А Веледа колку пари е само кремот за сончање? Сестра ми видела во Тинекс имало,ама имало крем за сончање и уште некоја крема,заедно оделе,околу 1200 или 1600 не знае точно да ми каже.
Веледа јас земав 30 фактор, 1200 беше, ама на попуст за 1000 ја земав, само кремата. Едит: 150 мл, не знаев дека има помало пакување, ова џабе толкаво не верувам дека ќе го искористиме
Да, сеа го проверив флаерот, таа е. Бебето ми е 2 месеци, надвор го носам рано сабајле или навечер, на директно сонце не го ставам. Планирам капче да му купам. Ве молам за мислење дали има реална потреба уште сега да го мачкам со креми за заштита? Еве слика од кремата ако некој сака да ја купи.
Не! Не мајка, не фрлај пари за глупости. Освен ако дете не е изложено покрај вода па од рефлексија да изгори, немаш потреба да мачкаш никаков фактор на толку мало бебе.
А во мојот случај кај што бебе ми е многу бело што да правам 4ипол месеци сме, на сонце кога сме изложени ми е ептен ризик ништо да не мачкам одма ќе ми изгори.. што смеам на толку мало бебе да ставам? Каков фактор?
Земи мајка тогаш нешто од огранскиве Веледа или Екокозметик, таман работа ако е ептен бело детето да изгори. Знам дека и на Chicco факторот е од 0+. Јас сум многу задоволна од Веледа, остава бело ама супер заштитува. Иако јас би ви рекла капче, бели маички, чадорче на количка и да не го изложувате директно ако не мора.
Мислење @Biodevojka Која е најдобра опција за млеко за сончње за бебе од 1 ипол година. Алверде Чико Веледа Омега тнх
Според мене драга Веледа без конкуренција. Она првото која марка е??? Досега го немам видено кај нас...
И јас прв пат го гледам, а на нет неможам да го најдам за да видам некоја информација плус. Производов го видов во ДМ а ценовно е доста поефтин од Weledata. Па затоа мислев ти да не знеш..
Здраво мајки малава е 13ипол месеци... Ни донесоа бекутан млеко за сончање ф30 мн гадно на мириса на него пишува со м.масло, камилица, витамин Е.... Ќе одиме викендов на бањање па дали да го употребам нз
А зошто веледата е невозможно да ја размачкаш? Баш ради тоа што не се размачкува, земав мустела за сончање.
Не првпат го гледам, ама фала на информација баш ќе го побарам во ДМ за да видам за каков производ станува збор. Драга ако мириса лошо две се рабптите: или е со поминат рок или има некој проблем со производот (можеби бил отворан за да се почувствува мирис итн. Не треба воопшто лоѓо да мириса еде производ. Драга малку потешко се размачкува точно, меѓутоа не би рекла невозможно. Јас го имам дома за внуките и само со тоа ги мачкаме. Убаво теба да се размачка поради големата количина на физички филтри. Инаку најискрено ако треба да бирам за свое дете дали малку повеќе ќе размачкувам а ќе нанесам нешто природно или хемиски филтри кои лесно се размачкуваат, би го одбрала првото. Поздрав.
@Biodevojka ми ја препорачаа Биодерма Фотодерм 50+ , ја земав и многу добро се размачкува, но ме интересира што мислење имаш за неа?
Биодерма не е ни природна ни органска и на база на хемиски филтри е. Се оградувам од коментар. Ако ме прашуваш дали јас лично би ја купила за себе или за свои деца, одговорот е не. Ова е секако мое мислење, ти си имаш право на избор. Поздрав
Тоа го мислев и јас, само сакав потврда. Е сега ме интересира кои од органско потекло ќе ми ги препорачаш