Советот на педијатарот за фактор беше 50ка, и ништо послабо. Мојата е 4++, рече мала е засега, но од следниот месец обавезно 50ка да мачкам. Од сабајле до кај 10-11 максимум, со шеширче и лесно облечено.
Uriage, La Roche Posay или Bioderma - по цена како ги наредив (порано користевме и Avene, ама ги снема). Сите исклучиво 50+ SPF, јас на дете не би користела испод 50ка (и за мене користам исто 50ка, оти не сум љубител на темен тен, а сакам да сум заштитена од сонце, и иако сум цело време под сенка). Иначе со текот на годините си наоѓав кои се поевтини опции (пошто ќерка ми ја мачкам со кремчињава од крај на април до крај на октомври што се вели) и слободно можам да кажам дека сите се топ, не би ги менувала, моментално Uriage ми е најевтина опција и тие ги купуваме. Овие шо ги напоменав пробани се на атопична кожа, без проблеми досега скраја да е.
Во дилема сум дали е во ред на бебенце од месец ипол да ставам заштитен фактор на лицето за кога шетаме? Има различни мислења па не знам
Mojata e 2 meseci sega pocnav da i stavam,mnogu e bela. Kupiv organska treba da e ok. Nas na vremeto so nekoi bekutan ne mackale pa eve ne zivi zdravi. Poveke mi e strav da ne mi izgori zaso jas tolkava pa i vo senka goram nego deka ke i bide neso od kremata
Ако нема директно сонце да ја пржи буквално подолго од 10тина мин, јас мислам да не ставаш, оти кај скриени сме дома цело време, па и надвор за малку шо треба да добие Д витамин и тоа да го блокираш. Јас би порадо ставила тетра пелена на количката како сенка и кога ја држиш в раце ништо 10-15 минути пошто мислам дека е корисно (нормално, капче ќе си ставиш да не биди ептен). Ако е за подолго време изложување на сонце, секако фактор.
Mene pa se mi se cini ako stavam tetra ke se pregree bebe vnatre ili ke se ugusi....pre ke investiram vo cadorce za kolickata
сигурна си?? јас имав мнооогу голем проблем што хируршки го решавав. Не си играј со таква работа. И заборави го тоа “нас на времето”. Нас на времето се погрешно ни правеле! имаше био девојка поназад дека ме е. Мислам @Minnie-e за истава прашуваше. Ја гледав и јас, има убава текстура.
Не би рекла дека ни правеле погрешно, тпа тогаш било најдоброто (барем што повеќето го правеле) не нр сакале напите помалце... исто ко ти сега што правиш тоа што е најдобро а твоето дете кога ќе чува дете веќе ќе има нови изуми и трендови. Многу е важно кожата да е заштитена од сонцето во денешно време со квалитетна крема со фактор и филтри а колку тие минерални филтри се ефиласни ќе видуме низ години допрва...
Нема да ги коментирам кремите, ама со оглед на цениве, ги сфаќам мајките што бираат поефтино, а може не толку "органско". Крема под 1000д нема, и да разбирам се за здравје на дете, ама не се тачни! Има семејства живеат со мизерни плати или една плата, каде со овие цени?!
Bidna veke super i e nema reakcija od ovaa na logona zemav. Sea me zaintrigira pa ke prasam sto ti se desilo i kako si posle se?
правеле што знаеле, не правеле лошо намерно. Не сакав тоа да кажам. Ама не значи дека било правилно. Мене ме мачкале чат пат, а најчесто после горење ме мачкале, кисело млекце и шибај. Повеќето што ги знам, се исто. Дерматологот вика, што правиме сега, ќе има последица после 30 години. Денес ние знаеме повеќе од нашите, а нашите деца ќе знаат повеќе од нас. Нема поента кога знам што е исправно да се водам по каузата “како нас не растеле”! Добра сум, со дупка од операција. Битно жива сум. Штитите децата и не штедете. Ув заштита за сонце е примарна за секој од нас. На сонце само ако се мора!
дали некоја има информација каде можам да ја купам лавера за деца ? на странава на белина ја нема им пишав нема шанси до крај на јули да ја донесат освен во белина има ли на друго место да се купи во Македонија ?