Драга јас би ти препорачала на Лавера бабу спф50. Прекрасен е, природен со минерални филтри и дава одлична заштита. Ја смениле формулата? Баш штета...
Драга обично средствата за сончање од минатата година не се користат затоа што ја губат ефикасноста. Сепак си го отворала носела со себе, можеби било на топло итн. Сето тоа со текот на времето влијае врз ефикасноста на заштитните филтри.
Благодарам за препораката. Во аптека ми го препорачаа на FrezyDerm, 25фактор. Таков зедов. Ама некако скептик сум, уште не сум му ставила на бебево. Еве @Mila_Skopje го нашла Eucerinot во City Mall, кога ќе одам натаму може да го земам.
Frezyderm искрено е многу добра козметика за деца, грчка, јас сум мн задпволна. Имаат и линија за забчиња, шампончиња, за возрасни преубави СПФ креми, така да мислам нема да се каеш што си земала
Алверде за бебиња неможам да најдам во неколку ДМ бев, само за возрасни има. Видов на sundance имаше за бебиња, не знам дали се добри, дали има некој искуство? @Biodevojka можеби знаеш? во бело пакување беа тие за бебиња, таа sensitive колекција што им е,не тие во портокалова амбалажа.И за мустелата ме интересира дали е ок или и таа е со штетни додатоци ко Еуцеринот?
Од кремата за пеленска регија сум ептен задоволна, тој има мн осетлива кожа и само таа и судо крем му одговараат. Исто сега за запчињата од фрези дерм зедовме, претходно дентинокс користевме, да пробаме. Мислам ок дека е.
Веќе не се произведува. Новите препораки велат дека до 3 годишна возраст нема потреба од фактор. За првото дете го користев тоа бидејќи тогаш беше единствено за толку мали бебиња, а сега за второ дете купив на Weleda со природни блокатори.
Тоа знам ама мустелата, веледа и ла рош мислам пишува дека може и од 6м да се користат(колку е така и не се штетни незнам не сум стручна да кажам само читав кои за колку се )
И според мене немој да си скептик за Frezyderm е прекрасна козметика. И јас за малото за секојдневна употреба зедов 25ка фактор бидејќи содржи неоргански филтри т.е. не се впиваат во кожичката на бебето, а ги одбиваат зраците.
Dali ste koristele krema so faktor na logona t.e. ova https://logona.mk/product/eco-za-sonce-bebe-deca-spf45/ Mi go preporaca pedijatar za bebe pod 6meseci @Biodevojka ?
Марина ти го препорача? Јас не би ставила крема на бебе под 6 месеци. Првпат му ставив сега на година. Ми нема логика да ставам кога бебе не се носи директно на сонце.
Abe toa da ama jas mesec dva na more ke sedam so bebe kako da ne mu stavam. Inaku da Marina zatoa se proveruvam
Мислам дека е убава козметиката ама еве Биодевојка ќе каже поубаво. Колку и да седиш на море не треба да се изложува на сонце многу им е нежна кожата. Можеби еден тенок слој и до 9h најкасно.