Алверде крема за сончање, бебешка, сте виделе ли во некој ДМ во Ск? Има ли некој слика да ми прати како изгледа и колку пари е од прилика?
Ај и тука да прашам. Веледа 30 му мачкам, едвај се размачкува и како креч ми е во лицето. Има некоја финта? Крем за лице дали може да се стави прво за да се размачка полесно? Ми бега и го замарам, мачкањето трае и трае и трае...
Таква е, имав и на Еуцерин и таа не беше нешто различна Јас сега од Хип му зедов, па ако не да ја пробам и да кажам и 30ка и 50ка имам
Мустелата е ок, еко козметикс и лани семав спрејче чико 50 ка , не оставаше бело и баш практично дека спреј. Сега земав алверде ама 30ката остава бело Па пак ќе побарам чико спрејче
Мајки земав 50ка фактор на Ла Рош ( така се викаше валда) да не згрешив маркава не ми е позната, а не се баш евтини? искуство има некој? Инаку дали на одмор сте користеле како спрејче против комарци има едни од 0+ што се ама не ми текнува на името ги видов во еурофарм?
Здраво, ќе одиме на море за две недели, бебе ќе биде точно 5 месеци, кој фактор би го препорачале, да напоменам само дека станува збор за екстремно бело бебе. Спреј против комарци исто од кој сте задоволни?
Еуцерин 50ка тешко се размачкува? Сакав да земам ама ке ја одминам. Не можам 10 дена да се мачам. Лани веледата ме нервираше со тоа мачкање, барам нешто што се мачка лесно и не остава бела трага.
Не, 30ка, верувам дека 50ката е бетер Хип во спрејчиња зедов за ова лето, 30 и 50 супер се, не оставаат воопшто бело. Имам и Нивеа 50ка во спреј, одлично и тоа. Ретко кое бебе на 5м е темничко. За толку мало исклучиво 30ка фактор, на сонце само до 10ч и после 18ч, лесно облечено, под сенка, светло шеширче на главче. Јас имав Еуцерин и Веледа, ама не се размачкуваа. Можеш ете Хип да зедеш, иако јас на 7 и 10м го носев, јуни/септември и едвај го намачкав, немаше потреба креми со фактор на тоа сонце. За комарци на Чико од бебе го прскам, алка исто ставав на количката. Ефикасно ми се покажа.
Го исфрлам од опции. Се мислам меѓу хип и чико сега. Фала. Знаеш ОВС како се со цени? Ништо немам од таму а имаат убави работи.
Земи што е поевтино Овс +/- имаат цени како Окаиди, нешто може поевтино. Маички што зедов за летово беа од 400 до 700ден. Шорцевите од 5/600+ им беа. Модата до 36м е поинтересна, нагоре ми се средно жалосни, многу темни бои, топки, линии..
Фала. Јас тие што ги видов се штосни, весели бои, унисекс. Каде и да погледнам се е плаво со топки и супер херои. Може да влезам, има во сити мол продавница?