Рок има до 2022...очекував на бекутан да мириса(мислам како марамиците, шампонче...) ама до составот ќе е
Не знам драга, според рокот ок е. Ама ако лошо мириса не го користи. Ако не се лажам кога ги гледав прозводите за сончање за деца ова го исфрлив поради конзервансот.
@Biodevojka a да речеме споредба Алвердето со Веледата? Во Алвердето како да видов дека содржи алкхол, ова е нешто што треба да загрижува или не? И дали некој има искуство да препорача ако одлучам Weleda дали да земам 30ка или 50ка фактор. 50ката е 50 мл и се прашувам дали ќе е доволно за 10 дена?Фалааааа
Земи секогаш СПФ 50. Знам дека е помало пакување ама сепак е посигурна заштита особено ако е прво појавување на сонце. За алверде не грижи се. Формулата е многу богата со масла така да алкохолот не се чувствува. Ставен е за да не биде многу масен кремот во овој случај. исто и Еко Козметикс е многу убав. Мислам дека Еко козметикс е дури за нијанса полесен за размачкување од веледа. Сепак изборот е твој. Сите три се валидни како производ види ти колку пари имаш на располагање, знам дека некои производи се поскапи и сите не можат да си ги дозволат. Поздрав
Здраво, среќни празници пред се Дилемава ми е што е подобро за бебе 30 или 50 спф. Да не е мн хемиски појак 50 Јас го барам само за лице кога излегуваме во количка на прошетки вопарк Се мислам за ова крема на Alverde
30ка. Јас за мене ја користам оваа на Алверде, за лице. Ок е. Иначе за бебе нема потреба од фактор. Секако не си во најжешкото надвор.
Не се пострашни кремите со повисок фактор, препорачливо е минимум 30 да се користи. Ако бебето не е многу младо (помладо од 6 месеци), можеш и препорачливо е да користиш крема со фактор, особено затоа што бебешката кожа е уште понежна и поподложна на оштетување од УВ зраците. Според мене, подобро е повисок фактор, но нема да згрешиш ако ставиш и фактор 30. Што и да одбереш, само не заборавај да ставаш во поголема количина (затоа што дали ќе го постигнеш наведениот фактор зависи и од тоа колкава количина ставаш), не малку како обична крема. Исто, ако ти е страв за иритација, подобро е да бараш физичка/минерална крема (на база на цинк оксид и титаниум диоксид) затоа што помалку предизвикуваат иритации. Тоа не значи дека другите креми (хемиски/органски или мешани) се полоши или небезбедни, може воопшто никаква реакција да нема (тоа зависи исклучиво од толеранцијата на кожата што не може никој да ја предвиди), само ти давам дополнителна идеја/информација.
Не, како што кажав, ако е помладо не е препорачливо ништо да се става (ни обична крема). Едит: Овде можеш да дознаеш кога и што да користиш.
@thelittle17 @Classy Flare Пребарав пак за возраста затоа што не бев сигурна дали тука сум ја прочитала таа информација или на друго место, па еве прочитајте што успеав да најдам и од други дерматолози (покрај видеото): 1 (погоре има пост и за обична нега на кожа на бебиња и деца) 2 (овде пишува под 6 месеци да се користи облека за заштита од сонце (капи, долги ракави и сл)) Сигурна сум дека имам читано уште постови за бебиња/деца, ама не можам да најдам од кој се, а следам многу луѓе . Мислам и дека грешам дека не може обична крема под 6 месеци затоа што секаде се споменува за сува кожа кај бебиња; веројатно се однесува само на СПФ крема. За посигурно, можете и да побарате некоја препорака од американската академија на дерматолози (не го знам европскиот еквивалент).
Здраво драга во аптека ги има. Исто така преубава е и Лавера бабу. Оваа остава најмалку бела трага. Веднаш се впива и предобра е
Уф драга ако не се лажам би требало да ги има во ДМ (имам видено нешто од Лавера таму) или евентуално да видиш во БиоШоп на Белина можно е да има останато.
Здраво. Да не знаете каде би можела да најдам на еуцерин крема за сончање за над 6 месеци. Баш тој го сакам зошто има атопична кожа и се друго на еуцерин користиме, а од биодерма имаше контра ефект.. Прашав во 2 зегин аптеки, виола и анни фарм. Сегде има детски за над 3 години.
Во логона ск. Имаат страна на фб и инста...испорачуваат по пошта.Јас редовно ги користев, но од оваа пратка воопшто не ми одг на кожата наводно сменале формула и состав.Не ти ги препорачувам.И не сум единствена што се жали.