремата за црвено газе со цинк, кремот за сончање, Гелот за хемороиди, сите за никаде . И сите со 2 месеци рок
утрово кога прашував прво што ми понудија беше на фризи крема/спреј што и да е за сончање, па потоа еуцерин ми кажаа дека имаат 30% попуст
Драга и двете се со хемиски филтри...јас не би ниедна од овие две ама еве на тебе оставам. Имаш алверде, веледа, ско козметикс тие се убави органски со физички филтри. Поздрав
За сите производи од Галафарм немам добро мислење. Имам колешка што работеше неколку години таму, и некако не им верувам на технологијата. Подобро од алкалоид ако е веќе македонска веледрогерија.
Мајки, ги мачкате малите со фактор навечер после 6 кога излегуваат? На жешково не ја носам воопшто надвор пред тоа, и најчесто е во количка, ама што знам, нежна кожа има многу. Ако искочиме приквечер во кенгур, со голи раце нозе, ја прскам против комарци, дали би требало и со фактор?
Не. Јас ни на море не мачкав фактор, а бев усилена дека ќе мачкам и треба, исто проблематична кожа, плус атопична. Ставај памучно капче, шеширче со тремче, доволно е.
Крема за сонце Крема за после сончање Која да ја одберам? Или ниту една? Не ги разбирам составиве баш
Со што ја прскаш против комарци? Мене вчера вечерта партал ме направија него не го чепнаа. Купив една алка од Зегин за после 30 месеци ни ја закачив на количката,може од нејзе бегаат.
Мапез спреј. Го читав баш на форумов, па затоа тој го избрав. Не го користам долго ама мене ме каснаа 2 комарци пред некој ден во парк, малава нема ништо. Изгледа е ефективен.
Ќе го земам и јас после,во Зегин ги има? Директно прскаш или на количката? Иначе за надвор не го мачкам со ниаков заштитен фактор,искачаме наутро до продавница око 8 часот и после 6 приквечер. Купив чадорче за количката и убаво го заштитува.
Само на гола кожа, не сакам на алишта или на количката бидејќи составот е со повеќе масла, мислам дека ќе ми остави флеки. Маж ми го купи, мислам дека од Зегин во Гтц.